25.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025
Дома Blog Страница 9526

Ќе има Лига на Европа 2 – Поголема шанса за македонските клубови да настапуваат во Европа

УЕФА воведува трето меѓународно клупско натпреварување, кое засега ќе се вика Лига на Европа 2. Натпреварувањето ќе започне од 2021 година, а ќе учествуваат 32 екипи. Форматот на натпреварувањето ќе се користи од Лигата на Европа, додека средбите ќе се играат паралелно во четврток. Ова натпреварување ќе им овозможи на помалите клубови од Европа да учествуваат во меѓународно натпреварување, а тоа значи и поголема шанса за македонските клубови.

Значи, ќе има осум групи по четири екипи. Победниците од групите ќе патуваат во нокаут-фазата, додека вторите екипи ќе играат плејоф со третопласираните екипи од групите во ЛЕ. По овој плејоф, ќе се игра осминафинале. Освојувачот на трофејот од ова натпреварување директно ќе се квалификува во Лигата на Европа следната сезона.

„Новиот контитентален шампионат ќе овозможи учество на поголем број екипи во натпреварувањата на УЕФА. Ќе има повеќе клубови, повеќе натпревари, поголем број фудбалски федерации ќе бидат застапени во Европа. Ова натпреварување настана по дијалог на здружението на европски клубови“, истакна претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Тоа значи дека наместо досегашните 26, ќе има 34 претставници на земји во европските купови. Од УЕФА истакнаа дека ова натпреварување нема да влијае на Лигата на шампионите и принципот на кој работи најелитниот европски клупски собир.

Новина е само распоредот на финалните средби. Сите три ќе се играат во текот на една недела. Во среда ќе се игра финалето на Лига на Европа 2, во четврток Лига на Европа, додека финалето на Лигата на шампионите ќе се игра во сабота.

Во текот на наредната недела ќе биде донесена одлука околу официјалното име на натпреварувањето, како и брендирањето, системот на коефициенти и комерцијалната стратегија.

Посебните игри на Sport Life носат посебни добивки

Во SPORT LIFE обложувалниците можете да стигнете до голема добивка на повеќе начини. Еден типувач во „Кичево 2“  си ја проба среќата со типот кој го има само во нашите обложувалници, а тоа е двојната шанса на полувреме, со нерешен краен исход (12-X).

Типувачот успеа да погоди три средби токму со овој тип, а со вложени 100 денари, си доби 192.099 денари. Големо „браво“ заслужува погодениот исход од мечот Бордо – ПСЖ. „Светците“ во Лига 1 се неприкосновени, имаа 14 победи во низа, а токму вчера заврши нивната серија со ремито против „жирондинците“ од 2-2. Голот на Нејмар им донесе предност на гостите по првиот дел, а Бордо на крајот се избори за бод против шампионот на Франција.

На ист начин го погоди и дербито помеѓу Рома и Интер. „Нераѕурите“ по првите 45 минути водеа со голот на Кеита, додека средбата на „Олимпико“ заврши без победник (2-2).

ВО ВЕЛЕС ЗНААТ КАКО СЕ ДОБИВА 7.500 ЕВРА СО 50 ДЕНАРИ

Типувач од Велес од денес е побогат за 7.500 евра, поточно 461.172 денари. Со влог само од 50 денари, типувачот погоди 12 парови, кои повеќето се средби од пониските англиски лиги. Само Лестер и Ватфорд е средба од Премиер лигата, која заврши во корист на „лисиците“ со конечни 2-0.

ЧЕТИРИ ПАРОВИ СЕ ДОВОЛНИ ЗА ОГРОМНИ ДОБИВКИ, ВО ОХРИД И КОЧАНИ СЕ „СВЕДОЦИТЕ“

Слична сума како во Велес е исплатена и во Охрид. Меѓутоа, овој типувач си има свој систем на игра кој, очигледно, му прилега. Со 100 денари, исплатени се 445.797 денари, а на типувачот среќа му донесе играта ГГ и 3+ во прво полувреме. За овој тип коефициентите се движат од 7,20 па нагоре, во зависност од средбата.

Во „Кочани 4“ е исплатен добитен тикет со истиот систем као и на Охриѓанецот. Сепак, овој типувач вложи само 20 денари, а во џебот си стави 106.704 денари. Да падне барем по еден гол на двете страни и притоа да има и трет погодок уште по првите 45 минути е ризична игра, но, кој не ризикувал, останал со празни раце.

МНОГУМИНА СЕ МАЧАТ ДА „ФАТАТ“ ТРИ ПАРОВИ НА ЕДЕН ТИКЕТ, НО ОВОЈ МАЈСТОР ПОГОДИ 38!

