21.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025
Дома Blog Страница 9490

Салах почнал да глуми и тоа многу лошо, но судиите му веруваат (Видео)

Мохамед Салах ги стекна симпатиите кај љубителите на фудбалот благодарение на неговата одлична игра во дресот на Ливерпул. Голгетерот секогаш важел за играч кој не се служи со нечесни трикови за да стигне до предност на теренот. Сепак, на вчерашниот меч против Њукасл, Салах покажа дека почнал да глуми и тоа многу лошо.

Ливерпул беше голем фаворит на „Енфилд роуд“ против Њукасл и имаше водство од 1-0 кога Салах во еден напад влезе во шеснаесетникот и сакаше да одглуми пенал, но тоа делуваше очајно. Сепак, судијата поверува во неговата глума и досуди пенал за домаќините. Самиот Салах го изведе ударот од белата точка и погоди за 2-0.

https://twitter.com/twitter/statuses/1077960536975826944

До крајот на средбата, Ливерпул стигна до убедлив триумф од 4-0, но Салах разочара голем дел од неутралните љубители на фудбалот.

 

Дончиќ повторно ги даде клучните поени за победа

Лука Дончиќ и дефинитивно не изгледа како да е дебитант во НБА-лигата. Словенецот, кој уште е тинејџер, едноставно е незадржлив. Дончиќ беше вистински предводник на Далас во победата против Њу Орлеанс од 122:119. Мечот се решаваше во последните 30 секунди.

При резултат 119:119, Дончиќ беше фаулиран и ги погоди двете слободни фрлања. Потоа гостите не реализираа напад, па следуваше нов фаул над Словенецот. На 11,7 секунди до крајот, Лука го погоди првото, но го промаши второто слободно (прво промашено по 11 погодени), па гостите имаа шанса да стигнат до продолжение.

Сепак ,ударот на Дејвис за три поени беше непрецизен, а Дончиќ со дефанзивен скок го заврши мечот, па на крајот неговата статистика покажуваше 21 поен, 10 асистенции и девет скока. Де Андре Џордан додаде 20 поени за победничкиот тим, додека Ентони Дејвис беше најефикасен кај гостите, но не го погоди последниот удар за тројка, за израмнување.

https://youtu.be/yyWZGQW-9qc

Торонто губеше со 69:53 во третата четвртина на гостувањето кај Мајами, но на крајот успеа да победи со 106:104. Во неизвесна завршница, Грин погоди тројка на 22 секунди до крајот, а потоа домаќините имаа три шанси за израмнување или победа, но двапати не погоди Вејд и еднаш Винслоу.

Резултати: Детроит – Вашингтон 106:95, Орландо – Феникс 120:122 по продолжение, Атланта – Индијана 121:129, Бруклин – Шарлот 134:132 по продолжение, Мајами – Торонто 104:106, Чикаго – Минесота 94:119, Мемфис – Кливленд 95:87, Далас – Њу Орлеанс 122:119, Сан Антонио – Денвер 111:103, ЛА клиперс – Сакраменто 127:118.

Кочов: Борац погоди некои „луди“ шутеви

По поразот од Борац во Чачак, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, новопечениот татко Ѓорѓи Кочов, кој денеска доби син, изјави дека противникот погодил некои шутеви кои е многу тешко да се погодат, и тоа заедно со поддршката од 1.500 навивачи, и биле клучни за исходот.

„И ние да победевме, не би било незаслужено. Имавме контрола некои 20 минути, но во второто полувреме Борац погоди неколку неверојатни шутеви. Тешко е да се игра на ваков жежок терен. Салата на Борац е полна со историја, чест е да се игра тука“, рече Кочов.

„Сметам дека одигравме одлично во одбраната и благодарение на големата енергија, ја совладавме одличната екипа на МЗТ. Тие се тим кој доби доста мечеви на гости, затоа бевме претпазливи. Мечевите се редат како на лента, не ни е лесно. Би сакал да изразам благодарност до публиката која ни беше ветер во грб“, изјави тренерот на Борац, Јовица Арсиќ, поранешен македонски селектор и тренер на Струмица во шампионските денови пред 11 сезони.

