9.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025
Дома Blog Страница 9947

Крсте Велкоски е изненадувањето за Лихтенштајн

Крсте Велкоски повторно се најде на списокот со репрезентативци за дуелите со Лихтенштајн во Вадуц на 16-ти ноември и со Гибралтар три дена подоцна.

Македонија со четирите бода од двата меча сигурно ќе биде прва во групата во Сегментот Д од Лигата на нациите, но селекторот Игор Ангеловски не сака да калкулира, па одлучи да ја засили офанзивата.

Велкоски дава голови за Сараево, ја заслужи и капитенската лента, па веројатно и не е преголемо изненадување неговото враќање во националниот состав.

Шанса да патува за Вадуц и да биде во составот и за последниот меч со Гибралтар во Скопје доби и голманот на резервите на Арсенал, Дејан Илиев.

За Лихтенштајн ќе патуваат и Елиф Елмас и Езџан Алиоски, кои немаат право да настапат порад исклучување, односно жолти картони.

Марсеј два меча без најверните и казна од 50.000 евра

Дисциплинската комисија на Лига 1 го казни Олимпик Марсеј со 50 илјади евра, но и два меча со затворен дел од стадионот „Велодром“, односно трибината каде што стојат најверните навивачи на клубот. Оваа казна следува по недоличното однесување на Ултрасите на Марсеј, кои на дербито против ПСЖ користеа пиротехника и фрлаа предмети на теренот.

Марсеј на следните два натпревари ќе нема вообичаена поддршка, уште викедов против Дижон стадионот ќе биде полупразен, а така ќе биде и против Ремс, мечот кој ќе се игра по завршувањето на репрезентативната пауза, на втори декември.

Францускиот клуб вечерва гостува на „Олимпико“ во Рим, каде што против Лацио ќе го одигра мечот од четвртото коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Спортска прогноза: Јунајтед го изненади Јувентус, на ред е Сити

Заврши и четвртото коло од натпреварите во групната фаза во Лигата на шампионите, сега сите се во исчекување на викендот. Во сабота и недела нѐ очекуваат нови возбудувања, а вниманието ќе биде свртено кон Англија и Италија, односно двете дерби-пресмети, меѓу Јувентус и Милан, односно Манчестер сити и Манчестер јунајтед.

Малкумина очекуваа дека Јунајтед на таков начин ќе дојде до победа против Јувентус во Торино, па сега „црвените ѓаволи“ со огромна мотивација ќе гостуваат на „Етихад“ во недела. Интересен е фактот што во нивната последна меѓусебна пресметка, која се одигра на тло на Сити, заврши во корист на Јунајтед со конечни 3-2, а фудбалерите на Жозе Мурињо до победата стигнаа ни помалку, ни повеќе, туку со пресврт.

Сити во првите 45 минути имаше сигурни 2-0, а во вториот дел Погба и Смолинг направија сензација. На тој меч, тимот кој го предводи Пеп Гвардиола со евентуална победа можеше да ја потврди освоената титула во Премиер лигата, но Мурињо не му дозволи да слави големиот ривал токму во градското дерби, а Сити титулата ја завери веќе во следното коло.

Интересно, Јунајтед со пресврт победи на последните два меча во англискиот шампионат, против Њукасл со 3-2 и против Борнмут со 2-1, па нема да биде изненадување да го направи тоа и трет пат во низа, односно четврти во сите натпреварувања.

Дербито Манчестер сити – Манчестер јунајтед е еден од мечевите на кои можете да го прогнозирате исходот и да ви помогне да освоите ваучери од Sport Life, a сето тоа ќе можете да го сторите на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

 

Јокиќ казнет со 25 илјади долари за вулгарност (видео)

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е казнет со 25.000 долари за употребување вулгарни зборови. Српскиот кошаркар по мечот со Чикаго булс, даваше изјава за ТВ НБА, па откако го коментираше распонот на рацете на Вендел Картер, се изрази со „no homo“.

Јокиќ веројатно мислеше да каже дека не е хомосексуалец, но употребата на урбаниот сленг во јавност, особено пред камерите, се смета за навреда, па управата на лигата одлучи парично да го казни.

