26.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025
Дома Blog Страница 9484

Арсенал и Тотенхем со победи ќе ја отворат годината

Натпреварите од англиските Премиерлига и Чемпионшип, се главните денешни фудбалски настани на кои може да се обложите во уплатните места на SPORT LIFE, како за почеток на 2019 година. Арсенал и Тотенхем атакуваат на места во Лигата на шампионите и немаат многу право на грешка во таа трка, а ќе биде интересно и во втората по квалитет лига на британскиот остров. Ви даваме и еден тениски предлог за денеска, со мини-анализи.

 

Арсенал – Фулам (16.00 часот)

Арсенал се бори за место во ЛШ, а Фулам за опстанок, па тука се знае кој е фаворит. Мотивација не недостасува кај екипите, но разликата во квалитет постои, па се наметнува „кец“. Дуелите на овие тимови се ефикасни, а Арсенал иако има повредени играчи, мора да се вади за дебаклот против Ливерпул и што порано ќе брка водство.

Предлог тип: 1 & 0-29 min.  (2.85)

 

Кардиф сити – Тотенхем (18.30 часот)

И ова е судир на два тима од различни делови на табелата, со тоа што тука гостите се фаворити. Велшаните се надеваат дека борбеноста ќе им донесе барем бод, но Тотенхем е блиску до водечките и на ваквите мечеви не смее да помисли на друго освен победа. Кардиф нема дадено гол против Тотенхем, но последните три меѓусебни мечеви завршија со 1:0.

Предлог тип: Т2 2+ & ГГ (2.70)

 

Ѓоковиќ – Џумхур (16.00 часот)

Првиот ден од новата година го носи и првиот официјален меч за првиот тенисер на АТП листата. Србинот и Босанецот денеска ќе играат двапати, по еднаш во сингл и дубл. Ѓоковиќ го освојуваше овој турнир во Доха во 2016 и 2017, а има победа во единствениот дуел со Џумхур досега. Мечот би требало да почне некаде околу 16.30 часот.

Предлог тип: 1 & > 18.50 (2.25)

 

Нотингем Форест – Лидс (16.00 часот)

Првенствените битки на овие два тима во минатата сезона завршија нерешено, а сега освојување на бод не би ги задоволило ниту едните, ниту другите. Нотингем веќе пет меча по ред не знае за победа, последната радост ја имаше на 1 декември, а Лидс сака да се врати на триумфалните патеки како до пред 29 декември. Алиоски и другарите имаат квалитет да слават против тимот кој 12 пати сезонава играше нерешено.

Предлог тип: 2 & 3+ (3.90)

 

Блекбурн – ВБА (16.00 часот)

Во последните 50 години, Вест Бромвич Албион само еднаш го освои целиот плен на „Ивуд парк“, но тимот од Бирмингем е кандидат за влез во Премиерлиата, и на гостувањата има серија од четири победи по ред. Двојката е реална ако се знае дека Блекбурн не победил од 1 декември, и има неколку повредени и суспендирани играчи.

Предлог тип: 2 (2.30)

Хамес Родригес не промашува на баскет, и тоа со десна рака (Видео)

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригес играјќи си со своите деца на кошот во двор, покажа дека не е мајстор само за фудбал, туку го бива и за кошарка. Ѕвездата на Баерн Минхен сезонава се мачи со повредите, одигра само 11 натпревари, постигна три гола, а во паузата на Бундеслигата се релаксира и со шутирање на кош, и тоа го прави повеќе од успешно.

На клипот кој Хамес го објави на Инстаграм, тој во кошот уфрли пет шутеви по ред, и тоа исфрлајќи ја топката со десна рака. Ова е чудно, бидејќи Родригес е левак и кога игра фудбал, најчесто ја користи левата нога.

