20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025
Дома Blog Страница 9483

Детето да го пуштите да излезе на терен со играч треба да платите над 500 евра

Малку се оние деца кои имаат можност заедно со фудбалерите од англиската Премиер лига, да истрчаат на теренот, пред почетокот од мечот. Екипата на Свонси додека се натпреваруваше во Премиер лигата, за тоа задоволство наплатуваше 478 фунти, односно околу 540 евра. Тоа значи дека доколку некое дете сакало да се појави на теренот и да помине околу две минути, за тоа задоволство ќе мора неговите родители да платат повеќе од 500 евра.

Свонси испадна од Премиер лигата, па сега тарифата е намалена. За децата кои ќе истрчаат на теренот со играчите на Свонси, се наплатува по 400 фунти. Од клубот велат дека за децата тоа едно големо искуство на кое се сеќаваат цел живот.

Освен тоа што децата ќе истрчаат на терен заедно со играчите, во Свонси доделуваат и дрес на „лебедите“, дрес за маскотата, сертификат од клубот Свонси потпишан од капитенот на екипата, фотографија од самиот настан, фотографија со капитените на двата тима и судиите, храна за четири лица, четири карти за мечот и изведување на пенал за време на полувремето.

Интересно е дека од актуелните екипи кои се дел од Премиер лигата, само три клуба наплатуваат на децата кои ќе истрчаат заедно со играчите пред почетокот на средбата, а тоа се Евертон, Вест хем и Лестер. Останатите екипи меѓу кои се и Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Сити, Челзи, Тотенхем, не наплатуваат на децата кои се понавуваат на теренот. Тие бираат дечиња кои се дел од младинските школи и на тој начин имаат можност да се запознаат со дел од своите херои.

 

Кејн го прецрта и Кардиф

Тотенхем убедливо славеше на гостувањето кај Кардиф со 3-0. „Петлите“ им се вратија на победите по шокантниот пораз од Вулверхемптон (1-3), а по вкупно 16-от триумф сезонава се вратија на второто место на табелата, со 48 бода. Мечот посебно ќе го памети Хари Кејн за неговото постигнување.

Англичанецот сега има затресено мрежа на сите противници со кои се соочил во Премиер лигата, а Кардиф е вкупно 28-от тим. Погодокот за предност на гостите го постигна во третата минута. Кејн воедно се изедначи со Обамејанг на листата на стрелци, денешниот гол му беше 14-ти оваа сезона во лигата.

Ериксен зголеми на 2-0 во 12-тата минута, а сите дилеми беа решени на половина од првото полувреме. Vо 26-тата минута Сон го постави конечниот резултат.

https://www.youtube.com/watch?v=-jSh9lzw4a4

Ѓоковиќ за 56 минути го надигра Џумхур

Новак Ѓоковиќ лесно го совлада Дамир Џумхур со 2-0 (6-1, 6-2) во сетови во првата рунда на АТП Мастерсот 250 во Доха, Катар. Светскиот рекет број 1 без поголеми проблеми се пласира во осминафиналето, откако за победа му беа потребни само 56 минути.

Преку два брејка Ѓоковиќ го освои првиот сет со 6-1, а на сличен начин продолжи и во вториот сет. При резултат од 5-1, Џумхур само ја пролонгираше победата на Новак, а српскиот тенисер ја искористи првата меч топка во осмиот гем.

Ѓоковиќ во следната рудна ќе игра против Унгарецот Мартон Фушович, кој претходно беше подобар од Мариус Копил во два сета (6-3, 6-2).

Харден рамо до рамо со Џордан и Брајант

Ѕвездата на Хјустон рокитс, Џејмс Харден, по триумфот над Мемфис гризлис (113:101) застана рамо до рамо со Мајкл Џордан и Коби Брајант.

Харден е само третиот играч по легендарните Џордан и Брајант кој во последниве 30 години успева да постигне вкупно 400 поени 10 10 одиграни натпревари. Ексѕвездата на Чикаго во својата кариера во два наврати постигнал 400 или повеќе поени по 10 меча, додека на поранешниот „езерција“ му успеало дури три пати.

„Брадата“ продолжува да ги полни кошевите на противниците, а ноќеска ги потопи Мемфис со трипл-дабл учинок од 43 поени, 13 асистенции и 10 скока. На последните 10 средби, Харден бележи неверојатен просек од 40.8 поени по натпревар.

Воедно, Харден веќе четврти меч во низа завршува со 40+ поени, односно осми натпревар во низа на кој постигнал најмалку 35 поени, по што стана единствениот кошаркар во историјата на НБА лигата кој успеал да забележи ваков учинок.

По оваа неверојатна низа, Харден несомнено е фаворит да ја освои наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната.

