14.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025
Дома Blog Страница 9905

Обрадовиќ и на 58 години погодува тројки како од шега (Видео)

Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, на тренингот на неговиот тим во Тел Авив, каде што вечерва гостуваат кај Макаби во меч од Евролигата, покажа дека уште има мек шут и не му е проблем да погоди и пет тројки по ред.

Обрадовиќ има 58 години, во 1991 година ја заврши играчкара кариера, но и 27 години подоцна покажа дека има работи кои не се забораваат. Тој и помошникот Ердем Џан решија да се натпреваруваат во шутеви од дистанца, а многу поуспешен беше шефот, кој погоди пет тројки по ред.

Овој „натпревар“ беше снимен, погледнете како изгледа кога непогрешливиот Обрадовиќ дава тројки без никаков проблем:

Прогнозирај: Бока или Ривер? Кој ќе биде новиот првак на Јужна Америка?

Можеби најголемото дерби на светот, дуелот меѓу Бока јуниорс и Ривер плате, во сабота треба да доживее кулминација. Вековната традиција и ривалството на овие два аргентински гиганти се на самиот врв, бидејќи сега играат за титулата најдобар тим во Јужна Америка.

За првпат во историјата овие клубови се ривали во финалето на континенталното натпреварување. Првиот меч на кој Бока беше домаќин заврши 2-2. Сега Ривер има меч-топка, бидејќи со победа на свој терен, ќе стане шампион на Јужна Америка. Во ова финале не важи правилото за гол на гости, што значи дека ако е нерешено сигурно ќе има дополнителна драма.

Суперкласико за супервозбудливо прогнозирање. Во досегашниот вкупен биланс Бока има 88 победи, Ривер се радувал на 81 меч, а 77 средби завршиле нерешено.

Освен аргентинското Суперкласико, во понудата има уште 11 натпревари на кои можете да го прогнозирате исходот и да ви помогне да освоите ваучери од Sport Life, исто така, може да придонесе и за главната награда, „самсунг галакси А6“, a сето тоа ќе можете да го сторите на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза, ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

Барселона му постави два услови на Нејмар за враќање на „Камп ноу“

Кога Нејмар минатата година реши да си замине од Барселона за да потпише со Пари Сен Жермен, тоа беше за неверување. Бразилецот си замина за рекорден трансфер вреден 222 милиони евра. Сепак, само една и пол година подоцна, Нејмар бара начин како да се врати во Барселона.

Нејмар не е многу задоволен од животот во Париз, но и од фактот дека „светците“ не делуваат како тим кој би можел да стане европски првак. Затоа, Нејмар веќе ги направил првите контакти за можно враќање во каталонскиот гигант, но и тоа да се случи ќе мора да исполни два услови кои му ги поставија челниците на Барселона.

Бразилецот ќе мора сам да го исфорсира трансферот, а откако би се вратил во Барселона, ќе треба да се согласи да добива помала плата од таа што сега ја има во ПСЖ. Првично, играчот се согласил на овие услови и верува дека во 2019 година повторно ќе биде во дресот на шпанскиот првак. Нејмар играше за Барса од 2013 до 2017 година.

 

 

Винс Картер со забивање до јубилеј од 25 илјади поени (Видео)

Винс Картер во свој стил, со атрактивно забивање на мечот со Торонто, стигна до 25 илјади поени во кариерата и е во одбраното друштво во НБА-лигата од 22-ца кошаркари со ист ефект.

Еден од најдобрите забивачи во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот успеа да стаса до убав јубилеј, а тоа го стори во препознатлив стил. Со атрактивно забивање во дресот на осмиот клуб во кариерата, Атланта хоукс, против Торонто Картер го исполни бонусот.

Винс е меѓу најдобрите во неколку категории во НБА. Се наоѓа меѓу шестте кошаркари, кои имаат над 25 илјади поени во комбинација со над 6 илјади скокови, 2.500 асистенции, над илјада украдени топки и над илјада тројки.

