8.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025
Дома Blog Страница 9948

Мурињо објасни зошто провоцираше: Ми го навредуваа Интер

Манчестер јунајтед со два гола во последните четири минути стигна до победа од 2-1 против Јувентус во Торино. Триумфот на „црвените ѓаволи“ остана во втор план, и тоа благодарение на реакцијата на Жозе Мурињо по мечот. Тренерот на гостите во свој стил успеа дополнително да ја вжешти атмосферата и да ги налути домашните фанови, кои не можеа да веруваат дека нивниот омилен тим водеше со 1-0, а на крајот загуби.

Мурињо ја стави раката на увото провоцирајќи ги фановите на Јувентус дека повеќе не може да ги слушне ништо што зборуваат.

„Во текот на сите 90 минути ме провоцираа. Дојдов тука за да си ја работам својата работа и ништо повеќе. На крајот никого не навредив, само сакав да ги слушнам уште посилно да викаат. Веројатно тоа не требаше да го направам, и ако бев со „ладна глава“, сигурно немаше да го направам. Но, ја навредуваа мојата фамилија, вклучувајќи го тука и моето семејство Интер. Затоа морав така да реагирам“, рече Мурињо, кој во 2010 година како стратег на Интер стана првак на Италија, но ја освои и Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Што се однесува за дуелот против Јувентус, Португалецот резимираше: „Одигравме фантастичен меч, на нашето највисоко ниво. Успеавме да победиме бидејќи игравме многу добро. До самиот крај ја посакувавме победата и успеавме“, додаде Мурињо, кој повторно е во центарот на вниманието, и тоа поради неговото однесување.

 

Мурињо во свој стил ја прослави победата на Манчестер јунајтед (Видео)

Жозе Мурињо има причини за славење по големиот триумф на Манчестер јунајтед против Јувентус во Торино.

Малку и ги провоцираше домашните навивачи, но тоа е неговиот стил на однесување. Ништо невообичаено за португалскиот тренер, кој си го дочека своите пет минути сезонава на клупата на повеќекратниот англиски првак.

https://twitter.com/FootbaII_HQ/status/1060294974812643328

Ѓаволски пресврт во Торино – Манчестер јунајтед го победи Јувентус со 2-1 (Видео)

Експресен пресврт на чудесен начин со два гола во финишот приреди Манчестер јунајтед против Јувентус во Торино. Хуан Мата со еврогол од слободен удар во 86-тата минута го анулира водството на домаќините, кои имаа предност со прекрасниот погодок на Кристијано Роналдо, а дербито го одлучи автоголот на Алекс Сандро во 90-тата минута.

https://www.dailymotion.com/video/x6wtwts

Двете екипи се на првите две места на табелата по четири кола. И покрај поразот, Јувентус е лидер со 9 бодови, а Јунајтед е вторпласиран со 7 бода. Валенсија има пет по победата против Јанг бојс, а швајцарскиот првак е последен со еден бод.

Најубедлив вечерва беше Манчестер сити, а во победата од 6-0 против Шахтар блескаше Габриел Жесус со хет-трик. Давид Силва, Стерлинг и Марез само ја дополнија убедливата победа на домаќините.

Се разигра и актуелниот европски првак под команда на новиот тренер Сантијаго Солари, а петарда прими чешкиот првак П’лзењ.

Бензема со два гола ја предводи листата на стрелците, а по еден погодок постигнаа Каземиро, Бејл и Крос.

Резултати, натпревари од 21 часот:

Јувентус – Манчестер јунајтед 1-2, Баерн – АЕК 2-0, Бенфика – Ајакс 1-1, Лион – Хофенхајм 2-2, Манчестер сити – Шахтар 6-0, П’лзењ – Реал Мадрид 0-5.

 

Кингсли Коман се врати на тренинг

Кингсли Коман, фудбалерот на Баерн Минхен, по подолго време се врати на тренинзите. Францускиот интернационалец поради повреда на лигаментите на коленото беше отсутен од фудбалски активности речиси три месеци, но тој повторно стапна на тревата.

Коман се повреди уште во првото коло во Бундеслигата, кога Баерн триумфираше над Хофенхајм со 3-1.

