16.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9873

Голманот на Шефилд им подари три бода на Лидс (видео)

Лидс јунајтед со минимални 1-0 славеше во 81-то „Јоркшир“ дерби против Шефилд јунајтед. Избраниците на Марсело Бјелса така ја забележаа 11-та победа во второто по квалитет англиско првенство, и се вратија на врвот на табелата.

За победничкиот погодок се чекаше до 82-та минута, кога голманот на домаќините направи катастрофална грешка во својот шестнаесетник, практично им го подари голот на Лидс. Пабло Ернандес потоа ја имаше најлесната задача, да погоди празна мрежа.

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски стартуваше од првата минута, ги одигра само првите 45 минути од мечот.

https://www.youtube.com/watch?v=XhYzbuhdyao

Супер финта на Аспас, со дриблинг го „шина„ Акапо и ја скина мрежата на Хуеска (Видео)

Шпанскиот репрезентативец Јаго Аспас одигра симултанка против одбраната на Хуеска, а финтата што му ја „продаде“ на Карлос Акапо при вториот погодок за Селта ќе конкурира за нај-потег на годината.

Аспас со финта се ослободи од Акапо во еден контранапад, а противникот се повреди при движењето. Маестрален потег на двојниот стрелец за Селта во победата од 2:0 против Хуеска.

https://www.youtube.com/watch?v=k37vthdJ5r4

Аспас го постигна и водечкиот погодок за Селта, во 38. минута, но тогаш му беше лесно, бидејќи Хуго Маљо буквално му ја сервираше топката на гол-линијата на гостинскиот гол.

Јаго сега е на делба на првото место на листата со најдобри стрелци во Ла Лига, заедно со Кристијан Стуани од Жирона. Двајцата имаат постигнато по 10 голови, а зад нив е тандемот на Барселона, Меси и Суарез со по 9 погодоци.

Мадрид не е Буенос Аирес: Го украдовте аргентинскиот фудбал

Зошто толку лесно прифативте да се игра во Мадрид? Го украдовте аргентинскиот фудбал, пишува „Темпо Аргентино“, по одлуката Мадрид и Европа да бидат домаќини на реванш мечот од финалето во Копа Либертадорес меѓу Ривер плата и Бока јуниорс.

Навивачите на двата клуба ја признаваат вината за инцидентите, кои доведоа до одложување на реваншот, но сепак протестираат по одлуката на јужноамериканската конфедерација мечот да се игра во Мадрид.

„Ова е скандалозно. Го комерцијализираа фудбалот. Се е само за пари. Го уништија шармот на Суперкласико“, коментираат симпатизерите на социјалните мрежи.

Двете навивачки групи ќе добијат само по 5 илјади билети за реваншот во Мадрид на 9. декември, што исто така наиде на остра критика.

„Мадрид е град со најголема концентрација на Аргентинци, по самата Аргентина. Неутрален терен е, блиску е до латиноамериканскиот шарм и затоа се одлучивме за главниот шпански град“, изјави Аљхандро Домингес, првиот човек на јужноамериканската конфедерација.

Без разлика на реакциите во Аргентина, дефинитивно е дека реваншот ќе се игра во Мадрид на 9. декември од 20.30 часот.

Мурињо е луд по Кулибали, Манчестер јунајтед понуди 103 милиони евра

Жозе Мурињо исклучително го цени дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали и според информациите на „Кориере дело спорт“ ја притиснал управата на Манчестер јунајтед да испрати понуда вредна 103 милиони евра.

Јунајтед сезонава има доста проблеми во одбраната, па во зимскиот преоден рок сигурно ќе пазари дефанзивци, а Кулибали е идеално решение.

Сенегалецот може да игра и како бек и како стопер, а со игрите што фи прикажува се покажа како еден од најдобрите одбранбени играчи на светот.

Но, на почетокот на сезоната потпиша нов договор со Наполи до 2023 година и Аурелио де Лаурентис не е расположен да го продаде. Сепак сумата од 103 милиони евра е примамлива, па можен е трансфер на Сенегалецот од Неапол во Манчестер.

Палермо од Лондон – Несторовски и Трајковски имаат нови сопственици

Маурицио Зампарини го продаде Палермо за сума од 10 милиони евра на компанија од Лондон, но името на новите сопственици на клубот се чува во тајност.