Импресивната кариера му донесе 8 настапи на Ол-стар натпреварите и е еден само од седумтте кошаркари во НБА со настапи во 20 или повеќе сезони. Со просек од 20 поени, 4 скокови и три асистенции во 10 сезони по ред, тој е само еден од шестмината во НБА-лигата со таков учинок и просек во трите главни категории.

 

Косово уште ќе се засилува – Прв на ред е Домѓони од Цирих

Косово уште ќе се засилува, а амбициите не се кријат, да се победи Македонија на гостински терен во полуфиналниот меч во март 2020 година во Сегментот Д од Лигата на нациите.

„Се надеваме дека ќе успееме да ги убедиме помладите фудбалери кои се родени на Косово, а играат за странски клубови да прифатат да настапуваа за нашата репрезентација. Има многу таленти и секој таков фудбалер ќе биде голем плус за Косово во обидот да се оствари историски пласман на Европско првенство“, пренесуваат косовските медиуми.

Прв на ред за камбек во Косово е играчот на Цирих, Тони Домѓони, кој настапува за швајцарската репрезентација за играчи до 19 години.

Тој сè уште не ја прифатил поканата на Фудбалската федерација на Косово да настапува за сениорскиот тим на оваа земја, но постои можност Домѓони да игра против нас во март 2020 година, во полуфиналето кое најверојатно ќе се игра во Скопје или во Струмица.

УЕФА веќе се подготви за второто издание на Лигата на нациите – Одредени се и термините за натпреварите

УЕФА веќе се подготвува за второто издание на Лигата на нациите, а се знаат и составите на групите и термините кога ќе се играат натпреварите. Ждрепката за одредување на распоредот на натпреварите ќе се одржи во јануари или во февруари 2020 година, а познати се и датумите кога ќе се игра.

Македонија обезбеди настап во Сегментот Ц, а противниците на нашата селекција во второто издание на Лигата на нациите ќе се знаат по ждрепката.

Состав Сегмент Ц: Македонија, Турција, Грција, Бугарија, Унгарија, Словачка, Романија, Израел, Косово, Албанија, Црна Гора, Белорусија, Грузија, Република Ирска и Северна Ирска.

Прво коло од 3-5 септември 2020 година

Второ коло од 6-8 септември 2020 година

Трето коло од 8-10 октомври 2020 година

Четврто коло од 11-13 октомври 2020 година

Петто коло од 12-14 ноември 2020 година

Шесто коло од 15-17 ноември 2020 година

Во Евролига се краде времето – Жалгирис е драстично оштетен (Видео)

Жалгирис е драстично оштетен против ЦСКА Москва на вчерашниот драматичен меч што го доби рускиот тим по едно продолжение со 99:97.

Литванците имаа напад при предност од 84:81 на малку повеќе од една минута до крајот на регуларниот дел и одеднаш времето им беше скратено за цели 5 секунди, што е голем скандал за елитно натпреварување какво што е Евролигата.

И тој напад на гостите заврши со истекот на времето без да упатат удар, па сега е можно и да се жалат до челниците на Евролигата, бидејќи е јасно видливо и од снимениот видеоматеријал дека се драстично оштетени.

Погледнете го видеото и следете го времето во долниот десен агол при нападот на Жалгирис.

Шкендија е опасна по паузите, дерби ќе се игра меѓу Вардар и Работнички

Шкендија е опасна по паузите поради обрските на играчите кон репрезентациите во Лигата на нациите, минатиот пат по една таква пауза Тетовци нанижаа пет победи по ред, а и сега сакаат реприза.

Прв противник по двонеделниот одмор во домашното првенство ќе им биде Силекс, денеска, од 13 часот во рамките на 14-тото коло.

Шкендија има импресивен биланс против Кратовци. Од последните 11 меѓусебни дуели, победи на 10 и има само едно реми со Силекс во периодот од декември 2015 до денеска. Со други зборови, за помалку од 3 години не знае за пораз против трикратниот првaк на Македонија.