Од кошаркарските способности на клупскиот колега, беше воодушевен и Матс Хумелс, па во коментар порача дека со прецизноста во кошарката ова не е случајно.

https://twitter.com/twitter/statuses/1078319194704396293

Тотенхем оваа година чека некој трофеј

Екипата на Тотенхем секоја сезона игра се подобро и е во конкуренција со најдобрите екипи во Премиер лигата, во трка за трофејот. Сепак, кога ќе дојдат решавачките мечеви, Тотенхем ја губи кондицијата и силата, па затоа цели 10 години, нема пристигнато значаен трофеј во нивните витрини. Голманот Уго Љорис е уверен дека е дојдено време да се стави крај на постот и во 2019 година очекува освојување на некој трофеј.

„Ние работиме за освојување на трофеи. Знаеме дека во Премиерлигата има многу кандидати, квалитетни екипи со многу ѕвезди и затоа е толку интересно, а ние мора да го дадеме најдоброто од нас за да постигнеме успех. Во претходните години покажавме дека имаме квалитет. Од година во година ја намалуваме разликата во однос на најдобрите и ако така продолжиме, сакаме да освоиме и трофеј“, рече Љорис.

Првиот предизвик за Тотенхем во 2019 година е вечерва на гостувањето кај Кардиф во Премиер лигата. Тотенхем моментно е најдобриот лондонски тим на табелата и е на третото место со 45 бодови, два помалку од Манчестер сити, а дури девет од лидерот Ливерпул.

Последен пат Тотенхем се радуваше на пехар во 2008 година и тоа беше во Лига купот на Англија.

 

Кејлор Навас си оди од Реал и го засилува Арсенал?

Искусниот костарикански голман, Кејлор Навас, најверојатно веќе нема да го чува голот на Реал Мадрид, туку кариерата ќе ја продолжи во лондонски Арсенал. После последниот тренинг на Реал во 2018 година, кој беше отворен за јавноста, Навас објави фогографија на која се поздравува со навивачите присутни на тренингот, и напиша: „Ви благодарам за сè“.

Ова се толкува како простување со навивачите кои не се согласуваат со тоа Навас да му биде вечна резерва на Тибо Куртоа. Навас беше неприкосновен на голот на Реал кога тимот освои три титули по ред во Лигата на шампионите, но откако клубот го купи Куртоа, и особено откако на клупата седна Сантијаго Солари, Навас остана на клупата за резерви и брани само во купот, што е потценување за него.

Навас пред две години беше на излезна врата, но проблемот со факсот на Реал Мадрид, и доцнењето од неколку минути, беше причина за некомплетирање на неговиот трансфер во Манчестер јунајтед (како трампа, во Реал требаше да дојде Давид Де Хеа).

Јувентус и Арсенал се најзаинтересирани за Навас. Според шпекулациите, Костариканецот е поблиску до „топчиите“ кои имаат четири голмани (Лено, Чех, Мартинес и нашиот Илиев). Голманската линија на Јуве ја сочинуваат Шчесни, Перин, Пинзољо и Дел Фаверо.

Подалеку не можеше – Димитров и Никол за дочек оддалечени 15.000 километри

Велат дека кога двајца се сакаат, времето и растојанието не би требало да биде проблем за опстојување на врската, а тоа треба да го докажат и тенисерот Григор Димитров и пејачката Никол Шерцингер. Најдобриот бугарски тенисер, за дочек на 2019 година беше во Бризбејн во Австралија, каде има настап на турнир, а неговата девојка Никол, чекаше на плоштадот „Рокфелер“ во Њујорк.

Ова значи дека тие 15 часа беа во различни години, бидејќи кога во Бризбејн кај Димитров кога дојде новата година, кај Никол во Њујорк уште беше 2018-та. Растојанието помеѓу Њујорк и Бризбејн е дури 15.491 километри.

Гришо и 13 години постарата Никол се во врска од почетокот на 2016 година. Пред тоа, Димитров беше во љубов со колегата Марија Шарапова, а Шерцингер одеше со Формула 1 шампионот, Луис Хамилтон, кој истотака е доста помлад од неа.

