20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025
Дома Blog Страница 9482

По Алиоски, редно е и Тричковски да погоди во Новата година

Езџан Алиоски со гол против двојниот европски првак Нотингам форест најави добра година за него, иако Лидс загуби, а денеска уште еден наш репрезентативец ќе настапи во Новата година и ќе се обиде со гол да ја почне 2019.

Иван Тричковски и неговиот тим АЕК Ларнака денеска од 17 часот ќе го играат заостанатиот меч од кипарското првенство против Пафос.

За нашиот напаѓач ова е шанса првпат да постигне гол против Пафос, а ако успее, ќе биде вториот наш репрезентативец со погодок во Новата година.

Член на АЕК е и стоперот Даниел Мојсов, но неизвесно е дали ќе настапи денеска. Мојсов беше повреден во финишот на 2018 година, а е стандарден во првиот состав на тимот од Ларнака.

 

Најдоброто од Африка доаѓа од Премиер лигата

Мохамед Салах е прв фаворит за наградата најдобар фудбалер на Африка за 2018 година, а конкуренција му се уште двајца играчи што настапуваат во Премиер лигата.

Извонредниот напаѓач на Ливерпул веројатно ќе биде фудбалскиот крал на својот континент, а во конкуренција се и неговиот соиграч Садио Мане и Пјер-Емерик Обамејанг.

Африканската фудбалска конфедерација ќе го организира изборот, а свеченоста ќе се одржи на осми јануари во Дакар.

Интересно е што во конкуренција беа 34 фудбалери, но во потесен избор се случи реприза од лани, кога Салах, Мане и Обамејанг влегоа во најтесниот круг на кандидати, а признанието му припадна на Салах.

Слично сценарио се очекува и сега бидејќи Египќанецот е апсолутен фаворит за нова награда.

Ливерпул и да победи со 5-0, Манчестер сити ќе биде шампион

Големото дерби во Англија помеѓу Манчестер сити и Ливерпул може да реши многу прашања околу титулата. Ливерпул има седум бода предност, а Сити е актуелен шампион во Англија. Некогашниот англиски фудбалер Стен Колимор даде своја анализа во престижниот „Мирор“, во која е убеден дека „граѓаните“ ќе го одбранат тронот.

„Дури и ако се случи Ливерпул да победи со 5-0 на стадионот „Етихад“, мој фаворит за титулата е Манчестер сити. „Граѓаните“ се тим кој има капацитет и способност да спои 15 меча без пораз, додека Ливерпул и во минатото покажуваше дека знае да изгуби и предност од 10 бодови пред конкурентите“, е размислувањето на Колимор, кој во кариерата ги бранеше боите на тимот од „Енфилд Роуд“.

Ливерпул моментно е лидер во Премиер лигата со седум бода повеќе од Манчестер сити. „Црвените“ од Ливерпул речиси три децении чекаат да се израдуваат на титулата во првенството на Англија.

 

 

Роналдо откри зошто не играше за Португалија по СП 2018

Кристијано Роналдо со Португалија не успеа да направи некој позначаен резултат на Светското првенство во Русија. Актуелниот европски првак разочара, а по елиминацијата, капитенот Роналдо најави дека му претстои период на пауза од националниот тим. Сега самиот играч реши да објасни зошто се одлучил на такво нешто, но и ги израдува фановите на оваа земја.

„Во 2019 година повторно ќе бидам во националниот тим на Португалија. Имав договор да одморам до крајот на 2018 година. Тоа беше така бидејќи јас имам 33 години, сменив една држава со друга, ги сменив соиграчите, процесот на тренинг, па затоа и барав повеќе време за да можам да се адаптирам“, објасни Роналдо.

Капитенот на Португалија е вистински предводник на националниот тим. Во 154 настапи, досега има дадено 85 голови, што го прави апсолутен рекордер не само во дресот на Португалија, туку и за цела Европа.

 

Босанецот одигра меч за историјата на НБА: Нуркиќ со статистика која никој досега не ја остварил

Јусуф Нуркиќ го одигра најдобриот меч во кариерата, но тоа воедно беше и меч за НБА-историјата. Босанскиот центар во редовите на Портланд беше најдобар во побдата на гостувањето кај Сакраменто од 113:108, дури по продолжение. Интересно е тоа што Нуркиќ пред неколку дена го предводеше тимот до победа над НБА-шампионот, Голден стејт, кога имаше 27 поени и 12 скока, а неговиот коментар беше „Морам да одиграм подобро“.

Тоа што сам си го постави како цел, ноќеска го реализираше. Не само што одигра подобро, Нуркиќ одигра натпревар и оствари статистика каква што никому никогаш досега во НБА-лигата не му успеало. Мечот го заврши со 24 поени (5/10 шут од поле и 14/16 за слободни фрлања), а имаше и 23 скока, седум асистенции, пет блокади и пет украдени топки. Едноставно, беше незадржлив и стана првиот играч во историјата кој имал барем 5 остварувања во 5 различни категории.

Незадржлив беше и Никола Јокиќ. Србинот во дресот на Денвер имаше трипл-дабл со одлични бројки. Јокиќ на крајот заврши со 19 поени, 15 асистенции и 14 скока. Имаше и три блокади. Во НБА-лигата вакви бројки во четири различни категории последен пат имал легендарниот Лери Бирд, кому тоа му успеало во 1982 и 1987 година. Тоа значи дека цели 32 години се чекаше за некој да го повтори подвигот на Бирд.

 

Резултати: Торонто – Јута 122:116, Милвоки – Детроит 121:98, Денвер – Њујорк 115:108, ЛА клиперс – Филаделфија 113:119, Сакраменто – Портланд 108:113 по продолжение.

