9.8 C
Skopje
недела, 23 ноември 2025
Дома Blog Страница 9853

Спортска прогноза: Марко Силва ќе ги подмири нерасчистените сметки со Ватфорд

Средбата помеѓу  Евертон и Ватфорд (понеделник, 21 часот) во 16-тото коло во Премиер лигата дава посебно значење поради еден човек. Марко Силва, менаџерот на „карамелите“, неславно беше отпуштен од кормилото на Ватфорд на почетокот од 2018 година, иако пред стартот на сезоната 2017/18 потпиша двегодишен договор со екипата од „Викарејџ роуд“.

Не му беше потребно многу време да најде нов ангажман. Неговите стратешки квалитети ги препозна Евертон, па тимот од Ливерпул му даде нова шанса на Силва да се докажува во најатрактивното англиско првенство, а за три дена ќе има прилика да ги наплати сите нерасчистени сметки со Ватфорд.

Откако Ватфорд се врати во Премиер лигата во сезоната 2015/16, одигра шест меѓусебни средби против Евертон. Учинокот е подеднавко поделен, по две победи за двете екипи и две ремија, а дури и во гол-разликата се израмнети. На шесте меча и Евертон и Ватфорд бројат по девет погодоци.

Во поденелник, во 21 часот, овој дуел ќе го затвори 16-тото коло во Премиер лигата, а исто така ќе биде и последен дуел од новото коло на СПОРТСКА ПРОГНОЗАкој може да одреди дали конечно ќе имаме добитник на „самсунг галакси А6“

Понудата за ова коло е составена од 12 меча од петте земји со најквалитетен клупски фудбал во Европа. Сите играчи на Спортска прогноза ќе имаат можност да прогнозираат до почетокот на средбата Барнли – Брајтон, кој се игра во сабота, од 16 часот. Во понеделник ќе се знае дали ќе има прогнозер(и) со погодени 12 парови и ќе станат први добитници на главната награда телефон „самсунг А6“.

Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

Шокантни снимки – ѕвездите на Арсенал се дрогираат на забава (Видео)

Британскиот весник „Сан“ на својот портал објави шокантни снимки на кои се гледа како некои од најдобрите фудбалери на Арсенал од балон вдишуваат „хипи крак“, кој го нарекуваат „гас за смеење“, но освен што предизвикуваа смеење, тој гас може да има и многу негативни последици по здравјето.

На снимката се гледа како Матео Гендузи губи свест откако вдишува од гасот, Месут Озил ги превртува очите и се наоѓа пред колапс, Александре Лаказет делува загубено, а од гасот земаа и Пјер-Емерик Обамејанг и Сеад Колашинац. Лекарите предупредуваат дека гасот предизвикува еуфорија, халуцинации, проблем со координацијата и слично. Доколку се земе премногу гас, може да предизвика срцев удар, дури и смрт, како резултат на недостаток на кислород во телото.

Оваа забава на фудбалерите на Арсенал се случила во август, во ноќен клуб во западниот дел на Лондон, пред стартот на сезоната. На масите има и шампањ, виски и вотка, а друштво на фудбалерите им прават и околу 70 девојки. На забавата биле и Шкодран Мустафи и Хенрих Мхитарјан, но тие не вдишувале од балоните. На присутните им се забранило користење на телефони, но целата журка е снимена на безбедносни камери.

Не е првпат познати фудбалери да бидат фатени како земаат од овој гас. Рахим Стерлинг во 2015 и Кајл Вокер во 2013 година, исто така, беа сликани. Од Арсенал уште нема официјална реакција по обелоденувањето на снимките.

Погледнете го однесувањето на фудбалерите на Арсенал:

https://www.youtube.com/watch?v=2tWItat_3N0

 

https://www.youtube.com/watch?v=U0r-2vaOnEM

 

Падна договор – ПСЖ за 75 милиони евра го купува холандскиот „бисер“

ПСЖ на половина од тековната сезона го договори првото засилување за следното лето. Во редовите на „светците“ доаѓа младиот Френки де Јонг од Ајакс, за кого ќе бидат исплатени неверојатни 75 милиони евра.