Фановите на Интер, па и на Јуве, го слават Лаутаро (Видео)

Интер го победи Наполи со 1-0, со голот на Лаутаро Мартинес во 91-вата минута, со што миланските „нераѕури“ се зацврстија на третата позиција, со надеж дека може да го загрозат и второто место на „наполитанците“. Оваа победа добро ќе му дојде и на Јувентус, кој сега има 9 бода предност во однос на Наполи.

Интер можеше да поведе со 1-0 уште по неколку секунди игра, кога при почетниот удар Мауро Икарди се обиде да го изненади гостинскиот голман, но топката се одби од пречката. Потоа се играа 90 минути со шанси, но без да се постигне гол и кога „мирисаше“ на реми, Кеита нафрли од левата страна, а Мартинес постигна гол за еуфорија на трибините на „Џузепе Меаца“.

Интересно е што Интер немаше дадено гол против Наполи уште од април 2016 година, па разбиен е еден малер кој траеше 496 минути. Наполи средбата ја заврши со 9 играчи, откако во последните десет минути црвени картони добија Кулибали (негово трето исклучување во Серија А) и Инсиње.

https://twitter.com/i/status/1078045013039374336

Азар дочека лична одмазда против Ватфорд

Еден Азар со два гола, по еден од игра и пенал, беше творец на победата на Челзи на гостувањето кај Ватфорд од 2-1 и ги врати лондонските „сини“ на четвртата позиција на премиерлигашката табела. Белгиската суперѕвезда сезонава има 10 гола и 9 асистенции, со што е најкорисен играч во англиското првенство.

Победата над Ватфорд, за Азар има посебно значење. Тој стана десетти фудбалер во историјата на Челзи кој постигнал 100 голови во дресот на овој клуб. Плус тоа, на последните 38 меча кога Азар даваше гол, Челзи имаше само еден пораз, и тоа во февруари токму против Ватфорд. Овојпат Азар даде два гола за да се осигури дека нема повторно да загубат од истиот противник.

Челзи на последните 14 меча на „Боксинг деј“ нема пораз (9 победи и 5 нерешени). Последниот пораз на 26-ти декември го имаа во 2003 година против Чарлтон.

Голот за Ватфорд го постигна Роберто Переира, кој има три гола на три меча против Челзи, со што лондонскиот тим му е омилена жртва. Инаку, резултатот на полувремето беше 1-1, а двата погодока паднаа во судиското продолжение.

Витингтон потпиша за Естудијантес

Американскиот кошаркар со македонски пасош, Шејн Витингтон, и официјално ја напушта Андора и премина во редовите на мадридски Естудијантес. Витингтон, кој неодамна беше еден од најзаслужните за победата на Македонија над Косово на мечот во Гевгелија, го раскина договорот со клубот за кој потшиша летоска доаѓајќи од рускиот Зенит.

Витингтон, кој е висок 208 сантиметри и има 27 години, сезонава во шпанската лига има просек од 9,7 поени и 3,8 скока за 14 минути по натпревар. Најдобра игра прикажа против Реал Мадрид, кога тимот од Андора приреди големо изненадување и го совлада европскиот првак.

Естудијантес е претпоследен на табелата, па со Витингтон во составот се надеваат на опстанок во елитата. Тој веднаш почна да тренира со својот нов клуб.

МЗТ Скопје со пораз ја заврши неуспешната 2018 година

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром со пораз од Борац Чачак ја завршија календарската 2018 година. Српскиот тим славеше со 79:74. И покрај поразот, „штрковите“ остануваат на втората позиција на табелата во втората јадранска лига.

За МЗТ ова беше најнеефикасна игра сезонава. Тимот на тренерот Ѓорѓи Кочов, кој денеска за првпат стана татко, не успеа дополнително да го израдува шефот на стручниот штаб. Клучни беа првите минути од последната четвртина, кога Борац се одлепи на 11 поени разлика.