Илија Несторовски и Александар Трајковски имаат нов газди, кои платија 10 милиони евра, но и ќе мораат да го санираат долгот од околу 23 милиони евра што го остави во наследство еден од најконтроверзните сопственици на клуб во Италија.

Зампарини влезе во војна со навивачите на клубот и на крајот мораше да се предаде. Го купи клубот во 2002 година од Франко Сенси и го остава на првото место во Серија Б.

Во период од околу 16 години под команда на Зампарини, во Палермо играа дузина светски познати играчи од калибарот на Тони, Барѕалји, Дибала, Кавани, Пасторе, Амаури…

Борусија се враќа на победнички колосек

Борусија Дортмунд многу ретко игра натпревари без голови, по Хановер во Бундеслигата, тоа му успеа и на Бриж во меч од Лигата на шампионите, но сега е време за нова победа на „милионерите“.

Сабота е рај за прогнозерите, има многу натпревари претежно од европските првенства, а нашиот избор за денеска се пет натпревари од пет различни шамопионати.

 

Борусија Дортмунд – Фрајбург (15.30 часот)

Со реми 2:2 во меч од ланското првенство Фрајбург конечно успеа да го прекине проклетството на гостувањата во Дортмунд. Пред тој меч на „Вестфален“ Борусија имаше импресивна серија од 10 победи по ред против Фрајбург. Борусија е лидер во Бундеслигата по 12 кола и е единствената екипа без пораз во друштво на уште 17 екипи и ќе сака да ја продолжи низата.

Фрајбург е една од најскромните екипи кога гостува и тешко дека ќе може да приреди сензација против првопласираната екипа во германското првенство. Борусија е вистинска машинерија за голови, тие се најефикасниот состав во Бундеслигата и тој тренд би тебало да продолжи и денеска против Фрајбург.

Предлог тип: T1 1+I & Т1 3+ (2.60) Квота на денот

 

Лил – Лион (17 часот)

На „Пјер Моро“ ќе се игра дербито на 15. коло во француското првенство. Лил направи чудесен пресврт и од кандидат за испаѓање ланската сезона сега е на четвртото место во домашниот шампионат. Драстично се поправи и амбиентот, откако лани навивачите на Лил се обидоа дури и физички да ги нападнат своите миленици.

Лил оваа сезона игра многу подобро, иако моментно е во серија од три меча без победа, а гостин им е ефикасниот тим на Лион.

Лавовите од Жерлан знаат само за офанзива, не калкулираат против ниту еден ривал и играат убав фудбал. Денеска се фаворити против Лил, екипа против која се непоразени на гостински терен од 2016 година.

Предлог тип: 2&ГГ (4.45)

 

Фиорентина – Јувентус (18 часот)

Јувентус има убави спомени од Фиренца и во ланското првенство ја освои титулата најмногу благодарение на победата на Фиорентина против Наполи со 3:0. Дури имаше и притисок од навивачите на Фиорентина да одиграат за Наполи, но „виолетовите“ постапија чесно, победија, а Јувентус освои нова круна во Калчото.

Двете екипи си имаат посебни релации, дузина играчи од Фиорентина во минатото го носеа и дресот на Јуве, а последен од Фиренца кон Торино замина репрезентаивецот Бернардески. И постигна гол, лани во победата на Старата дама со 2:0 на „Артемио Франки“.

И денеска Јувентус е фаворит, игра одлично, но Фиорентина е незгоден ривал. Има пет нерешени по ред и може да му се спротивстави на фаворитот.

Предлог тип: Х (3.70)

 

 

Саутемптон – Манчестер јунајтед (18.30 часот)

Исклучително важен меч за двете екипи и бодовите се императив и за Саутемптон и за гостите од Манчестер. Последните меѓусебни дуели им беа скромни со голови, само еден за победа на Јунајтед на „Сент Мери“ со 1:0 во септември лани. Останатите два завршија без голови, но денеска е еден поинаков меч.

Саутемптон е во зоната за испаѓање со само 8 бодови и мора да игра поофанзивно. Тие се единствениот состав во Премиерлигата со само една победа во 13-те рунди досега.