Холандскиот таблоид „Телеграф“ истакна информации дека претставници на ПСЖ вчера биле во Амстердам да преговараат околу евентуалниот ангажман на талентираниот играч за врска и дека е постигнат устен договор за преселба на Де Јонг во Париз налето.

Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс, ги потврди преговорите, но, притоа истакна дека и уште два гиганти чекаат своја шанса да излезат со понуда за идната ѕвезда на холандскиот фудбал. Познато е дека Барселона и Манчестер сити беа екипите кои најмногу го посакуваа Де Јонг, но францускиот првак буквално им го украде пред нос.

Ова е знак дека Адријан Рабио сигурно ќе го напушти ПСЖ по крајот на оваа сезона, па како слободен играч ќе бара нова средина.

Со овој ангажман вреден 75 милиони евра, Френки де Јонг ќе стане вториот најскап Холанѓанец во историјата. Пред него е Вирџил ван Дајк, кој за 85 милиони евра минатата сезона се пресели во Ливерпул од редовите на Саутхемптон. За Ајакс, ова ќе значи и најголема продажба на еден играч во клупската историја. Тој рекорд досега го држеше Давинсон Санчес, кој во 2017 година потпиша за Тотенхем во трансфер вреден 40 милиони евра.

Ослободен човекот поради кој Суперкласико не се игра во Буенос Аирес

Единствениот навивач на Ривер плате кој беше уапсен поради кршење на автобусот со фудбалерите на Бока јуниорс, беше пуштен на слобода, а на судењето на 13-ти декември веројатно ќе добие условна затворска казна од две години и четири месеци и ќе треба да одработи 180 часа општокорисна работа.

Се чини дека најголема казна ќе му биде што за време на условната казна нема да смее да влезе на стадионот „Монументал“, но може да оди на сите други стадиони во Аргентина.

Матијас Фирпо, кој има 31 година, беше приведен 10 дена по инцидентот, а пуштен е 48 часа подоцна. Тој не смее да ја напушти Аргентина и финалето од Копа Либертадорес ќе го гледа на телевизија.

„Тоа беше момент, импулсивна реакција, не можев да се контролирам. Бев и под дејство на алкохол. Вистински се каам за тоа што го сторив. Јас сум семеен човек, Знам дека згрешив, ме боли“, изјави Фирпо, кој беше снимен од безбедносните камери како фрла кон автобусот на Бока, а не му помогна ниту тоа што го смени имиџот (ја истрижа косата и ја избричи брадата) за да не можат да го препознаат.

Веројатно му помогна што досега немаше криминално досие и првпат учествува во насилен инцидент.

Алегри: Поважен ни е мечот со Јанг бојс отколку со Интер

Јувентус и Интер вечерва го играат „Дербито на Италија“, тој дуел секогаш е нешто повеќе од обичен првенствен меч, но за тренерот на првакот, Масимилијано Алегри, неговиот тим за пет дена ќе игра еден дуел кој е поважен од овој вечерашниот.

„За мене, многу поважен е мечот во среда против Јанг бојс. Таму мора да го осигуриме првото место во групата од ЛШ. Многу е важно да се биде прв и да не избегнат најсилните тимови во осминафиналето“, изјави Алегри.

Навивачите на Интер веројатно ова ќе го сфатат како провокација и долевање масло пред вечерашната пресметка на „Алијанц“ во Торино помеѓу два тима кои се на 11 бода разлика на табелата. Потоа Алегри се осврна и на она што му претстои вечер.

„Јувентус и Интер, заедно со Милан, се клубовите кои ја пишуваа историјата на италијанскиот фудбал. Интер и Наполи се нашите конкуренти во Лигата, имаат добри играчи на сите позиции, ќе се обидеме да им ги искористиме слабостите. Спалети прави добра работа во Интер, но ние мора да бидеме мирни и да продолжиме со исто темпо. Титулата не се освојува сега, има уште многу за играње“, рече Алегри, кој нема да смета на Барцаљи, а веројатно ниту на Бентанкур.

