8.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025
Дома Blog Страница 9949

Лига на шампиони во живо: Мата му одговори на Роналдо со нов еврогол во Торино, Јуве – Јунајтед 1-1

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 86‘ – Хуан Мата му се приклучи на Роналдо со прекрасен гол. Во Торино е нерешено, 1-1 со два велемајсторски погодоци на Роналдо и на Мата.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 84‘ – И Ријад Марез се запиша во листата на стрелците, Сити води со 5-0.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 72‘ – Левандовски е двоен стрелец, а Баерн води со 2-0 против АЕК.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 72‘ – Нов пенал за Манчестер сити и нов сигурен удар од белата точка на Габриел Жесус. Манчестер сити го демолира Шахтар и води со 4-0.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 67‘ – Тони Крос по асистенцијата на Винисиус, по петти пат ја затресе мрежата на П’лзењ. Петарда од актуелниот европски првак за чешкиот шампион.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 65‘ – Велемајсторски гол на Кристијано Роналдо. Од прва со волеј го совлада Де Хеа. Јувентус води со 1-0 против Манчестер јунајтед.

https://www.dailymotion.com/video/x6wtve7

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 65‘ – Крамариќ со новиот погодок против Лион го враќа Хофенхајм во игра. Сега предноста на Лион е 2-1

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 61‘ – Тадиќ израмни на „Луж“ со нов гол за Ајакс.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 49‘ – Рахим Стерлинг е во топ-форма, погоди и против Шахтар за предност на Манчестер сити од 3-0.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 42‘ И Герет Бејл се запиша во листата на стрелците, а актуелниот европски првак го прегази П’лзењ во првото полувреме и води со 4-0.

https://www.dailymotion.com/video/x6wtt5z

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 37‘ – Карим Бензема го постигна вториот гол во П’лзењ, а Реал Мадрид води со убедливи 3-0 против чешкиот првак.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 31 – Левандовски не греши од белата точка, Баерн очекувано дојде во предност против АЕК.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 29‘ – Жонас со гол донесе радост на „Луж“. Бенфика води против Ајакс со 1-0.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 24‘ – Габриел Жезус беше прецизен од белата точка за 2-0 против Шахтар.

https://www.dailymotion.com/video/x6wtsp7

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 23‘ – Реал веќе води со 2-0. По Бензема, погоди и Каземиро за експресни 2-0 за две минути.

https://www.dailymotion.com/video/x6wtsi8

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 21‘ – Карим Бензема со одлична акција погоди за Реал Мадрид, за водство од 1-0 против П’лзењ.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 20‘ – Набил Фекир како на флипери, по неколку удари погоди за предност на Лион против Хофенхајм.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 13‘ – Давид Силва прв погоди вечерва на дуелите од 21 часот, а шпанскиот ас умешно ја искористи асистенцијата на Марез и му донесе предност од 1-0 на Манчестер сити против Шахтар.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 59‘ – Кусо траеше радоста на домашните навивачи на „Лужники“. Лоренцо Пелегрини ја враќа Рома во предност, сега со 2-1 против ЦСКА Москва.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 56‘ – Карлос Солер погоди по две асистенции. Валенсија води со 3-1 против Јанг бојс.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 50‘ – Одличната акција на Илзат Ахметов со гол ја круниса Арнор Сигурдсон, за израмнување во Москва.

 

Предност за фаворитите по првото полувреме. На „Лужњики“, Рома со голот на Костас Манолас води со 1-0 против ЦСКА, а на „Месталја“, Санти Мина со два гола ѝ донесе предност на Валенсија од 2-1. Стрелец за Јанг бојс е Роже Асале.