Роналдо во Дубаи, Меси дома во Аргентина (Фото)

Новата 2019 година ни пристигна, а познатите фудбалски ѕвезди секој на свој начин ја испрати старата 2018 и ја дочека новата година, во која ќе имаат многу нови предизвици. Кристијано Роналдо заедно со својата девојка Георгина и најстариот син, беа во Дубаи.

Лионел Меси ја искористи паузата во шпанското првенство и се врати во Аргентина, каде заедно со своето семејство, во летни услови ја дочека новата година.

Двајцата француски фудбалери од кои се очекува да доминираат во следните 10-тина години, Мбапе од ПСЖ и Дембеле од Барселона, прославија заедно.

Искусниот германски дефанзивец Матс Хумелс беше со своето семејство.

Според фотографијата, Сеск Фабрегас имал интересна прослава на Нова година.

Играчот на Реал Мадрид, Иско, беше маскиран и заедно со својата љубена ја дочека 2019 година.

Победа против Фулам е лек за раните на Арсенал

Англичаните со нвовогодишното коло го завршуваат циклусот од три премиерлигашки рунди во рок од една седмица, а повторно со нас е Ѓорѓи Христов.

Експертот за Премиерлигата има нови пет предлози, овојпат за дуелите од 21. коло, што ќе се играат денеска, утре и задутре.

 

Арсенал – Фулам (Вторник, 16 часот)

Арсенал има исклучително добар меѓусебен биланс против Фулам и е голем фаворит за победа. Фулам нема победа против топчиите околу 6 години и очекувам таа серија да продолжи.

Иако избраниците на Раниери победија во минатото коло, а Арсенал беше торпедиран од Ливерпул, сепак верувам во квалитетот на домашниот тим и очекувам нивна победа со најмалку 3 голови на лондонското дерби.

Предлог тип: 1&3+ (1.70)

 

Кардиф – Тотенхем (Вторник, 18.30 часот)

Кардиф го изненади Лестер со победа од 1:0 и тоа во ситуација кога „лисиците“ беа во опасен налет, но Тотенхем е сепак поинаква приказна. Иако неочекувано загубија од Вулверхемптон на домашен терен, не верувам дека ќе си дозволат уште еден пораз по ред.

Сепак квалитетите на еден Кејн, на Ериксен, Сон и останатите играчи на гостинот се на многу повисоко ниви и индивидуално и тимски од тие што ги има Кардиф во составот.

Тотенхем е ефиксен тим и очекувам победа на гостите со три и повеќе голови во Велс.

Предлог тип: 2&3+ (2.18)

 

Хадерсфилд – Брајтон (Среда, 20.45 часот)

Иако има уште доста да се игра во Премиерлигата, ова е еден од клучните мечеви за Хадерсфилд во битката за опстанок. Имаат само 10 бодови на последното место и играат со тим што е тука некаде со квалитетот.

Барнли изненади со триумф против Вест Хем, но е еден од најлошите тимови во Англија кога гостува. Освоија само пет бода на десетте гостувања досега и примарно ќе им биде да не загубат.

Хадерсфилд губи во серија, има шест порази едноподруго и не смее да си дозволи уште еден неуспех, особено не на ваков меч.

Предлог тип: Х (3.10)

 

Њукасл – Манчестер јунајтед (Среда, 21 часот)

Очекувам Манчестер јунајтед победнички да ја почне и Новата година. Како завршија во 2018 година, така да ја почнат и 2019 година.

На Њукасл му значи секој бод, бидејќи е во долниот дел на табелата, знаат да бидат незгоден домаќин, но „црвените ѓаволи“ ќе сакаат да го искористат моментот и комплетниот пресврт што се случува во клубот на подобро, откако си замина Жозе Мурињо.

Со Оле Гунар Солскјер Манчестер јунајтед повторно игра офазивен фудбал, дава доста голови, па ќе типува победа на гостите во меч со најмалку 3 погодоци.