Ова значи дека тренерот Нико Ковач има една грижа помалку, кој по повредата на Коман, остана со малку опции на крилните позиции. Рибери и Робен во изминатиов период речиси по секој меч се здобиваа со ситни повреди и не секогаш беа комплетно подготвени за настап, што го натера Ковач повеќе да ротира во составот.

Каде гледаат судиите? Досуден непостоечки пенал за Сити (видео)

Манчестер сити до предноста од два гола на полувремето против Шахтар стигна на бизарен начин. Стерлинг се најде пред голот на Пјатов, па во моментот кога сакаше да шутира, се сопна и падна, а главниот арбитер досуди најстрога казна за „граѓаните“.

Судијата веројатно мислеше дека одбранбениот играч на гостите, кој беше зад Англчанецот, е виновникот за фаулот, а всушност не постоеше никаков контакт. Во непосредна близина беше и помошникот на судијата Касаи, но и тој не ја проследи ситуацијата, па се поставува прашањето: Каде ли гледаа судиите? Се прашуваа дури и фудбалерите на украинската екипа.

Сити води 2-0 по првите 45 минути против Шахтар на „Етихад“

https://twitter.com/Superbru/status/1060269402644451330

 

Срамен потег на Рамос, намерно удри играч на П‘лзењ (видео)

Срамен потег на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Дефанзивецот на „кралевите“ во обид да ја земе топката, со лакотот го удри противничкиот играч директно во лицето, удар по кој играчот на Викторија П‘лзењ заврши на тревата.

Рамос не само што не беше санкциониран по овој старт, туку судијата воопшто и не забележа што се случи и не досуди фаул во корист на домаќините. Сега се доведува во прашање неговиот старт врз Салах во минатогодишното финале во ЛШ, кој како што кажа Рамос, немаше намера да го повреди, а вечерва повторно ја покажа својата пргавост.

По половина час игра, Реал води со 2-0 против П‘лзењ со головите на Бензема и Каземиро.

https://twitter.com/fletcher_dyer/status/1060265077549490176

При евентуален гол, Лестер нема да слави на „Кинг пауер“

Лестер во сабота, во 16 часот ќе го одигра мечот против Барнли во рамките од 12-тото коло во Премиер лигата. „Лисиците“ тој меч ќе го играат пред своите навивачи на стадионот „Кинг пауер“ за прв пат по трагичната хеликоптерска несреќа.

Од клубот најавија дека доколку фудбалерите на Лестер постигнат гол на тој меч, нема да го прослават на вообичаен начин. Имено, секогаш кога Лестер ја тресе мрежата на домашен терен, веднаш по голот почнува песната „Fire“, поточно „Оган“, во изведба на англискиот бенд Касабијан, но во сабота тоа нема да се случи.

Да потсетиме, непосредно по мечот против Вест хем, хеликоптерот во кој беше сопственикот на Лестер, Вишај Шриваданапраба, со уште четири лица се сруши во близина на стадионот, а во несреќата немаше преживеани.

Лестер неколку дена по таа несреќа, играше на гости кај Кардиф, па минималната победа од 1-0 ја посвети токму на починатиот газда.

Волчицата од Рим ја освои Москва

Рома мина тешка пречка во четвртото коло од Лигата на шампионите, а победата против ЦСКА Москва со 2-1 ја води на врвот на табелата.

Валенсија на „Месталја“ конечно победи, за првпат во овој циклус од Лигата на шампионите, а триумфот од 3-1 против Јанг бојс ја остави во игра за првите две места кои водат во нокаут-фазата.

Един Џеко не беше расположен за голови вечерва во Москва, но умешно го заменија Костас Манолас и Лоренцо Пелегрини за триумфален поход на „волчицата“ во главниот руски град.

Рома славеше со 2-1, а почесниот погодок за домаќините го постигна Сигурдсон.

На „Месталја“ конечно имаше причини за радост на навивачите на Валенсија. Карлос Солер двапати асистираше до Санти Мина, а потоа и самиот постигна гол по додавањето од Родриго за убедлива победа на „лилјаците“ од 3-1. Роже Асале беше стрелец на почесниот погодок за швајцарскиот првак.

