32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025
Дома Blog Страница 9537

Фенерското дерби без победник

Џенова и Сампдорија ги поделија бодовите при конечни 1-1, во 97-то градско дерби. Во мечот од рамките на 13. коло во Серија А, тимот на Горан Пандев веќе шести меч не успева да издвои позитивен резултат, а во слична негативна серија се наоѓа и Сампдорија, тие веќе петти меч се без триумф.

Фабио Квалјарела им донесе водство на „гостите“ во сини дресови по само осум минути игра. Сепак, радоста не траеше долго, бидејќи во 17-тата минута Џенова израмни, Пјонтек беше прецизен од белата точка.

Фудбалерите на Иван Јуриќ можеа да направат и комплетен пресврт, меѓутоа Аудеиро вечерва беше на ниво на задачата, и спречи неколку опасни шутеви на Џенова.

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, не доби шанса да заигра во дербито, иако предводникот на Џенова можеше да ја искористи третата замена за да го внесе.

https://www.dailymotion.com/video/x6xt3ql

https://www.dailymotion.com/video/x6xt44w

Емери: Озил не играше поради физичката надмоќ на Борнмут

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, ги посочи причините зошто Месут Озил не се најде во стартните 11 на денешната средба против Борнмут. „Топчиите“ со 2-1 триумфираа и без нивниот главен адут.

„Добро го анализираме противникот пред почетокот на средбата, па одлучивме дека ќе имаме поголеми шанси за победа доколку ја смениме стратегијата. Борнмут  е екипа која е физички добро подготвена, пред нивни навивачи играат со многу висок интензитет, па токму затоа Озил остана на клупа“, истакна Емери по мечот.

Се испостави дека Емери го направил вистинскиот избор. Арсенал играше со тројца дефанзивци при формација 3-4-3, и на крајот ја остварија посакуваната победа.

„Олд трафорд“ навистина е „театар од соништата“ (видео)

Манчестер јунајтед вчера повторно покажа бледо издание во Премиер лигата. На „Олд трафорд“ одиграа реми без голови против Кристал палас, во рамките од 13. коло во англискиот шампионат.

Колку лош беше самиот натпревар и настапот на „црвените ѓаволи“, најдобро опишува следниот видео запис. Еден навивач на Јунајтед буквално заспа на сред натпревар.

„Олд трафорд“ навистина е „театар од соништата“.

https://twitter.com/theawayfans/status/1066634279453696002

Анчелоти: Киево беше добар тест, така ќе биде и со Црвена звезда

Наполи ремизираше без голови на „Сан Паоло“ против Киево, меч во кој домаќините доминираа, но не го остварија посакуваниот резултат. Карло Анчелоти иако фрустриран, извлече поука од овој меч за нивниот следен предизвик, дуелот со Црвена звезда во Лигата на шампиони во рамките од 5. коло.

„Бевме бледи во нападот, креиравме шанси, но без конкретна закана. Не игравме со посакуваниот интензитет. Тоа му озвозможи на противникот да ја спроведе својата дефанзивна тактика. Сепак, ова беше добар тест за следниот наш предизвик. Очекувам Звезда да има сличен пристап на тој меч како денеска Киево, така што од овој меч можеме да извлечеме добра поука“, истакна Анчелоти.

Дуелот Наполи – Црвена зведа се закажан за среда, со почеток од 21 часот.

Жирона го шокираше Еспањол, Стуани прв до 10 гола во Ла Лига

Жирона со 3-1 го шокираше Еспањол во малото каталонско дерби, мечот во рамките од 13 коло во Ла Лига. Гостите веќе по шест минути игра имаа сигурни 2-0, Стуани беше двоен стрелец за својата екипа, а со овие два гола се искачи на врвот на листата на стрелци. Стуани е првиот фудбалер кој стигна до 10 погодоци во Ла Лига.

Иглесиас во 74-тата минута го намали водството за Жирона, а конечните 3-1 ги постави Думбија во 90-тата минута, само пет минути по неговото влегување во игра.

Еспањол со овој пораз испушти шанса да се искачи на четвртото место, остануваат со 21 освоени бодови, додека Жирона со петтиот овосезонски триумф се искачи на седмото место, и со 20 бода се израмни со Реал Мадрид.

Во 20:45, последниот меч за денес во шпанското првенство го играат Вилјареал и Реал Бетис.

Ривер – Бока да се игра што подалеку! Не во Буенос Аирес, не во Аргентина, не во Јужна Америка

Втор ден по ред, реванш мечот од финалето во Либертадорес Купот помеѓу Ривер плата и Бока јуниорс е откажан. Континенталниот шампион на Јужна Америка требаше да биде познат уште синоќа, но поради дивеењето на навивачите на Ривер плата, дуелот се одложи.