Да, добро прочитавте – 38 погодени парови на еден тикет! Во „Мачук“ Струмица типувач уплати 20 денари играјќи го системот 2+, па успеа да ги погоди сите 38 наведени средби. За добивката од 90.783 денари заслужни се натпреварите во Англија, од Премиер лигата, ФА Купот, па речиси сè до најниско рангираниот шампионат на Островот.

Уапсен навивачот кој фрли лушпа од банана кон Обамејанг

Навивачот на Тотенхем кој на терен фрли лушпа од банана, наменета за црномурестиот играч на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, бил идентификуван на снимка од камера и бил уапсен од лондонската полиција, а настанот кој се случи откако Арсенал го постигна првиот гол за водство од 1-0, го осудија и од клубот. Тотенхем ќе му забрани влез на стадионот на нивниот фан.

Иан Рајт, кој е коментатор на ББЦ, рече дека иако играл многупати за Арсенал против Тотенхем и бил навредуван, никогаш не бил нападнат на расна основа. Тој побара од Тотенхем да го казни „идиотот“ кој ги срами и клубот и Премиер лигата воопшто.

Инаку, полицијата информираше дека биле уапсени шест лица за нарушување на јавниот ред и мир. Најмалку навивачи на Арсенал се приведени бидејќи запалиле канта за отпушоци.

 

Македонија има два тандема „кули-близначки“

Победата над Косово за македонската кошаркарска репрезентација беше триумф број 75 во историјата и се најдовме на чекор од враќање во европската „прва лига“, каде што се 32-те најдобри селекции на Стариот Континент.

Она што радува е тимската игра и духот кој го поседува оваа селекција, без разлика во каков состав игра и кој Американец настапува како натурализиран. Иако се различни типови играчи, со Ричард Хендрикс и со Шејн Витингтон тимот како предност ги користи нивните квалитети.

Бојан Трајковски е човекот кој добро соработува со двајцата, а ако за Хендрикс знаевме дека константно игра добро и корисно за тимот, сега и Витингтон, кој настапува за Андора (еден од ретките тимови кои сезонава го победиле Реал Мадрид), почна да игра добро во жолто-црвениот дрес, па и на социјалните мрежи испрати порака дека Македонија извојувала важна победа и дека ни треба само уште една.

„Мора да престанеме да мислиме дека една добра четвртина е доволна за победа. Не знам зошто во втората четвртина престанавме да играме добро и на пауза заминавме само со три поени разлика. Mораше целото прво полувреме да го играме како првата четвртина, а потоа слободно само да го контролираме резултатот. Најважно е што годинава ја завршуваме без пораз и се надевам дека во февруари ќе победиме и во Романија и ќе докажеме каде ни е местото. Знаеме дека Македонија не заслужува да биде во овие претквалификации“, рече Трајковски, кој додаде дека треба да се мисли и на иднината и дека потребни се млади сили за да не дојде до нов пад при смената на генерациите.

Следниот меч за Македонија е на 21-ви февруари, на гости кај Романија. Таму на нашите момци им треба победа или пораз до 13 поени разлика.

Репрезентацијата на Косово нема ниту една победа како гостин. Нивниот селектор Дамир Мулаомеровиќ рече дека сите знаеле дека Македонија е посилна, но горд е на некои од помладите играчи и што дале максимум.

Гениј: Меси со еден потег матираше седуммина играчи (Видео)

На секој меч на којшто игра, се очекува Лионел Меси да постигне гол или да направи потег за кој ќе се зборува. На синоќешниот меч на Барселона против Вилјареал, капитенот на Барселона само уште еднаш покажа колку фубалот може да биде едноставен.

Меси тргна во напад, околу него имаше повеќе играчи на Вилјареал, но тој со еден потег успеа да ги исфрли сите. Дури седуммина играчи на „жолтата подморница“ беа немоќни да го сопрат Меси, а потоа очекувана беше реализацијата на Карлес Алења.

 

Кога Стуани шутира пенал, тоа е гол

Напаѓачот на Жирона, Кристијан Стуани, е најдобриот изведувач на пенали во шпанското првенство во 21 век. Тој има даде 13 гола од 13 изведени пенали, нешто што не му успеало на ниту еден друг фудбалер во Ла Лига од 2000 година наваму.

Ова покажува дека кога ќе направите пенал над каталонскиот тим, навистина тоа е строга казна, бидејќи сигурно примате гол, и засега не се најде голман кој ќе биде јунак да му одбрани на Стуани шут од 11 метри.

Но, Стуани не е најдобриот пеналџија во историјата на шпанското првенство и сега наредна цел му е да стане најдобар на сите времиња, а не само во 21 век. Маноло Алфаро своевремено погодил 15 од 15, додека Ален Петернак има 14 голови од пенал од 14 обиди.