„No homo, but he’s longer than you expect“, односно: „Не сум хомосексуалец, но подолги се отколку што очекувате“, е изјавата по која Јокиќ си доби „честитка“ од НБА во вредност од 25.000 долари.

https://twitter.com/TrapHouseHoops/status/1060323476198834176

Со Фелаини и без него не е сеедно

Не е сеедно без него или со него на теренот, иако многумина го оспоруваат квалитетот на Маруан Фелаини. Белгиецот влезе во игра во 79-тата минута за Манчестер јунајтед на дербито со Јувентус и заедно со Хуан Мата се творци на неочекуваниот пресврт и победата во Торино.

Мата постигна прекрасен гол од слободен удар во 86-тата минута за израмнување на 1-1, а Фелаини навлече дури тројца играчи на Јувентус при автоголот на Леонардо Бонучи во 90-тата минута за комплетен пресврт и победа од 2-1 на англискиот состав.

И педантните статистичари покрај овој пример за позитивното влијание на Фелаини, особено кога влегува како резерва, наведуваат уште два интересни примери.

На Мундијалот во Русија, Белгија беше пред елиминација во осминафиналето и заостануваше со 0-2 против Јапонија сè до влегувањето во игра на Маруан.

Играчот на Јунајтед го замени Дрис Мертенс во 65-тата минута, а Белгијците потоа, за околу половина час, направија пресврт, победија со 3-2 и се пласираа во четврт-финалето на СП.

Слично сценарио со влегувањето на Фелаини во игра, како резерва, се случи и пред еден месец во Премиер лигата.

Жозе Мурињо немаше решение за разиграниот Њукасл, екипата која имаше предност од 2-0 на „Олд Трафорд“, па како магионичар го извади од ракав Фелаини.

Белгиецот влезе во игра во 46-тата минута и помогна да се приреди подвиг од 0-2 до победа од 3-2 само за едно полувреме.

 

 

Не беше намерно – Рамос му се извини на Хавел за скршениот нос

Серхио Рамос вчера повторно беше главна тема, капитенот на Реал Мадрид одново ја покажа својата неспортска страна. Во мечот против Викторија П‘лзењ, Рамос во ситуација да ја освои топката, со лакотот го удри Милан Хавел, играчот на П‘лзењ, по што Хавел се најде на земјата и му беше потребна интервенција откако Шпанецот му го скрши носот.

Судијата не го санкционираше Рамос, а тој по мечот истакна дека немал намера да му наштети на противникот, а се огласи и преку социјалните мрежи.

„Зборував со Хавел по мечот, му се извинив. Се надевам дека брзо ќе закрепне, јас немав намера да го повредам, воопшто не требаше со таква агресија да влезам во дуелот. Сите знаеме дека и при мал удар на носот, тој може да се здобие со повреда, односно скршеница“ истакна Рамос.

https://twitter.com/SergioRamos/status/1060323257134538752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1060323257134538752&ref_url=https%3A%2F%2Fen.as.com%2Fen%2F2018%2F11%2F08%2Ffootball%2F1541663048_351468.html

Им прилега на Германците – Хофенхајм се запиша во историјата на ЛШ

Кој друг, ако не германски тим, пишуваат германските медиуми за подвигот на Хофенхајм, дебитантот во Лигата на шампионите.

Тоа е првиот тим во историјата на луксузното европско клупско натпреварување што успеал да надомести негатива од два гола со играч помалку и за едно полувреме.

Со головите на Набил Фекир и на Тангај Ндомбеле, Лион на домашен терен имаше комотна предност од 2-0 по неполн половина час игра.

Кога на почетокот на второто полувреме беше исклучен и репрезентативецот на Гана, Касим Нуху кај Хофенхајм, се чинеше дека приказната е завршена.

Сепак, гостите од Германија на најдобар можен начин одново демонстрираа колку се упорни и со головите на Андреј Крамариќ и на Павел Кадерабек израмнија на 2-2.