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 42‘ – Повторно добитна комбинација за Валенсија е тандемот Солер – Мина. Првиот асистираше, Санти повторно погоди за 2-1

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 37‘ – Роже Асале ја смири „Месталја“ со израмнувачки гол во финишот на првото полувреме. Јанг бојс се врати во игра.

https://www.dailymotion.com/video/x6wtkok

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 16‘ – Санти Мина имаше лесна задача и погоди по ударот на Солер. „Лилјаците“ водат со 1-0 против Јанг бојс

https://www.dailymotion.com/video/x6wtjb4

 

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 4‘ – Костас Манолас погодува за рано водство на Рома на гостувањето кај ЦСКА Москва, 0-1

https://www.dailymotion.com/video/x6wtivb

Босанскиот репрезентативец Един Џеко е во феноменална форма и вечерва од 18.55 часот ќе го предводи нападот на Рома против ЦСКА во Москва.

Корпулентниот напаѓач на „волчицата“ има постигнато неверојатни 10 голови на последните 8 настапи за Рома во Лигата на шампионите и пак ќе биде главна закана за ривалот и вечерва.

Зад него, во формацијата на гостите ќе биде триото Клајверт, Пелегрини и Флоренци, кои ќе имаат задача почесто да го проигруваат врвниот стрелец.

Еве ги составите за двата меча од 18.55 часот:

Лужњики арена

ЦСКА (4-3-2-1) Акинфеев – Набабкин, Магнусон, Бекао Фернандес – Облијаков, Бијол, Ахметов – Сигурдсон, Влашиќ – Чалов

Рома (4-2-3-1) Олсен – Сантон, Манолас, Фацио, Коларов – Н` Зонзи, Кристанте – Флоренци, Пелегрини, Клајверт – Џеко.

 

Месталја

Валенсија (4-4-2) Нето – Вас, Гарај, Габриел, Гаја – Солер, Коклан, Кондогбија, Гведеш – Родриго, Мина.

Јанг Бојс (4-4-2) Фон Балмос – Мбабу, Лопер, Фон Берген, Бенито – Фашнат, Соу, Саного јуниор, Нгмале – Асале, Оро.

ФИФА се закани: Нема настап на СП ако има Суперлига

Најголемите фудбалски имиња не ќе можат да играат на Светско првенство доколку со своите екипи настапуваат во најавената европска Суперлига, им посочил претсетаделот на ФИФА, Џани Инфантино, на повеќе новинари.

Инфантино денес разговарал со неколку новинари во просториите на Светската фудбалска куќа и потврдил дека Федерацијата ќе ги казни сите оние играчи кои ќе го напуштат сегашниот формат на меѓународни натпревари со цел да играат во приватната лига која ќе биде во организација на клубови како Барселона, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и сити, Баерн Минхен и други.

„Или ќе бидат дел од нашата организација или целосно ќе бидат исфрлени од неа. Казната ќе биде за сите првенства, фудбалерите кои се дел од клубовите кои сакаат приватна лига, не ќе можат да играат на Светско, Европско, како и во домашните шампионати“, изјави Инфантино.

Фудбалскиот свет пред извесно време беше изненаден од информациите кои ги изнесе германскиот таблоид „Der Spiegel“, според кои се дозна дека европските гиганти се обидуваат да формираат лига во која ќе настапуваат 16 од најквалитетните екипи од топ 5 лигите од Европа.

Ситна е повредата на Мертенс

Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, вчера претрпе повреда на рамото во текот на мечот против ПСЖ. Белгиецот кон крајот на средбата мораше да го напушти теренот поради болки, но по денешните прегледи, потврдено е дека се работи за нарушување на ротаторната манжетна на рамото.

Тоа значи дека Мертенс ќе мирува само два или три дена, но ќе биде на располагање кај Карло Анчелоти за претстојниот меч против Џенова во Серија А викендов.

По вчерашното реми од 1-1 против ПСЖ, Наполи во сабота продолжува со обврските во Серија А. Му следува меч на гости кај Џенова на нашиот Горан Пандев, во обид да остане при врвот и да го следи чекорот со Јуве и по 12 одиграни натпревари во италијанскиот шампионат.

