Дома Blog Страница 9632

Црвена ѕвезда ги продаде сите билети за Лигата на шампиони

Најголемиот успех на Црвена ѕвезда во последниве две и пол децении, пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите, предизвика невиден интерес кај навивачите. Српскиот првак е дел од 32-те најдобри екипи во Европа и во групата ќе игра против докажаните европски гиганти Ливерпул, Пари Сен Жермен и Наполи.

Атрактивните противници, но и фактот дека по 26 години клубот повторно е во една ваква фаза од најдоброто натпреварување, направи навивачите само за три часа да ги купат сите пакет-билети за трите меча кои ќе се играат на стадионот „Рајко Митиќ“.

Според распоредот на УЕФА, првиот меч Ѕвезда на свој терен ќе го игра на 18-ти септември против Наполи. Петкратниот европски првак Ливерпул во Белград ќе гостува на 6-ти ноември, додека францускиот првак Пари Сен Жермен на „Рајко Митиќ“ ќе игра на 11-ти декември.

УЕФА воведува трето клупско натпреварување

Европската фудбалска федерација (УЕФА) планира да воведе ново европско клупско натпреварување, кое би започнало од сезоната 2021/22. Оваа идеја ја лансираше претседателот на Асоцијацијата на европски клубови (ЕКА), Андреа Ањели, кој воедно е и прв човек на италијанскиот првак Јувентус. Ањели потврди дека идејата била подолго време, но сега УЕФА дала дозвола за реализација.

Засега не се откриваат повеќе детали околу тоа како ќе изгледа новиот турнир, но јасно е дека тоа ќе биде место каде што ќе им се даде шанса на послабите екипи да се претстават на европската сцена.

Со воведувањето на новиот турнир, бројот на екипи кои ќе учествуваат во европските натпреварувања ќе се зголеми на 96 од сите земји на Стариот Континент. Ова би било најголема промена која ја прави УЕФА на клупско ниво во последните десетина години. Последната голема промена се случи во 2008 година, кога УЕФА реши да го укине Интертото купот.

Многу е веројатно дека со воведување на третиот турнир, ќе се случи промена и во форматот на Лигата на Европа. Наместо сегашните 48 екипи, кои се дел од групната фаза, бројката ќе се редуцира на 32 клубови за да се зголеми квалитетот на натпреварувањето.

Промени во Лигата на шампионите не се предвидени и таму ќе останат 32 клубови во елитната групна фаза.

Финансиско освежување пред гостувањето во Косово

Најдобрите македонски кошаркари денеска ги добија премиите кои ги заработија во претходниот претквалификациски циклус, кога беа подобри од Швајцарија и Словачка, па ќе имаат мотив плус да се потрудат да ја минат и наредната фаза во која ривали им се Косово и Романија.

Македонската репрезентација, со натурализираниот Ричард Хендрикс во составот и со останатите 11 избраници на Јорданчо Давитков, в четврток вечер гостува кај должникот Косово. Иако националниот тим е доста изменет во однос на оној што минатото лето на Илинден гостуваше во Приштина, сега е поискусен и подобро покриен на клучните позиции.

Желбата да се совлада соседот е голема, но нема да биде лесно, а сите кои играа лани, кога потфрливме во првото полувреме, го знаат тоа. Сега атмосферата во селекцијата е подобра, играчите имаат искуство плус, и тоа треба да донесе поповолен резултат за зголемување на самодовербата пред неделниот меч во Скопје против незгодната Романија.

Доколку бидеме први во групата со Косово и Романија, влегуваме меѓу 32-те најдобри селекции во Европа, кои ќе играат квалификации за пласман на Евробаскетот 2021 година, на кој ќе се појават 24 тима.

Ветеранот Хазлем ќе ја игра шеснаесеттата сезона во Мајами хит

Мајами хит ја обнови соработката со Јудонис Хазлем, искусниот крилен центар ќе ја игра шеснаесеттата сезона како член на франшизата од Флорида. Капитенот на Мајами ќе помогне во претстојната сезона, додека за продолжување на договорот ќе се одлучува по крајот на регуларниот дел од сезоната 2019.