Фановите на Ривер го нападнаа автобусот во кои беа играчите на Бока, додека патуваа кон стадионот „Монументал“. Од искршените стакла на автобусот беа повредени неколку играчи, а најмногу настрада капитенот Пабло Перес кој има исекотина над окото. Откако беше јасно дека безбедноста не е на посакуваното ниво, синоќешниот дуел беше презакажан за вечерва.

Сепак, ни вечерва нема да има шоу на „Монументал“. Играчите на Бока не сакаа да играат без повредениот капитен, а таа нивна желба им се исполни. Официјално дуелот е одложен за 8 декември, но може да се случи реваншот воопшто да не се игра на „Монументал“.

Шпекулациите велат дека дуелот кој треба да го реши шампионот на Јужна Америка, може да се игра во Абу Даби. Тоа е местото каде во декември ќе се игра Светското клупско првенство. На тој начин, двете екипи ќе бидат многу посигурни, а победникот ќе биде аклиматизиран за наредните предизвици на Светското клупско првенство.

Ова засега е само како предлог, а допрва треба да се реши што ќе биде конечната одлука.

Менхенгладбах не го дава второто место во Бундеслига

Борусија Менхенгладбах го декласираше тимот на Хановер со 4-1. Домаќините го забележаа осмиот овосезонски триумф во Бундеслигата, и така го задржаа второто место на табелата.

Вуд во првата минута од средбата го шокираше Гладбах, но веќе шест минути подоцна Торган Азар израми на 1-1. Во 44-минута домашната екипа направи пресврт преку Ланг, а за конечни 4-1 во второто полувреме погодија Стиндл и Закариа.

Со седум порази по 12 средби, Хановер останува при дното на табелата, со девет освоени бода се наоѓаат на 16-тото место на талебата.

 

Кореа во последна минута го спаси Лацио од пораз

Милан и Лацио ремизираа при конечни 1-1 на „Олимпико“, во дербито од 13. коло во Серија А. „Лацијалите“ во последната минута од судиското надополнување избегнаа пораз, откако Хоакин Кореа израмни на 1-1.

Избраниците на Џенаро Гатузо стигнаа до предност преку Франк Кеси во 78-та минута, но не издржаа во финишот на средбата.

По овој меч, Лацио останува на четвртото место со 23 бода, Милан има еден бод помалку и е на петтото место во Серија А.

Во 20:30 часот се игра градското дерби во Џенова, помеѓу тимот на Горан Пандев и Сампдорија.

https://www.dailymotion.com/video/x6xt107

Нојер: Да го слушавме Ковач, ќе победевме со 5-0

Баерн Минхен вчера ја имаше победата во свои раце против Фортуна Дизелдорф. Два гола предност при резултат од 3-1, а потоа Доди Лукебакио стапи на сцена, и во судиското надополнување украде бод за својата екипа. Непосредно по мечот, се дигна бунт во соблекувалната, барајќи ја вината за ремито кај Нико Ковач, но има и такви кои го поддржуваат хрватскиот стратег. Еден од нив е Мануел Нојер.

„Головите ги примивме при наши грешки. Во противничката екипа имаше брз напаѓач, кој можеше да направи проблеми на нашите стопери, и тоа се случи. Не можам да кажам дека имавме проблеми само во одбраната, истото се случуваше и во нападот. Грешките се однесуваат на целата екипа, не на поединци. Да го слушавме тренерот и да се поправевме во сегменти кои Ковач ни ги сугерираше, ќе победевме со 5-0“, истакна Нојер.

Како што известуваат германските медиуми, Нико Ковач има уште една шанса да си ја сочува работата на клупата на Баерн, а тоа ќе биде мечот во вторник во рамките од Лигата на шампиони, кога „баварците“ ја пречекуваат Бенфика.

Хадерсфилд се буди, игра по австралиски ноти (Видео)

Хадерсфилд славеше на гостувањето кај Вулверхемптон со 2:0, со двата гола на Арон Муј. Австралиецот немаше дадено гол сезонава, а денеска двапати ја тресеше мрежата, од кои вториот пат со убав гол од слободен удар:

За „териерите“, ова е втора победа сезона, втора во последните три кола, а прва на гости. Ситуацијата на дното на табелата во Премиерлигата е таква што со овие три бода, Хадерсфилд прескокна дури шест екипи и последното место му го препушти на Фулам.

Инаку, поминаа 344 дена откако играч на Хадерсфилд постигнал два гола на еден меч. И тогаш двоен стрелец беше Муј, а жртва беше Вотфорд.