Погба и Лукаку на удар: Глупавите трикови не го спасуваат, која е улогата на Лукаку?

Манчестер јунајтед константно е критикуван од страна на поранешните фудбалери на дваесеткратниот англиски првак. Тимот на Жозе Мурињо веќе трета сезона игра далеку под очекувањата, а на удар секогаш се ѕвездите како Пол Погба и Ромелу Лукаку.

Последен од редицата на ктирикувачи е Пол Инс, кој ги бранеше боите на екипата од „Олд Трафорд“ од 1989 до 1995 година.

„Погба беше доведен како играч од светска класа, а сега изгледа просечно. Ако смета дека е доволно да излезе на терен и да направи неколку глупави и безвредни трикови, тогаш тој е идиот. А што прави Лукаку? Која е неговата улога во тимот? Напаѓачот е тој што треба да постигнува голови, а тој не си ја врши работата. Ако не дадеш гол, тогаш си заслужил да бидеш заменет, а самодовербата на Лукаку е на многу ниско ниво за да биде прв избор во нападот“, истакна Инс.

Ексфудбалерот на „црвените ѓаволи“ потоа направи споредба со ѕвездите на Јунајтед и Андер Ерера.

„Погледнете го Ерера. Тој не е најдобар играч на светот, но максимално се труди кога и да добие шанса. Се гледа дека разбира што значи да се носи црвениот дрес, се бори до самиот крај, сака да победи по секоја цена. Тоа е разликата помеѓу Ерера и Погба, односно Лукаку“, додаде Инс.

Францускиот играч за врска во дербито против Арсенал (2-2) ги одира последните петнаесетина минути и не внесе свежина во играта на Јунајтед. Немаше посебен придонес, а ниту Лукаку не се прослави. Белгиецот влезе во игра 12 минути порано, но и тој не ја заврши задачата за која беше внесен во игра.

Манчестер јунајтед утре (16 часот) пред своите навивачи го пречекува Фулам. Составот на Клаудио Раниери е последнопласираната екипа во Премиер лигата, додека Јунајтед се наоѓа на осмата позиција на табелата, со 23 бода по 15 натпревари.

Не помогна ниту жив ѕид од 10 луѓе (Видео)

Бразилската фудбалска легенда Маркос Асунсао, кој сега има 42 години и веќе две години е пензиониран, на еден ревијален хуманитарен натпревар покажа дека сè уште има силен шут и даде гол од огромна далечина.

Асунсао, кој од 1993 до 2016 година играше за многу клубови, во Европа го паметат како член на Рома од 1999 до 2002 и на Бетис од 2002 до 2007. Две години играше и за бразилската репрезентација.

Хуманитарниот меч се одигра под името „Божиќ без глад“, беше наменет за сиромашните луѓе во Бразил, а публиката можеше да ужива во мајсториите на популарниот Габи-гол и на пензионерот Асунсао. При шутот од слободен удар на Асунсао, во живиот ѕид застанаа сите 10 играчи од противничкиот тим, но и тоа не беше доволно, додека голманот не ни мрдна.

Ова е голот на Асунсао:

https://www.youtube.com/watch?v=QSfvX9EAEwI

 

 

Шампионот се разбуди против Аризона, Нешвил поразен во Ванкувер

Вашингтон капиталс со 4-2 го совлада тимот на Аризона којотс за враќање на победничките патеки. На актуелниот НХЛ-шампион му се закануваше трет пораз во низа, откако домаќините за помалку од пет минути игра на стартот поведоа со 1-0. Аризона можеше и до посигурно водство непосредно по почетокот на вториот период, но утнатиот пенал на Паник значеше шанса за Вашингтон да се врати во игра.