Триесет и осумгодишниот кошаркар пристигна во 2002 година како слободен играч со минимален договор, без да биде драфтуван, а упорноста на Хазлем го доведе до статус на легенда во тимот 16 години подоцна.

Покрај трите НБА-титули, Хазлем во својата кариера има поставено неколку клупски рекорди со кои слободно може да се смета за еден од најдобрите играчи кои некогаш играле за оваа франшиза. Од 844 натпревари стартувал на 498 меча, Хазлем се вбројува како втор активен кошаркар со најмногу одиграни сезони за една екипа во лигата. На клупско ниво, тој е на врвот на листата во офанзивни и дефанзивни скокови.

Со 50 денари „си ќари“ речиси 4.000 евра

оа му успеа на еден наш играч во обложувалниците во Гостивар. Тикетот кој е уплатен во „SPORT LIFE“ во саботата само со 50 денари, на крајот му донесе добивка  дури од 235.412 денари.
Според погодените коефициенти, исплатата на ливчето ќе беше под 200.000 денари, но благодарение на бонусите кои ги има во нашите обложувалници, гостиварецот од бонусот заработи 45.563 денари, па добивката е точно 235.412 денари.

ИАКО УШТЕ Е ЛЕТО, ХОКЕЈОТ Е ДОБИТЕН
Среќниот типувач успеал да погоди дури 10 пара на ливчето, на кое има шест меча од хокеј-лигите и четири фудбалски натпревари. Иако периодов најактрактивен беше фудбалот благодарение на Светското првенство и квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа, но и стартот на новите првенства, добитникот се фокусирал на зимски спорт, на хокејот. Тоа се покажало како многу добар потег.
Одиграл четири меча од Лигата на шампиони во хокеј и два од руското првенство, а успеал да ги погоди сите типови. На Малме (Шведска) – Јуност Минск (Белорусија) одиграл 1 и 5+, а мечот заврши 4:1. Истите типови (1 и 5+) се и на мечевите Маунтфилд (Чешка) – Руен (Франција) кој заврши 3:2, Магнитогорск (Русија) – Слован Братислава (Словачка) (5:1 конечен резултат), Автомобилист (Русија) – Динамо Рига (Летонија) (4:2) и Карпат (Финска) – Нирнберг (Германија) (9:3).
Дека ќе има над 5,5 голови типувал на дуелот Минхен (Германија) – ТПС (Финска). а конечниот резултат е 5:1.

ФУДБАЛСКА СРЕЌА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ГРКОТ МИТРОГЛУ
Добитникот успеал да ги предвиди голеадите кои беа на дуелите Барселона – Уеска и Феенорд – НАЦ Бреда. Барселона победи со 8-2 (3-2), а Феенорд славеше со 4-2 (1-1). Овие два меча ги одиграл дека во двете полувремиња ќе има барем по два погодоци.
Последни за чекање му биле дуелите Торино – СПАЛ и француското дерби Монако – Марсеј. На Торино чекал „единица“, која му се погоди благодарение на голот на Торино во 52-рата минута, за конечни 1-0.
Вистинска драма го чекало на францускиот дуел. Според типувањето морало да има еден гол во првото полувреме, а потоа во вториот дел да бидат дадени уште два погодоци. До 45-тата минута резултатот е 0-0, а во судиското надополнување, односно буквално во последните секунди од првиот дел, Марсеј со погодокот на Константинос Митроглу успеа да поведе со 1-0 и да го остави во „живот“ добитното ливче. Во второто полувреме уште во првите 10 минути Монако успеа да даде два гола за пресврт, но и за радост на нашиот играч од Гостивар, бидејќи тоа му ја донело добивката од речиси 4.000 евра.