Предлог тип: 2&3+ (2.25)

 

Манчестер сити – Ливерпул (Четврток, 21 часот)

Ова е дербито што со нетпрение се очекува во Англија. Ако Ливерпул победи ќе биде многу блиску да му ја земе круната на шампионот и тоа со триумф на нивни терен. Во таков случај разлика од 10 бода би била премногу, за Сити да се надева на подвиг и одбрана на титулата.

Очекувам спектакуларен меч на две исклучително квалитетни екипи. Мислам дека Ливерпул нема да победи, а најдобро е тука да се типува на голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.70)

 

 

 

 

 

Во јануари се тргнува жестоко, со многу дерби мечеви

Новата година само што започна, но мирување во фудбалот нема. Уште денеска во Англија ќе се тркала фудбалската топка по терените. Се играат три меча од Премиер лигата и комплетното коло во Чемпионшип. Евертон – Лестер е првиот меч кој ќе ги најави возбудувањата, не само во Англија, туку во цела Европа.

Според направениот календар, уште од сега се знае дека јануари ќе биде месец со многу возбудувања и дерби мечеви. Првото дерби ќе се игра во Манчестер каде Сити ќе го пречека Ливерпул, на 3 јануари. Во Премиер лигата во јануари ќе играат и Манчестер јунајтед – Тотенхем (13 јануари) и Арсенал – Челзи (19 јануари).

Во Италија, Јувентус ќе го пречека Милан на 16 јануари, а „росонерите“ ги очекува уште еден многу тежок меч и тоа на „Сан Сиро“ против Наполи. Реал ќе игра против Севилја на 20 јануари во Примера дивисион, а и во Холандија ќе има дерби и тоа меѓу Феенорд и Ајакс (27 јануари).

 

„Чудото од дете“ ја одбра Барселона

Пари Сен Жермен, Баерн Минхен и Манчестер сити се надеваа дека ќе успеат да го доведат во своите редови, но еден од најголемите таленти во Европа, се реши во иднина да го носи дресот на Барселона. Играчот за врска на Ајакс, Френки де Јонг ја одбрал Барселона, за негов следен клуб, пренесуваат шпански и германски медиуми.

Де Јонг верува дека во Барселона ќе ги има најдобрите услови за да напредува и затоа се решил да потпише петгодишен договор со каталонскиот гигант. Се очекува Ајакс од овој трансфер да заработи барем 60 милиони евра. Де Јонг го привлече вниманието со своите игри во групната фаза од Лигата на шампионите, помагајќи му на Ајакс да се пласира во нокаут фазата.

Интересно е тоа што 21-годишниот играч за врска не потекнува од познатата фудбалска школа на Ајакс. Тој започна во тимот на Вилем Втори, а потоа, како 18-годишњак дојде во редовите на гигантот од Амстердам, каде и го покажа целиот свој талент. Минатото лето тој дебитираше во дресот на холандската репрезентација и веќе има пет настапи за „лалињата“.

 

Насри се врати во Премиер лигата

Вест хем си доби новогодишно засилување. Англискиот премиерлигаш во своите редови го претстави Самир Насри. Искусниот француски играч потпиша договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на уште една сезона. Насри во новиот дрес ќе го носи бројот 18.

„Ми се допадна клупскиот проект и амбициите кои ги има Вест хем. Овој клуб игра на Олимпискиот стадион и секогаш го гледаат 60.000 навивачи. Зар може да има поголема мотивација од тоа? Мислам дека Вест хем има предиспозиции да биде еден од најдобрите клубови не само во Лондон, туку во цела Англија“, рече Насри на преставувањето на новиот клуб.

Самир е играч кој потекнува од Олимпик Марсеј, а во кариерата има настапувано за Арсенал, Манчестер сити, Севилја и Анталијаспор. Во Премиер лигата има големо искуство, бидејќи досега има одиграно 215 натпревари, а со Манчестер сити беше шампион во 2012 и 2014 година.