По 2-2, во одлучувачката се започна од нула, а Капиталс на искуство го доби мечот, Овечкин во последните секунди погоди празен гол, и тоа преку цел терен, и ги реши сите дилеми.

Лидерите на Западната конференција, Нешвил предаторс, со пораз од 5-3 се вратија од гостувањето кај Ванкувер канукс. Домаќините по два периоди имаа убедливи 4-1, петтиот гол го постигнаа уште на стартот на третата третина, па за „предаторите“ беше доцна да се вратат во игра, иако реализираа два гола до крајот на мечот.

Тампа беј лајтнинг го забележа петтиот последователн триумф совладувајќи ги Бостон бруинс со 3-2. Средбата се одлучуваше во последниот период, во кој „грмотевиците“ два пати ја тресеа мрежата на гостите само за четири минути.

Резултати НХЛ:

Флорида пантерс – Колорадо аваланш 2-5

Филаделфија флаерс – Колумбус блу џекетс 3-4 (по продолжение)

Питсбург пингвинс – Њујорк ајлендерс 6-2

Торонто мејпл лифс – Детроит ред вингс 4-5 (по продолжение)

Отава сенаторс – Монтреал канадиенс 2-5

Тампа беј лајтнинг – Бостон бруинс 3-2

Аризона којотс – Вашингтон капиталс 2-4

Калгари флејмс – Минесота вајлд 2-0

Ванкувер канукс – Нешвил предаторс 5-3

Вегас голден најтс  – Чикаго блекхокс 4-3

ЛА кингс – Њу Џерси девилс 3-6

Голот со ножички во Португалија го воодушеви светот (Видео)

Фудбалерот на тимот на Рио Аве за играчи до 23 години, Тијаго Андре, синоќа против Белененсеш на спектакуларен начин ја затресе мрежата на противникот и постигна гол каков што ретко се гледа.

Голот падна во третата минута, за водство на домашните од 1-0, но во второто полувреме Белененсеш изедначи, па средбата заврши 1-1. Стануваше збор за меч од португалската Ревеласао лига за фудбалери до 23 години.

Дали вреди да биде кандидат за гол на годината, проценете сами:

https://www.youtube.com/watch?v=bVzD3vEOT3M

Бостон ги потопи Никси, „ракетите“ приземјени во Јута

Бостон селтикс убедливо го совлада тимот на Њујорк никс при конечни 128:100. „Келтите“ се реваншираа за поразот кој го претрпеа во ноември пред своја публика од екипата на Њујорк.

Гостите беа во игра до првото полувреме, но гранитната одбрана на кошаркарите на Бред Стивенс во последниот период им обезбеди четврта последователна победа. Бостон забележа овосезонски рекорд во Лигата со вкупно 32 асистенции.

Кајри Ирвин ги предводеше селтикси со 22 поени, осум скока и четири асистенции, а имаше помош и од Џејлен Браун, кој по три пропуштени средби поради повреда се врати на терените, па со 21 поен придонесе за победата. Ал Хорфорд запиша дабл-дабл учинок од 19 поени и 12 скока. Кај поразените, Тим Хардавеј џуниор беше најефикасен со 22 поени.

 

Јута џез го надигра тимот на Хјустон рокитс со конечни 118:91, нанесувајќи им го 13-тиот овосезонски пораз. Џезерите уште по првите 12 минути ја презедоа контролата на мечот, а потполно ги надиграа „ракетите“ во третиот период, во кој Хјустон постигна само 11 поени, притоа дозволија 38 поени во својот кош.

Дерик Фејворс одигра импресивно, реализирајќи 24 поени и 10 скока. Џејмс Харден беше непрепознатлив, застана само на 15 поени.

Портланд трејлблејзерс ги декласираше Феникс санс со 108:86. „Сонцињата“ катастрофално го започнаа мечот, реализирајќи само девет поени во почетниот период, па јасно беше дека ќе го запишат 21-виот пораз по 25 меча.