Сакаш да бидеш милионер? Играј во SPORT LIFE

Само неколку дена откако ја промовиравме акцијата за зголемена исплата во SPORT LIFE обложувалниците на 1.000.000 денари за тикети до 20 натпревари, го добивме и првиот МИЛИОНЕР. Во Гостивар синоќа „падна“ милионско ливче. Со уплата од 7.300 денари и 10 погодени натпревари, еден наш играч имаше на што да се радува, ја освои најголемата добивка.
Играчот решил да ризикува и тоа му се исплатило. Вложил 7.300 денари и без никакви услови решил да го „брка“ милионот, а тоа се покажало успешно.

ОДЛИЧЕН ПОЗНАВАЧ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ ДУЕЛИ
Паузата во најквалитетните фудбалски првенства во Европа, всушност, се покажа како нарачана за познавачите на репрезентативниот фудбал. Експертот од Гостивар одиграл ливче на кое има повеќе парови на национални селекции.
Комбинирано, Лигата на нациите со африканскиот Куп на нациите и уште неколку двојки од помалите европски лиги, доволно за добивка од милион денари.
Добитникот одиграл дека Тунис ќе победи на гости кај Свазиленд и дека ќе даде најмалку два гола (победа од 2-0), Мали да слави на гостувањето кај Јужен Судан (3-0), Грузија да слави против Летонија (1-0).
Од клупските мечеви, КПВ лесно со 3-0 го победи Кајани во Финска, а Мјалби победи и ги даде потребните два гола за типот 1 и Т1 да биде добитен. Нумансија даде еден гол, и тој од пенал, но доволно да победи против Елче за тип „кец“. Во данската втора лига, АБ Копенхаген убедливо со 6-0 победи на домашен терен против Сковшовед за тип 1 и Т1, а без проблеми излезе „единица“ и на дуелот Сантандер – Аренас, откако домаќините победија со 4-0.
Последни на ливчето биле два пара од репрезентативно ниво. Оливие Жиру во 75-тата минута погоди за победа на Франција против Холандија (2-1), а  Нико Шулц од Хофенхајм ја комплетираше радоста со голот во 85-тата минута за победа на Германија против Перу од 2-1 и погоден тип 1.

 

Хрватска во чест на Ракитиќ ќе ја запира „фуријата“

Шпанците по триумфот на „Вембли“, осоколени и со добро расположение ја пречекуваат Хрватска во дербито на денот во Лигата на нациите. И Хрватите нема зошто да се жалат, со значително изменет состав во однос на СП, каде што беа финалисти, одиграа добро на пријателскиот меч против Португалија.

Дуелот од групата 4 во најсилното друштво во Лигата на нациите ќе се игра во Елче, со почеток во 20.45 часот. Шпанците во Лигата на нациите тргнаа со победа од 2-1 над Англија , а за светскиот вицепрвак ова е прв меч во новото натпреварување.

Хрватите покажаа дека психички се многу силни, а на шест меча по ред играа „гол-гол“ (и постигнуваа и примаа). Најголемата сила е средниот ред, предводен од Модриќ и Ракитиќ. Иван Ракитиќ ќе го одигра својот стоти натпревар во дресот на репрезентацијата.

Последниот меѓусебен дуел на Хрватите и Шпанците се одигра на 21-ви јуни 2016 година, на Европското првенство, кога „коцкестите“ победија со 2-1. Кај Хрватска ги нема Манџукиќ и Ловрен, нови лица се Ливаја, Матеј Митровиќ и Пјаца.
Шпанија остана без Иниеста и Пике, но има нов селектор, Луис Енрике, кој форсира формација 4-3-3, која е подиректна и не е толку „заглавена“ во многубројните додавања од времето на „тики-така“ играта, но сега и доминацијата во поседот на топката не е толку голема.

Во понудата на „Спортлајф“, квотите го фаворизираат домаќинот. Коефициентот за „кец“ е 1.70, за „икс“ е 3.55, додека за „двојка“ е 5.25.