Роналдо ќе командува со нападот на Јуве, „црвените ѓаволи“ се без Лукаку

Дербито на денешните 8 дуели од четвртото коло во Лигата на шампионите ќе се игра во Торино, а Кристијано Роналдо ќе командува со офанзивата на Јувентус против својот поранешен тим Манчестер јунајтед. Кај гостите ќе го нема најдобриот стрелец Лукаку.

Еве ги составите на екипите за последните 6 дуели од четвртото коло во ЛШ:

 

Јувентус – Манчестер јунајтед

Јувентус: (4-3-3) Шченсни, Де Шилјо, Кјелини, Бонучи, Сандро, Пјаниќ, Хедира, Бентанкур, Дибала, Квадрадо, Роналдо.

Манчестер јунајтед: (4-3-3) Де Хеа, Јанг, Линделоф, Смолинг, Шоу, Матиќ, Погба, Ерера, Марсијал, Лингард, Санчез.

 

Викторија П‘лзењ – Реал Мадрид: 

П’лзењ (4-2-3-1) Хрушка, Резник, Хејда, Хубник, Лимберски, Прохаска, Хрошовски, Хавел, Чермак, Копиц, Чори.

Реал: (4-3-3) Куртуа, Одриосола, Рамос, Начо, Регуилон, Каземиро, Крос, Себалјос, Васкес, Бејл, Бензема.

 

Манчестер сити – Шахтар Донецк:

Манчестер сити (4-3-3) Едерсон, Вокер, Лапорт, Стоунс, Зинченко, Фернандињо, Давид Силва, Бернардо Силва, Марез, Стерлинг, Жесус.

Шахтар: (4-2-3-1) Пјатов, Матвиенко, Кристов, Ракитски, Исмаили, Степаненко, Мајкон, Коваленко, Болбат, Тајсон, Мораес.

 

Олимпик Лион – Хофенхајм

Лион: (5-3-2) Лопес, Рафаел, Денајер, Марсело, Морел, Менди, Тусар, Ндомбеле, Оуар, Фекир, Депај.

Хофенхајм: (3-4-3) Бауман, Кадерабек, Шулц, Бичакчиќ, Вогт, Нуху, Грилич, Демирбај, Крамариќ, Белфодил, Жоелинтон.

 

Бенфика – Ајакс

Бенфика: (4-3-3) Влачодимос, Алмеида, Дијас, Жардел, Грималдо, Фернандес, Фејса, Габриел, Серви, Салвио, Жонас.

Ајакс: (4-3-3) Онана, Талјафико, Де Лихт, Ван де Бик, Мазрауи, Блинд, Шоне, Де Јонг, Зиеч, Нерес, Тадиќ.

 

Баерн (4-3-3) Нојер – Алаба, Хумелс, Боатенг, Кимих – Горецка, Мартинес, Милер – Рибери, Левандовски, Гнабри.

АЕК (5-3-2) Баркас – Бакакис, Ламбропулос, Чигрински, Ќосиќ, Хулт – Галанопулос, Симоес, Алеф – Понсе, Манталос. 

Излезе и цртан филм за поразот на Ливерпул во Белград (видео)

Победата на Црвена ѕвезда против Ливерпул од 2-0 доживеа и цртана илустрација. Познатиот Youtube канал „442оонс“, кој се занимава со анимации на спортски теми, направи краток цртан филм како инспирација од синоќешниот дуел во Белград.

Меѓу „актерите“ има место и за Џердан Шаќири, кој не отпатува на ова гостување поради одлука на Јирген Клоп да не дојде до „мешање на политика со спортот“. Клоп во цртаниот му се извинува на Шаќири што решил да не го поведе на дуелот против Црвена ѕвезда, а за Салах вели дека наместо него, на теренот била статуата која неодамна беше направена во негова чест.

Во клипот неколку пати е искористен и дел од познатиот слоган на Ливерпул „Никогаш нема да одиш сам“, но во малку поинаква верзија, како што се „никогаш нема да играте фудбал“ и „никогаш нема да те изоставам од тимот“. Клипот вреди да се погледне.