Диего Коста оди на операција, ќе се врати за осминафиналето во ЛШ

Атлетико Мадрид во наредниот период нема да смета на напаѓачот Диего Коста бидејќи ќе оди во Бразил на операција. На Бразилецот со шпански пасош веќе му е преку глава да игра со болки и реши да замине на хируршки зафат, а намерата му е да се врати на фудбалскиот терен за осминафиналето од Лигата на шампионите.

Коста синоќа играше 90 минути против Жирона, а тренерот Диего Симеоне го пофали изјавувајќи дека со оглед на околностите, ја оставил душата на теренот. Диего за малку ќе беше исклучен, заборави на проблемите, даде максимум и Симеоне не сакаше да го загуби, па одлуката да замине на операција е тешка.

„Јорганџиите“ ќе мора некако да се снајдат и да се надеваат дека за клучниот дел од сезоната навистина ќе го имаат Диего целосно подготвен и опасен за противничките голови.

Клоп „лудуваше“ по голот на Ориги, па се извини (видео)

Ливерпул вчера успеа да триумфира во градското дерби против Евертон со гол во последните моменти од средбата на „Енфлид“. Ориги беше „џокерот“ од клупата на германскиот стратег, кој ја искористи катастрофалната грешка на Пикфорд и во 95-тата минута погоди за ерупција на трибините.

Ниту Јирген Клоп не можеше да се воздржи, веднаш по голот истрча на теренот во прегратка на Алисон, знаејќи дека голот носи многу значајна победа во 232-тото дерби на „Мерсисајд“. Клоп потоа се извини за испадот.

„Морам да се извинам бидејќи не сакав никого да навредам, но едноставно не можев да застанам. Емоциите преовладоа, не ми беше во план да истрчам на теренот. Во следниот момент кога застанав, се најдов пред Алисон, дури и тој се изненади“, истакна Клоп.

Сензационален камбек на Анахејм за капитулација на шампионот

Анахејм дакс успеа да го совлада актуелниот шампион на НХЛ, тимот на Вашингтон капиталс, со конечни 6-5. Гостите не се откажаа и покрај тоа што беа во негатива од четири гола кон средината на вториот период. Фуриозниот старт на Вашингтон со три брзи гола на стартот најавуваше уште една лесна победа, но „патките“ имаа други планови. До 13-тата минута од втората третина, Капиталците водеа со 5-1, а потоа примија пет гола без одговор.

При резултат од 5-3 во последниот период, гостите само за седум минути три пати ја тресеа мрежата на Вашингтон и се изборија за сензационален триумф и продолжување на победничката серија на четири средби, а воедно ставија крај на седумте победи во низа на нивниот противник.

Резултати НХЛ:

Вашингтон капиталс  – Анахејм дакс 5-6

Њујорк ренџерс – Винипег џетс 3-3 (1-2 на пенали)

Чикаго блекхокс – Калгари флејмс 2-3

Детроит ред вингс – Колорадо аваланш  0-2

Монтреал канадиенс – Сан Хозе шаркс 1-3

Лос Анџелес кингс – Каролина хурикејнс 2-0

 

 

„Сонцињата“ згаснаа во Лос Анџелес

ЛА лејкерс ноќеска оствари победничка мини-серија од три меча совладувајќи го тимот на Феникс санс со 120:96. „Езерџиите“ не дозволија изненадување од најслабата екипа сезонава во НБА, откако на стартот од средбата се најдоа во негатива од 17 поени.

Домаќините одиграа фантастична втора четвртина во која реализираа 40 поени, најавувајќи го пресвртот во своја корист. Феникс во остатокот од мечот немаше шанси за сензација, особено откако им се повреди најдобриот поединец, Девон Букер.

Кузма и Леброн го предводеа Лејкерс со 23, односно 22 поени. Кралот во својот учинок додаде и осум асистенции и шест скока. Kaj поразените, Холмс со 15 поени се истакна како најефикасен кошаркар.

 

Далас маверикс и без Лука Дончиќ (повреда на колкот) успеа да слави тирумф над ЛА клиперс при конечни 114:110. За Далас расположен беше Харисон Барнс, кому му недостасуваше еден скок за да оствари дабл-дабл учинок, а заврши со 30 поени и девет скока.

Ентони Дејвис со 36 поени и 19 скока го предводеше тимот на Њу Орлеанс пеликанс во победата против Шарлот хорнетс од 119:109. Пеликанс со тоа ја запиша 12-тата победа сезонава.

 

Резултати НБА: 

ЛА лејкерс – Феникс санс 120:96

Шарлот хорнетс – Њу Орлеанс пеликанс 109:119

Мајами хит – Јута џез 102:100

Филаделфија севентисиксерс – Мемфис гризлис 103:95

Далас маверикс – ЛА клиперс 114:110

Сан Антонио спарс – Портланд трејлблејзерс 131:118