Тухел одлучи: Ареола пред Буфон меѓу диреците

По пристигнувањето на легендарниот Џиџи Буфон на „Паркот на принцовите“, тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, имаше тешка задача околу одлуката за прв голман меѓу диреците. „Светците“ во своите редови имаат свој академец, Алфонс Ареола, кој во последниве две сезони се наметна пред Кевин Трап, кој веќе не е во тимот на ПСЖ, а полека се наметнува и во националниот состав на Франција, што прави еден проблем повеќе за Тухел околу изборот.

Сепак, германскиот стратег пресече откако истакна дека Ареола ќе има предност пред Буфон, Тухел дури лично му го соопштил тоа на францускиот голман.

„Одлуката не е дефинитивна, но јас му посочив на Алфонс дека според мое мислење, тој е во пол-позиција да настапи пред Буфон. Тој доаѓа од младинските категории на ПСЖ, oвој клуб за него е сѐ и тој прави сѐ во негова моќ да се докаже во клубот за кој навива и го сака. Мора да бидеме горди на играчи како него“, истакна Тухел за француските медиуми.

Тухел потоа ја објасни и улогата на Буфон во екипата: „Тој не е само играч кој седи на клупа. Буфон има огромно влијание во тимот. Бранеше одлично против Генгамп. Од друга страна, тој е на клупа бидејќи Ареола мора да добива одредена минутажа. Може слободно да се опушти на клупата и да гледа како други му ја вршат работата, но тој не е таков, Џиџи константо комуницира со играчите и се обидува да ми помогне. Тоа го прават само големи играчи како него“.

Буфон настапи на првите два лигашки натпревара за ПСЖ сезонава, како и во францускиот Суперкуп, додека Ареола подоцна доби шанса да брани во следните две кола.

Машкиот тенис 15 години е во рацете на Ноле, Рафа и Роже

Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се тројцата најдобри тенисери во последните 15 години, а нивната доминација се потврдува и со бројки. Тие тројца освоија 51 од последните 62 Гренд слем турнири, а тројцата заедно имаат минато 722 недели како број 1 на АТП-листата.

Пред 15 години, на Вимблдон во 2003, Федерер го освои својот прв Гренд слем и го означи почетокот на неговото искачување кон врвот. Во таа 2003 година, АТП-листата имаше четворица различни лидери, а потоа Федерер го презеде тронот.
Надал го симна Швајцарецот од врвот по цели 237 недели доминација. Во 2011 на „журката“ се приклучи и трет човек, Ѓоковиќ, кој го разби дуализмот на врвот. Федерер и Надал заедно освоија 26 Гренд- лема и беа 387 недели на првото место.

Освен триото Ѓоковиќ-Федерер-Надал, на првото место беше и Енди Мареј, и тоа 41 недела, но тој по бројот на титули не е на нивото на овие тројца. Ниту еден играч кој е роден по 1990 година не знае за Гренд слем титула. Од овие тројца што газат веќе долги години, најголеми жртви се одличните тенисери како Мареј, Дел Потро, Чилиќ, Вавринка, Раониќ, Тием…

Трампа во Ф1: Раиконен ќе вози за Заубер, младиот Леклер нов партнер на Фетел

Возачот на Ферари, Кими Раиконен, одлучи повторно да го напушти италијанскиот тим, а од следната сезона ќе вози за тимот кој му ги отвори вратите во Формула 1, Заубер. Триесет и осугодишниот Финец ќе ја извози четвртата сезона во Ферари по неговото враќање, откако во 2009 година го напушти и го смени болидот на Ф1 со оној за рели-трки.

Возачот кој ќе пристигне на негово место ќе има голема задача да ја пополни празнината која ќе ја остави искусниот возач, а доаѓа токму од тимот на Заубер. Дваесетгодишниот Французин Шарл Леклер ќе му би партнер на Себастијан Фетел од сезоната 2019.

Раиконен е последниот возач на Ферари кој ја освои светската шампионска титула, тоа беше во сезоната 2017.