Вавринка пресилен за Хачанов

Стен Вавринка во Новата година тргна сигурно, па во два сета издвои победа над Карен Хачанов на АТП Мастерсот 250 во Доха. Во тесната пресметка пресуди само еден брејк, кој Швајцарецот го оствари при стартот на вториот сет, а претходно преку тајбрејк Вавринка поведе со 1-0.

Хачанов го загуби вториот гем во кој сервираше, но до самиот финиш се обидуваше да се врати во игра. Сепак, на 5-4 во корист на Вавринка, тој ја искористи втората меч топка, па си обезбеди осминафинален меч против Николас Јари на турнирот кој се одржува во Катар.

Последниот меч од денешната програма е пресметка меѓу првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, кој ќе игра против Дамир Џумхур, средба која треба да започне во секој момент.

„Топчиите“ со новогодишен подарок од четири гола за своите навивачи

Арсенал со убедливи 4-1 славеше против Фулам во мечот кој се одигра во рамките на 21. коло во Премиер лигата. „Топчиите“ олигледно брзо се опоравија од дебаклот кој го претрпеа против Ливерпул, а гневот го истурија врз градскиот ривал кој немаше сили да се надигрува.

Голот на Џака во 25-тата минута му донесе само второ водство по едно полувреме на Арсенал сезонава. Лаказет во 55-тата минута ја зголеми предноста за двојно, гостите се обидуваа колку толку да се вратат во игра, па постигнаа почесен погодок преку Камара во 69-тата минута.

Сепак, еден гол предност како да не беше доволен, а избраниците на Емери не оставија ништо на случајот. Ремзи се запиша во листата на стрелци само четири минути по неговото влегување во игра, а Обамејанг во 83-тата минута ги постави конечните 4-1.

Со вкупно 12-тата победа сезонава, Арсенал се доближи до четвртопласираниот Челзи на само два бода разлика, сега имаат 41 бода, додека Фулам по 13-ти пат загуби во шампионатот, па со само 14 бода останува на претпоследното место на табелата.

https://www.dailymotion.com/video/x6zu8du

Супер старт на 2019 за Алиоски, гол против двојниот европски првак Нотингем Форест (Видео)

Езџан Алиоски со гол на првиот ден од Новата година го прекина постот од околу 4 месеци без погодок, а ја затресе мрежата на двојниот европски првак Нотингме Форест.

Лидс прави чудо против клубот со големо реноме во европскиот фудбал и од негатива од еден гол, со прецизните удари на Кларк и на Алиоски поведе со 2:1 и тоа со играч помалку.

Алиоски за последен пат за Лидс погоди во септември на дуелот со Бирмингем.

Федерер избегна нокаут, па го декласира Тифо (Видео)

Роџер Федерер избегна нокаут на мрежа, по смечот на Франсис Тифо на меч на Хопман купот, а потоа го декласира ривалот со 6:4, 6:1.

При размена на удари на мрежа, Тифо го имаше завршниот удар, кој заврши директно во лицето на Швајцарецот. За среќа немаше сериозна повреда, па Федерер продолжи во победнички стил на престижниот настан во Перт.

https://twitter.com/doublefault28/status/1080099280009003009

Кобајаши реди победи на Новогодишната турнеја, го освои и Гармиш

Ријоју Кобајаши е многу блиску до титулата на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, откако денеска ја забележа втората победа, овојпат во Гармишпартенкирхен и повторно пред Германецот Маркус Ајзенбихлер.

Кобајаши леташе до 133 метри и до 136,5 метри со што го освои првото место, исто како и на првата скокалница од турнеата, во Оберсдорф.

Најдолгиот скок го имаше Германецот Ајзенбихлер со должина од 138 метри, и вториот скок му беше подолг од тој на Кобајаши, но Јапонецот доби повеќе бодови за подобра техника при изведување на скоковите.

Третото место го освои давид Кубацки од Полска со скокови од 133,5 и 133 метри.

По две скокалници Кобајаши е лидер пред Ајзенбихлер и Крафт. Следна на ред е скокалницата во Инсбрук на четврти јануари, а традиционално турнејата завршува во Бишофсхофен на шести јануари.

Премиерата во Премиерлигата во знакот на Варди

Џејми Варди е човекот на одлука за победа на Лестер против Евертон во премиерниот меч за 2019 година во Премиерлигата.

Репрезентативецот на Англија погоди во 58. минута по најубавата акција на мечот и одличната асистенција на Рикардо Переира.

До крајот на мечот и двете екипи имаа убави шанси за уште некој погодок, но не ги искористија па популарните „лисици“ ги освоија првите бодови во Новата година.

Лестер со 31 бод се искачи на седмата позиција, а Евертон остана на десеттото место со 27 бодови по 21 коло.