10.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025
Дома Blog Страница 9937

Голеада и потоп на Барса на „Камп Ноу“

Барселона претрпе изненадувачи пораз од Бетис со 4-3 на „Камп Ноу“. Гостите од Андалузија му го расипаа враќањето на Лионел Меси во составот, ниту за момент не се уплашија од неговото присуство на теренот, па во четири наврати ја тресеа мрежата на Тер Штеген.

Жуниор донесе предност за Бетис во 20-тата минута, за искусниот Хоакин да зголеми на 2-0 во 34-тата минута. Барса преку Меси намали на 2-1 во второто полувреме, Аргентинецот беше прецизен од белата точка во 67-та минута. Но, следуваше нов шок за каталонците во 71-та минута.

Германскиот голман ужасно реагираше при ударот на Ло Селсо, па топката одново се најде зад грбот на Тер Штеген. Осум минути подоцна, Видал одново врати надеж за домаќините за 3-2, меѓутоа Ракитиќ им одмогна на своите соиграчи откако го заработи вториот жолт картон, па од 81-та минута Барса играше со фудбалер помалку. Каналес веднаш тоа го казни, па во 83-тата минута Бетис по трет пат оствари два гола предност. Во судиското надополнување, Меси одново заби гол и намали на 4-3, но немаше доволно време за сензационален кам-бек на шпанскиот првак.

Иако враќањето на Меси пред овој меч значеше дека Барса ќе има полесна задача да освои три бода, Бетис се одлучи да направи изненадување и да им го нанесе вториот пораз на каталонците по 12 одиграни натпревари во Ла Лига.

Барселона цело време води, но Вардар не се предава (9:13)

Вардар ќе мора да одигра перфектно второ полувреме ако сака да ја анулира негативата на Барселона по првите 30 минути во „Јане Сандански“. Каталонскиот гигант одлично се снајде во првите 30 минути во „пеколот“ кој го создадоа навивачите на Вардар, па гостите имаат позитива од четири гола.

Барселона поведе со 1:0, а Вардар успеа да израмни на 1:1, што беше и единствен нерешен резултат во првиот дел. Гостите со серија од 4:0 стигнаа до предност од 5:1 во 8 минута. Чупиќ од пенал и двата гола од контра напади на Дибиров беа доволни за 4:5, а Барселона потоа погоди за 6:4. Вардар намали на 5:6, а потоа „црвено-црните“ имаа 2-3 напади за да израмнат, но не погодија.

Во 15 минута беше 7:6 за Барселона, која со серија од 3:0, повторно стигна до четири позитива (10:6). Борозан погоди за 7:10, но повторно со нова серија од 3:0, гостите стигнаа до најубедливи 13:7 во 28 минута. Во последните две минути Вардар со два гола намали на 9:13 и најави дека нема да се предаде лесно.

Тимур Дибиров со три гола е најефикасен кај Вардар, а Борозан има два погодоци.

Лајпциг им зададе нова главоболка на „фармацевтите“

Лајпциг со убедливи 3-0 над Баер Леверкузен го запиша петтиот овосезонски тирумф во Бундеслигата, а воедно ова е петти пораз за „фармацевтите“ по 10 одиграни натпревари во германскиот шампионат.

Поулсен по 27 минути игра беше прецизен за 1-0, Клостерман во вториот дел ја зголеми предноста, пред данскиот напаѓач да го запише вториот гол на средбата во 85-тата минута за конечни 3-0.

Досадно на „Стемфорд бриџ“ – НУЛА на Челзи и Евертон

Челзи и Евертон ремизираа без голови во мечот од рамките од 12. коло. „Сините“ на Маурисио Сари остануваат непоразени и по оваа средба, но ќе жалат за пропуштените шанси кои не ги искористија за да стигнат до посакуванаа победа.

Одбраната на „карамелите“ одолеа на заканите од Мората, Азар и Вилијан, шпанскиот голгетер успеа еднаш да ја затресе мрежата на Пикфорд, но од недозволена позиција, по што голот не се важеше.

По овој натпревар, Челзи со 28 бода останува на третото место, пред Сити и Ливерпул, кои имаат 29, односно 30 бода. Со четвртото овосезонско реми, Евертон ја завзема деветтата позиција во Премиер лигата со 19 бода.

Лесни три бода за Рома, Емполи по 10 меча конечно прослави триумф

Рома со убедливи 4-1 над Сампдорија го запиша петтиот триумф во Серија А. По четири меча без победа, „волчицата“ во добро расположение од госувањето во Москва, го пречека тимот од Џенова и без проблеми запиша нови три бода.