И на Манчестер не му одговара реми, ако сака да се приклучи кон врвот на табелата. Имаат 21 бод на седмата позиција и веќе заостануваат за огромни 14 бодови зад градскиот ривал Манчестер сити. Победата е императив и за гостите, имаат поквалитетен состав, но поради тврдите дуели на двете екипи во последно време ќе одиграме посигурен тип.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.10) Квота на денот

 

Реал Мадрид – Валенсија (20.45 часот)

Доволно е да се погледне статистиката на последните 10 мешусебни дуели на двете екипи со огромна традиција во шпанскиот фудбал, за да се прогнозира и денешнито исход.

Десет натпревари по ред Реал Мадрид и Валенсија меѓусебе играат со ГГ&3+, па се очекува и денеска да продолжи низата со ефикасни мечеви.

Проблем за Валенсија е што веројатно нема да игра репрезентативецот Родриго, играч што е како создаден за играта на контранапади. Популарните „лилјаци“ не играат како што се очекуваше од нив, иако имаат одличен состав. Заедно со Атлетик Билбао се двата тима со најмногу нерешени мечеви сезонава во Ла Лига, по 8.

Реал Мадрид ја стабилизира формата под команда на Сантјаго Солари, иако беше декласиран од Еибар во минатото коло.

Кралскиот клуб секогаш игра офанзивно, таков стил на игра наметнува и Солари, па и денеска би требало да има доста голови на „Сантијаго Бернабеу“.

Предлог тип: T11+I&1+II (2.20) Квота на денот

 

 

 

Второто место е голем влог за победа на Вардар против Кјелце

Вардар ќе игра за шеста победа во десеттиот меч во А групата од Лигата на шампионите, а триумф против добропознатиот ривал Кјелце му носи презимување на македонскиот шампион на втората позиција. Барем до февруари, кога ќе продолжи серијалот мечеви во фазата по групи.

Полскиот тим славеше на првиот меч со 31:27, а им остана должник на „црвено-црните“ и со грубата игра и инцидентот меѓу Душебаев и Шишкарев. Од старите долгови е и победата на полскиот состав во Скопје во 2015 година, кога славеа со 22:20 и се пласираа на фајналфор турнирот.

„Ова е директен дуел за второто место во групата. Тежок ривал, но играме дома и добро се подготвуваме. Многу сакаме да победиме, посебно против Кјелце и да бидеме на второто место за крај на 2018 година. Наше е да излеземе на терен и да дадеме сè од себе да ги победиме Полјаците“, додаде капитенот Стоилов.

Меѓу гостите денеска од 17.30 часот во салата „Јане Сандански“ во полскиот табор ќе бидат и поранешните вардарци, Алекс Душебаев и Лука Циндриќ. Тие се меѓу главните адути на Кјелце, екипа која има пет победи во 7 меча против Вардар.

 

Баерн знае само за победи против Вердер

Фудбалот во Бундеслигата продолжува со мечевите од 13. коло, а продолжува и соработката на Спорт Манија со тренерот на Вардар, Александар Васоски.

Поранешниот играч на Ајнтрахт Франкфурт со нов сет од пет натпревари од германското првенство ќе се обиде со добра анализа и предлог типови да стаса до полн погодок.

 

Вердер – Баерн (Сабота, 15.30 часот)

По убедливата победа на германскиот шампион против Бенфика се враќа позитивната атмосфера кај Баерн. Верувам дека ќе успеат да продолжат да победуваат и дека сите фрустрации од лошите претходни настапи во Бундеслигата ќе ги „истурат“ на терен против Вердер.

Баерн има неверојатна низа до 14 победи по ред против Вердер во сите конкуренции, што е една од најдолгите победнички серии во германскиот фудбал и очекувам денеска да стаса и до петнаесетката.

Предлог тип: 2-2 (2.00)

 

 

Борусија Дортмунд – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)

Стандардно за Борусија е да се типува победа за нив во меч со многу голови. Машинеријата од Дортмунд од почетокот на сезоната игра најубав фудбал во Германија. Иако подзастанаа против Бриж во Лигата на шампионите од нив очекувам да продолжат победнички во меч со многу голови.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.38)

 

 

Хановер – Херта (Сабота, 15.30 часот)

Хановер важи за екипа што игра цврст фудбал, иако во последните три меча ги демантираше фудбалските познавачи со ефикасни мечеви.