Галакси е приоритет на Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ би можелo да остане во САД, поточно во Лос Анџелес, каде што настапува за тимот на Галакси, и покрај интересот од неколку европски клубови. На Швеѓанецот му е приоритет да остане во клубот, потпиша кон почетокот на 2018 година, особено ако раководстовото му исполни неколку негови желби.

„Постои интерес за мене од Европа, тоа не е тајна. Но, јас сакам да останам во ЛА, среќен сум тука. Интерес од други клубови секогаш ќе има, не беше изненадување кога ме бараа и кога бев повреден, па не е ни сега. Јас сум играч на Галакси, засега се фокусирам само на нив“, истакна Златан за американските медиуми.

Се шпекулира дека Ибрахимовиќ ѝ поставил неколку услови на управата на клубот од МЛС за да остане подолг период во Градот на Ангелите, па во следниот период ќе се знае дали неговите желби ќе бидат исполнети. Се зборува и за кратка позајмица во Европа, бидејќи Галакси моментално нема фудбалски обврски, откако рано заврши нивното патешествие во разигрувањата на плејофот. Пред неколку дена беше најавено дека постигнал вербален договор за враќање во редовите на Милан, но засега нема поконкретни информации околу тој евентуален трансфер.

Во 27 настапи во МЛС-лигата, Ибрахимовиќ постигна 22 погодоци и запиша шест асистенции.

Нејмар: Судијата воопшто не нѐ почитуваше

Фрустрацијата беше очиледна кај Нејмар на вчерашната средба против Наполи. Во неколку наврати не се согласуваше со одлуките на судијата Кујперс, а кон крајот на мечот, при еден негов протест, заработи жолт картон. Бразилецот не ги смири страстите по мечот и апелираше до УЕФА да реагира и да го заштити.

„Не ме засега што судиите можат да погрешат повеќе пати на еден натпревар. Ме иритираше начинот на кој се однесуваше со нас, не покажа ниту малку почитување. Го осудувам однесувањето на судијата, ми кажа нешто што не требаше, се надевам дека одговорните преземат мерки“, истакна Нејмар.

ПСЖ од Неапол се врати со еден освоен бод, а по четири натпревари во групата Ц, Ливерпул и Наполи ја делата првата позиција со по шест бода. Пет имаат „светците“, а четири бода има Ѕвезда по вчерашната сензационална победа над „црвените“ од Мерсисајд.

ЛА Лејкерс се засили со ветеранот Чендлер

Лос Анџелес лејкерс го потврди ангажманот на Тајсон Чендлер, кој ќе остане во редовите на „езерџиите“ до крајот на сезоната. Неговиот договор е во вредност од два милиони долари, а тој доаѓа да биде поддршка за центарските позиции.

Искусниот центар пред неколку дена стана слободен агент откако со Феникс санс се согласија да го раскинат договорот.

„По 10 одиграни мечеви во новата сезона, на младиот тим на Лејкерс му беше потребно искуство, а го пронајдовме токму во Чендлер. Тој е долго време во оваа лига, има неизмерно искуство, како и шампионски прстен, па јасно е дека очекуваме неговиот авторитет да биде добар за екипата. Исто така, ќе бидеме поцврсти во одбраната, сегмент кој мора да го подобриме во следниот период“, истакна генералниот менаџер на тимот, Роб Пелинка.

Чендлер ќе ја игра 18-тата сезона во својата кариера. Во 2011 година со тимот на Далас маверикс стана шампион на НБА, една година подоцна, на ОИ во Лондон со тимот на САД го освои и златниот медал. Во 2012 година, исто така, беше избран за најдобар дефанзивец во НБА-лигата.

МЗТ не се залажува со последното место на Вршац

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром против Вршац од 18 часот ќе се обиде да ја извојува првата гостинска победа во втората АБА-лига, но иако македонскиот тим е фаворит на хартија, тоа не мора ништо да значи. „Штрковите“ еднаш веќе се „изгореа“, кога гостуваа кај Зрињски, кој немаше ниту една победа дотогаш, но одигра одлично и го совлада МЗТ.