Жесус го отвори резултатот по 17 минути игра, а до останатите три погодоци Рома стигна во вториот дел. Шик погоди во 59-тата минута, а до крајот на средбата Ел Шарави на два пати ја затресе мрежата, прво во 72-та, а потоа и во последната минута од судиското надополнување. Ексфудбалерот на Рома, Грегори Дефрел го постигна почесниот гол за гостите.

Емполи по 10 меча во Серија А конечно се израдува на победа. Со конечни 2-1 беа подобри од Удинезе, а стрелци на средбата беа Зајц во 41-та, и Капуто во 51-та минута. Единствениот гол за гостите го постигна Пусето во 81-та минута, откако Де Паул промаши пенал, па одбиената топка ја стигна Пусето и заби за конечни 2-1.

Киево и Болоња ги поделија бодовите при конечни 2-2.

„Ла Бомбоњера“ ечи на четири часа пред почетокот на спектаклот (видео)

Навивачка песна ечи на „Ла Бомбоњера“, сѐ е подготвено за првиот дуел меѓу Бока јуниорс и Ривер Плата во финалето на Либертадорес купот. Трибината каде каде седат најверните фанови на Бока, на четири часа пред почетокот на спектаклот, капацитетот веќе е исполнет.

Навивачисте со нетрпение го чекаат почетокот на средбата, особено што првично требаше да се игра вчера, но поради лошите временски услови, дербито мораше да биде презакажано за денес.

Натпреварот е закажан за терминот од 20 часот.

Журка пред „Јане Сандански“ на еден час пред дуелот со Барселона (фото)

„Јане Сандански“ полека се полни пред почетокот на дуелот меѓу Вардар и Барселона. Фановите уживаат и се забавуваат пред домот на „црвено-црните“, во убаво расположение го чекаат стартот на спекталкот кој ќе го обележи седмото коло во Лигата на шампионите.

Билетите се распродадени веќе пред неколку дена, „Јане Сандански“ буквално ќе гори, а најверните до последен здив ќе го бодрат Вардар кон нова победа.

Дуелот Вардар – Барселона започнува во 17 часот.

„Винарите“ и „лозарите“ без муниција

Вардар Неготино и Тиквеш одиграа 0:0 во дербито на Втората лига исток. Убавата атмосфера на трибините не се префрли и на теренот, па фудбалерите не успеаја да ја погодат целта.

Вистинска драма имаше во Штип, каде што Брегалница губеше со 0-1 до 87 минута, потоа даде два брзи гола за пресврт, но не успеа да победи, бидејќи во 90 минута, направи пенал кој Кит Го го погоди за освојување на бод. Овие ремија на ривалите му оди во прилог на лидерот Борец, па и на Кожуф.

На Западот, Струга Трим лум го победи Пелистер со гол во 94 минута, и остана во чекор со Лабуништа во трката за првата позиција.

Салах и Шаќири доволни против Фулам

Џердан Шаќири има два гола и три асистенции на пет од последните шест меча за Ливерпул, и таа форма ја потврди и против Фулам, со погодокот со кој ја запечати судбината на гостите од Лондон. Ливерпул славеше со 2:0, а првиот гол беше дело на Мохамед Салах.

Египќанецот првпат даде гол против Фулам, и од ривалите во Англија со кои што играл, сега тој нема постигнато погодок само против Манчестер јунајтед и Свонси. Голот на Салах дојде само 14 секунди откако на другата страна на Митровиќ му беше досуден офсајд.

После овој меч, Ливерпул со 30 бода привремено го презеде првото место во Премиерлигата, а Фулам остана последен со само пет бода во 11 кола.

„Сино-црното дерби“ за Аталанта

Аталанта го потопи Интер со 4:1 во првиот денешен меч од италијанската Серија А. За Интер ова е прв пораз во лигата од 15 септември наваму, па сега Наполи не треба да се грижи за второто место.

„Бергамаските“ ги најдоа слабите точки на Интер, а тоа се примен гол во прво полувреме и слаба одбрана при прекини. Атланта поведе во 9 минута, и тоа беше прв меч на Интер од август наваму, на кој прими гол во прво полувреме.

Потоа Икарди даде гол од пенал и тоа е негов рекорден петти меч по ред на кој се запиша во листата на стрелци, но нема по добро да го памети ова гостување по дождливо време.

Манчини со гол со глава ја врати предноста на Аталанта, речиси ист таков го даде и Албанецот Џимшити, а откако Брозовиќ доби црвен картон, дебаклот беше комплетиран во 94 минута. Дефанзивците на Аталанта имаат дадено 9 гола и овој тим има најголем придонес во нападот од своите одбранбени играчи, од било кој друг клуб во Серија А.