МЗТ играше без Младеновски и Маслинко, Соколов влезе само 27 секунди. Иванов со 25, Бојиќ со 22 и Стојановски со 14 поени беа најефикасни. За тимот ова беше трето гостување по ред во АБА 2.

Кај Борац, чиј тренер е Јовица Арсиќ (поранешен македонски селектор), кој имаше дури 40 обиди за тројка, најефикасни беа Радован и Илија Ѓоковиќ со 21, односно 17 поени.

Ова е последен меч за МЗТ во оваа 2018 година. Најголем успех на клубот годинава беше освојувањето на Купот на Македонија, но ги загуби титулата во првенството и статусот на редовен член на главната АБА-лига.

Пречката го спречи Икарди да го даде најбрзиот гол во историјата на фудбалот (Видео)

Капитенот на Интер, Мауро Икарди, можеше да се запише во историјата на фудбалот како стрелец на најбрзиот гол. На дербито против Наполи, кое се игра на „Џузепе Меаца“ во Милано, Икарди се реши на еден изненадувачки удар.

Само што даде знак судијата дека мечот може да започне, Икарди директно од центарот шутираше кон голот на Наполи. Голманот на гостите беше излезен неколку метри напред и воопшто не очекуваше таков шут. Ударот на Икарди одеше како проектил кон голот на гостите, но, за среќа на Наполи, ударот заврши во пречката, а не во мрежата.

Емил Павлов и Сара Ристовска се спортисти на годината

Каратистот Емил Павлов и ракометарката Сара Ристовска се прогласени за најдобри во машка, односно женска конкуренција при изборот за спортист на годината во Македонија. Овој избор, на еден или на друг начин, се одржува веќе 64 години, а во последните години организатор е Агенцијата за млади и спорт.

Церемонијата на прогласување на најдобрите се случи вечерва во Скопје. Според наградите, доминираа ракометари и каратисти.

Штипјанецот Павлов во 2018 година беше европски првак во карате, во категоријата до 60 килограми. Како што кажа при добивањето на признанието, следна цел му е настап и борба за медал и на Олимписките игри во Токио 2020 година, кога каратето треба да дебитира на олимписката програма.

Ристовска имаше настап со Вардар на фајнал форот во Лигата на шампионите, а потоа направи трансфер во словенечки Крим, со кого настапуваше и оваа сезона во европската елита. Таа не беше присутна на церемонијата.

НАЈДОБРИТЕ ЗА 2018 ГОДИНА:

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ: Емил Павлов (карате)
НАЈУСПЕШНА СПОРТИСТКА: Сара Ристовска (ракомет)
НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ ВО СТРАНСТВО: Кирил Лазаров (ракомет)

НАЈУСПЕШНА ФЕДЕРАЦИЈА: Карате федерација на Македонија
НАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР: Сашко Арсовски (карате)

НАЈУСПЕШЕН МАШКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Ракометна репрезентација
НАЈУСПЕШЕН ЖЕНСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Ракометна репрезентација

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ: Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)

НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ: Фахик Весели (карате)
НАЈДОБРА МЛАДА СПОРТИСТКА: Анамарија Георгиевска (таеквондо)

Руни даде 253 гола за Јунајтед, но беше претресуван на „Олд Трафорд“

Вејн Руни за Божиќ се врати во родната земја и ја искористи шансата да замине на „Олд Трафорд“ и попладнево да го гледа дуелот на Манчестер јунајтед и Хадерсфилд. Руни во дресот на Јунајтед одигра 559 меча и даде 253 гола, со што е најдобар стрелец во клупската историја.

Руни веројатно задоволен си замина од стадионот, со оглед на победата на неговиот некогашен клуб, но при влегувањето се соочи со мала непријатност и како и на сите други навивачи, и нему му беше извршен претрес од обезбедувањето на „Олд Трафорд“.

Славниот 33-годишен напаѓач во моментов е член на ДЦ јунајтед од МЛС-лигата во САД, но постојано е во контакт со пријателите од Манчестер јунајтед, а иако 13 сезони играше на „Олд Трафорд“, 18 месеци не бил таму, па беше претресен.