Вршац има само една победа, но според гостите од Скопје, мечот ќе биде тежок.

„Пред нас е исклучително тежок меч. Вршац има квалитетни кошаркари кои во ниту еден момент не смеат да се потценат. Проблем за нас е отсуството на Иве Иванов, кој се повреди против Сплит, ќе ни треба решителност и храброст“, изјави тренерот Ѓорѓи Кочов.

 

Ѓоковиќ му посака побрзо закрепнување на Надал

Рафаел Надал имаше болки во стомачните мускули, плус и операција на зглобот на десната нога во Барселона, па нема да може да игра на завршниот турнир во Лондон, а со тоа на Новак Ѓоковиќ му е загарантирано првото место на АТП-листата на крајот од сезонава. Србинот е ривал со Надал на терен, но надвор од него се пријатели и на колегата му посака што побрзо да се врати.

„На мојот пријател му ги испраќам моите најдобри желби, со надеж за брзо закрепнување по операцијата“, напиша Србинот на Твитер.

Надал излезе од болница, а шпанските медиуми објавија фотографија.

Ѓоковиќ и Надал на официјален мечеден против друг би можеле  да играат најрано на Отвореното првенство на Австралија во јануари, а постои можност да си ги одмерат силите и на егзибициски меч во Саудиска Арабија на 22-ри декември, но тоа ќе зависи од тоа дали рехабилитацијата на Надал ќе оди добро.

Победа е кошмар за Шкендија, славеше и во Купот

Прилепска Победа се претвора во вистински кошмар за Шкендија. Македонскиот првак вторпат за помалку од два месеци е поразен на свој терен во Тетово од Победа. Откако на 26-ти септември Победа се радуваше со 2-0 во првенствен меч, попладнево прилепчани минимално со 1-0 победија на гости во првиот меч од четврт-финалето Купот на Македонија.

Камерунскиот напаѓач Јаник Макота е човекот кој ѝ донесе победа на Победа, откако погоди уште во 19-тата минута. До крајот на средбата, тетовци се обидуваа да израмнат, но не успеаја. Ако се знае дека Победа се радуваше против Шкендија и на дуелот одигран во април оваа година, прилепчани успеаја да наредат три победи во низа против шампионот и се поблиску до полуфиналето.

Македонија Ѓорче Петров се врати на победите без примен гол на свој терен. Бразилецот Робсон да Силва погоди во 48-мата минута и тоа беше доволно „лавовите“ да слават со 1-0 пред реваншот на теренот на „романтичарите“.

Победи во првите мечеви од четврт-финалето остварија и двете струмички екипи. Академија Пандев со 3-1 го победи второлигашот Кораб, додека Беласица успеа да слави на гостувањето кај Силекс со 2-0 и на тој начин да биде многу блиску до влез меѓу најдобрите четири екипи во Купот.

Реванш-дуелите од четврт-финалето се закажани за петти декември, кога ќе бидат познати и екипите кои ќе обезбедат место во полуфиналето.

 

На Металург му се насмевнува втора победа во СЕХА

Металург во осмото коло на СЕХА-лигата има убава прилика да дојде до втората победа, бидејќи романска Стеауа Букурешт допатува ослабена и само со 10 здрави играчи. Утре за „металурзите“ претстои нов меч, против Спортинг Лисабон од Лигата на шампионите.

Тренерот на Металург, Данило Брестовац, првпат во кариерата се соочува со ситуација да подготвува тим за два меча по ред.

„Имам ретка можност да подготвувам два натпревари по ред во два дена. Досега не сум имал вакво искуство. Има најава дека Стеауа ќе игра со втор тим. Овој меч ќе ни послужи за искуство на младите играчи. Ако Романците настапат во најсилен состав, тоа ќе биде добар натпревар за нас. Ако одиграме на високо ниво, би требало да ја продолжиме серијата победи, но шансите се 50-50“, рече Брестовац.

Натпреварот помеѓу Металург и Стеауа се игра во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 17.15 часот.