Освоија голем бод, што ги остава во игра за пласман во осминафиналето во ЛШ, а патем и се запишаа како прв состав во елитното клупско натпреварување во Европа што успеал да стопи негатива од два гола со фудбалер помалку, и тоа за едно полувреме.

 

Гвардиола: Не беше пенал… Стерлинг: Му се извинив на судијата

Манчестер сити со 6-0 го растури Шахтар на „Етихад“ во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ лесно стигнаа до овој триумф, но една комична сцена и лоша проценка на главниот арбитер им помогна да стигнат до својот втор гол.

Имено, Стерлинг беше во ситуација да шутира во казнениот простор на Украинците, но, тој во обид да ја шутне топката, се сопна и падна, а судијата досуди најстрога казна против Шахтар, а Жесус од белата точка зголеми на 2-0. Гвардиола по мечот истакна дека не постоел никаков пенал за неговата екипа и потенцираше дека технологијата ВАР е потребна во вакви ситуации.

„Не беше пенал, тоа е јасно како ден. Но, во Лигата на шампионите нема начин таквите моменти да се проверат веднаш на теренот. Затоа технологијата ВАР е неопходна, голем проблем е што моментално не се користи. Судиите често знаат да направат вакви грешки, но минатата сезона и нас нè оштетија во дуелот со Ливерпул. Не е убаво да се постигне или победи со таков гол, затоа УЕФА треба добро да размисли и да го воведе ВАР и во ова натпреварување“, истакна Пеп по средбата.

Свое видување на ситуацијата даде и Стерлинг, а Англичанецот му се извини на судијата непосредно по натпреварот со Шахтар.

„Не знам што се случи. Не почувствував никаков контакт, само сакав да ја шутнам топката и паднав. Му се извинувам на судијата“, истакна Стерлинг.

Погледнете ја уште еднаш ситуацијата по која Сити доби пенал во своја корист:

https://twitter.com/Superbru/status/1060269402644451330?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1060269402644451330&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fkade-gledaat-sudiite-dosuden-nepostoechki-penal-za-siti-video%2F

 

Солари сруши рекорд на Реал стар над 60 години

Кога Сантијаго Солари беше назначен за привремен тренер на Реал Мадрид, многумина беа скептични дека тоа е вистинско решение. Сега, само по три меча како тренер на Кралскиот клуб, Аргентинецот почна да руши рекорди.

Реал синоќа убедливо со 5-0 победи на гости кај Викторија П’лзењ во меч од Лигата на шампионите и со тоа стана првиот тренер кој дебитирал со три победи без примен гол. Во претходните два меча, Реал со 4-0 ја победи Мелиља во Купот на Шпанија, а потоа со 2-0 славеше на гости кај Валјадолид. Тоа значи дека Реал под водство на Солари има гол-разлика од 11:0, и тоа само по три одиграни средби.

Последен пат тоа успеал да го направи еден тренер на Реал во далечната 1957 година, кога на клупата седнал Луис Карнилје.

 

Погба сепак не утна: Ми беше чудно да заминам во гостинската соблекувална

Ми беше чудно што заминав во гостинската соблекувална. Толку се навикнав на таа на Јувентус. Им благодарам на навивачите на Јуве за аплаузите, но јас играв максимално посветено за да победиме во Торино, изјави Пол Погба по победата на Манчестер јунајтед.

Интересен е неговиот пат, бидејќи како млад играч на Манчестер јунајтед не ја доби довербата на легендарниот Сер Алекс Фергусон, па замина речиси бесплатно во Јувентус, каде што играше фантастично.

Фергусон веројатно направи една од најголемите грешки во успешната и долговечна кариера на кормилото на „црвените ѓаволи“, а тоа го чинеше Јунајтед околу 100 милиони евра отштета, што ги уплатија во касата на Јувентус за да го вратат Погба назад на „Олд Трафорд“.

Тој вчера се врати на „Алијанц стадионот“ во Торино, но го носеше дресот на гостите од Англија и доби громогласни аплаузи. Иако му беше чудно, сепак не утна да влезе во домашната соблекувална, а си замина во победничко расположение, овојпат како гостин и како фудбалер на Манчестер јунајтед.