Херта е вистински ривал за еден цврст и неизвесен меч и типувам меч со малку голови, особено и поради фактот дека двете екипи тешко победуваат во последно време.

Предлог тип: 0-2 (2.18)

 

Хофенхајм – Шалке 04 (Сабота, 18.30 часот)

Хофенхајм игра ултраефикасно и лесно дава, но и прима доста голови. Кај нив офанзивата е рецепт за успех и засега добро им оди во германското првенство. Тие се четвртата најефикасна екипа во Бундеслигата и нема причина и денеска да не одиграа напаѓачки фудбал.

Шалке 04 игра многу променливо, се наоѓаат во резултатска криза, но мора да почнат да даваат голови и да бележат подобри резултати.

Предлог тип: 3+ (1.55)

 

Ајнтрахт – Волфсбург (Недела, 18 часот)

Мојот поранешен тим прикажува прекрасни фудбалски претстави, се наоѓа во страшен налет и лесно го прегази и Марсеј во Европа Лигата со 4:0. Ајнтрахт има млади и многу квалитетни офанзивци во името на Јовиќ, Ребиќ, Гачиновиќ… игра лесно и ги гази ривалите и очекувам и против Волфсбург да продолжат во исто темпо.

Типувам дека домашната екипа ќе постигне минимум два гола во мрежата на Волфсбург.

Предлог тип: Т12+ (1.85)

 

Шејн Витингтон првпат во Гевгелија, но тројца се како дома

Македонската кошаркарска репрезентација денеска во салата „26 Април“ во Гевгелија ќе ги има двата најважни тренинзи пред утрешниот дуел со Косово од претквалификациите за Евробаскетот 2021 година. „Црвено-жолтите“ првпат ќе играат еден официјален меч во овој наш град во јужниот дел на Македонија, но поддршката од преполните трибини нема да изостане, па непознавањето на условите во салата и нема да биде толку голем проблем.

Натурализираниот Шејн Витингтон е мотивиран и ја чека својата прва победа во дресот на македонскиот национален тим, но за него ова ќе биде прво запознавање со салата во Гевгелија. Тој за разлика од колегите, никогаш не играл во „26 Април“, а од него се очекува да биде од голема помош во битката во рекетот.

Од друга страна, тројца кошаркари во Гевгелија се како дома, бидејќи во дел од кариерите имаат играно за гевгелиски Кожув, клубот кој настапува како домаќин во објектот во кој ќе го пречекаме Косово. Димитар Караџовски од 2012 до 2014 година беше член на Кожув, Стојан Ѓуроски во сезоната 2015/2016, а Бојан Крстевски во 2016/2017.

Селекторот Јорданчо Давитков на располагање има 14 кошаркари, и вечерва ќе треба да пресече кои 12-мина ќе бидат во составот за дуелот со Косово закажан за утре од 17.45 часот.

Спортска прогноза: Њукасл и Вест Хем го отвораат колото

Спортската прогноза уште го чека првиот добитник на мобилниот телефон „Самсунг А6“ кој е главна награда, а можеби токму ова коло ќе биде успешно за кој прогнозер и ќе успее да ги погоди сите 12 парови кои ви ги понудивме.

Нема уште многу време за прогнозирање, првиот натпревар почнува во 16 часот, а тоа е пресметката на Њукасл и Вест Хем од англиската Премиерлига. Двата тима имаат по 12 бода и ова им е прилика да се зацврстат во средината на табелата.

Кај „чавките“ од северниот дел на Англија, кои три кола по ред знаат за друго освен за победа, повреден е само Лежун, а неизвесни се Дамет и Стери. Гостите имаат подолга листа на повредени играчи. Тоа се Фредерикс, Лансини, Рид, Санчес и Јармоленко, како и Вилшер.

Вест Хем од 16. септември нема победа на гости, а последниот пораз на Њукасл на својот стадион беше на 20. октомври. Во меѓусебните дуели на овие два тима, повеќе од пет години не било 0:0 и тоа е последен пат кога Њукасл не успеа да освои три бода дома против „чеканите“.

Дали токму овој викенд ќе имаме перфектен прогнозер, останува да чекаме до понеделник. Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.