Ако Шкендија на повидок има релативно лесна задача со триумф против гостите од Кратово да го задржи врвот, Вардар ќе има сложена мисија да го победи градскиот ривал Работнички и да остане во трката за титулата со тетовци.

На последните 10 меѓусебни дуели двете екипи се победуваа наизменично, а нерешено одиграа само еднаш. Вардар има многу проблеми со финансиите, ситуацијата кај нашиот најтрофеен клуб е нестабилна веќе подолг период, но играчите одлично се држат и се втори на табелата со три бода помалку од Шкендија.

Работнички потфрли досега, има дури 11 бодови помалку од соседот Вардар и пораз денеска ќе значи битка за опстанок, наместо како што се најавуваше пласман на позициите кои водат во европските купови.

Двојки, 14. коло, 13 часот денеска:

Вардар – Работнички, Шкендија – Силекс, Македонија Ѓ.П – Шкупи, Беласица – Ренова, Академија Пандев – Победа.

Табела: Шкендија 31, Вардар 28, Академија Пандев 22, Ренова 19, Победа и Работнички по 17, Македонија Ѓ.П. 16, Шкупи 15, Силекс и Беласица по 14.

Аларм на „црвено“ во ПСЖ: Нејмар и Мбапе нема да играат против Ливерпул

Паузата за репрезентативни настапи може да се покаже кобна за Пари Сен Жермен. Францускиот првак само во неколку часа доби две многу лоши вести. Во настапите за Бразил и Франција се повредија Нејмар и Килијан Мбапе. Сите кај „светците“ беа во исчекување додека се вратат фудбалерите, па клупскиот лекар да утврди колку се сериозни повредите.

Вестите не се баш најдобри. Повредата на Нејмар е помалку сериозна и има повреда на препоните, додека Мбапе се жали на болки во рамото. Ако се потврди фактот дека двајцата ќе мора да паузираат во следните 10-тина дена, тоа ќе значи дека ПСЖ нема да може да смета на двете најголеми ѕвезди за еден од најважните мечеви во досегашниот дел од сезоната, тој против Ливерпул во Лигата на шампиони.

Доколку ПСЖ загуби од Ливерпул во овој дуел, „светците“ речиси сигурно ќе бидат елиминирани уште во групната фаза од елитното европско натпреварување. Тој меч ќе се игра на 28-ми овој месец во Париз.

 

 

Кочов: Со 102 примени поени не можеш да победиш

Поразот од Рогашка потврди дека МЗТ Скопје Аеродром има проблем да го запре шутот за три поени на противничките екипи. Одбраната во првото полувреме речиси и да ја немаше кај Аеродромци, МЗТ прими дури 64 поени, па негативата од 16 разлика на пауза беше тешко да се надомести. МЗТ прими 15 тројки, имаше и 13 скока помалку, како и уште една потврда дека агресивноста не беше на потребното ниво.

„Кога на едно гостување ќе примиш 102 поени, не можеше да сметаш на победа. Пред натпреварот се договоривме да бидеме агресивни и да не дозволиме отворени шутеви за три поени. Мора да ги анализираме грешките и да ги поправиме во иднина“, рече тренерот Ѓорѓи Кочов.

Позитивно за МЗТ е што стана прв тим со 800 постигнати поени сезонава во АБА 2 лигата, но по девет кола, тимот има шест победи и три порази. За подобри резултати и атак на првото место ќе мора да се игра поцврсто во одбраната.

Тренерот на словенечкиот тим, Дамјан Новаковиќ, вели дека МЗТ има неверојатен напаѓачки потенцијал, но успеале да победат благодарение на рекордниот број тројки.

„Не е едноставно да го запреш МЗТ, има неверојатен напаѓачки потенцијал. Ние ги погодувавме отворените шутеви и постигнавме сезонски рекорд по бројот на тројки. Имавме и кадровски проблеми, затоа морам да им симнам капа на играчите и благодарност до публиката“, изјави Новаковиќ.