 

Сите навивачи може да учат од нив: Во трета англиска лига на гостување имаше 7.800 навивачи (Фото)

Некогашниот шесткратен англиски првак, Сандерленд, сега е хит во светски рамки. Тоа е така бидејќи Сандерленд се натпреварува во Лига 1, која е трета лига во Англија. И покрај тоа што е далеку од елитата, Сандерленд има верна армија навивачи, кои никогаш нема да се откажат од клубот.

Во 2017 година, Сандерленд испадна од Премиер лигата, а целта беше бро враќање во елитата. Сепак, поради честите повреди на клучните играчи, намалениот буџет на клубот, несреќни порази, Сандерленд не само што не се врати во Премиер лигата, туку испадна и од Шампионат лигата.

Сега тимот е во Лига 1 и има цел да дојде до едно натпреварување погоре. Сандерленд вчера гостуваше кај Блекпул и победи со 1-0. Со овие три бода, клубот се искачи на третото место на табелата со два помалку од вториот Лутон, а седум помалку од водечкиот Портсмут.

Тоа што беше неверојатно на вчерашниот дуел против Блекпул е фактот дека на стадионот имаше 10.994 гледачи, а од нив дури 7.804 беа гостински фанови. Навивачите на Сандерленд даваат неверојатна поддршка на клубот од истоимениот град. Тие вчера патуваа повеќе од 300 километри за да ги бодрат своите миленици, а фудбалерите за тоа им возвратија со победа и три бода.

https://twitter.com/SunderlandAFC/status/1080133033435508738

 

Бостон го освои Зимскиот класик против Чикаго

Бостон бруинс со триумф од 4-2 над Чикаго Блекхокс ја оствари втората победа во третото учество на Зимскиот класик. Традиционалнниот натпревар во НХЛ лигата кој се одржува секој прв ден од Новата година, се одигра пред повеќе од 76.000 гледачи на универзитетскиот стадион „Нотр Дам“.

Тимот на Чикаго во улога на домаќин, во два наврати не успеа да задржи предност. Перлини ја отвори средбата во деветтата минута, но Бостон набрзо изедначи преку Пастрнак искористувајќи играч повеќе. Неизвесноста траеше и во втората третина, Чикаго одново поведе, а Бергерон погоди за 2-2 пред финишот на периодот.

Гостите го најавија пресвртот во 11-тата минута, а Марчан на 30 секунди до крајот ги постави конечни 4-2, за 22-ра победа на Бостон.

Љоренте се повреди, му го препушта местото на Касемиро

Маркос Љоренте ги повреди препоните и нема да може да игра две до три недели. Ова е лошата новогодишна вест за Реал Мадрид кој во јануари има згуснат распоред на натпревари.

Љоренте би требало сигурно да пропушти три меча од првенството и два од купот. Првиот меч во 2019 година, Реал го игра в четврток  на гости против Вилјареал (заостанат меч, поради настапот на европскиот првак на Светско клупско првенство), а потоа повторно игра во недела дома со Реал Сосиедад. Потоа среде недела ќе има дуели со Леганес од Купот.

Ова значи дека на позицијата дефанзивец во средниот ред, на наредните пет, а можеби и повеќе средби, ќе игра Бразилецот Касемиро, кој после паузата се врати на теренот. Љоренте беше во одлична форма, и ќе конкурираше за стартно место против Вилјареал, но вака тој местото му го препушта на Касемиро, кој можеби ќе мора да игра и на двете куп-пресметки. Љоренте најбрзо би можел да заигра на 19 јануари против Севилја.

Кај Реал, покрај Љоренте, повредени се и Марко Асенсио и Маријано Дијас.

Нејмар во друштво на 26 жени прославил Нова година (Фото)

Кристијано Роналдо заедно со неговата девојка Георгина ја пречека Новата година во Дубаи. Покрај Роналдо, уште неколку познати фудбалери биле токму во Дубаи за „најлудата ноќ“. За разлика од нив, Лионел Меси замина во родната Аргентина и прослави во кругот на семејството.

Од сите фудбалски ѕвезди, очигледно дека најлудо на прославата за доаѓање на 2019 година си поминал Нејмар. Ѕвездата на Пари Сен Жермен беше во Бразил. Нејмар во друштво на Артур Мело од Барселона и сурферот Габриел Медина. Тие биле во Јахт клуб во Рио де Жанеиро, а друштво им правеле дури 26 девојки. Сите девојки облечени во бело се фотографитани со овие тројца.

Според фотографијата, Нејмар и друштвото поминале луда и незаборавна Нова година.

 

Милан сакаше да го купи, но додека „росонерите“ се одлучат, тој замина во Фиорентина

Милан никако да доведе играч кој ќе им биде по желба. „Росонерите“ веќе подолго време сакаа во своите редови да го купат Луис Муриел од Севилја. Чекаа да дојде зимскиот преоден рок, за да го доведат на „Сан Сиро“, но не успеаа. Фиорентина ги претрка.

Клубот од Фиренца потврди дека постигнале договор со колумбискиот напаѓач, па Муриел ќе игра во виолетовиот дрес и тоа како позајмен играч до крајот на сезоната. Доколку сака, Фиорентина на крајот од сезоната ќе може да го откупи договорот на играчот на Севилја за сума од 13 милиони евра.

Муриел не е посакуваната форма, па во последните 65 меча даде само 13 погодоци и тоа е главната причина поради која Севилја сака да го продаде. Пред да дојде во Севилја, тој има настапувано за Лече, Удинезе и Сампдорија, што значи дека многу добро го познава италијанскиот фудбал.

На Милан сега му останува да се обиде да го доведе Сеск Фабрегас од Челзи.