0.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025
Дома Blog Страница 9998

„Лилјаците“ се мајстори за реми

Валенсија по седми пат сезонава мораше да дели бодови со противникот во Ла Лига, откако на „Месталја“ одиграа 1-1 против непријатниот Леганес.

Гостите поведоа во 63-тата минута откако Гамбоа беше прецизен од белата точка, а Гаја во 85-та минута не дозволи изненадување пред своите навивачи

По девет средби во шпанскиот шампионат, Валенсија има дури седум реми, еден триумф и еден пораз, а со 10 бода се наоѓаат на 12-тото место на табелата, додека Леганес изби пред Атлетик Билбао на 17-тото место со осум бода.

Сити неприкосновен, Тотенхем сигурен, во Кардиф голеада

Манчестер сити славеше убедлив триумф од 5-0 против Барнли во рамките од 9.коло во Премиер лигата. Четири различни стрелци ја тресеа мрежата на Харт, отвори Агуеро во 17-тата минута, а Бернардо Силва, Фернандињо, Марез и Сане погодија во второто полувреме.

Сити со оваа победа изби на чело на табелата во англискиот шампионат, со 23 бода од девет средби, два повеќе од Челзи.

Тотенхем со минимални 1-0 се избори за победа во градското дерби против Вест хем. Ламела пред финошот на првото полувреме ја затресе мрежата на олимпискиот стадион во Лондон, додека Љорис во продолжението неколку пати се покажа како херој на „петлите“ со своите одбрани, успевајќи да ги задржи трите бода за својата екипа.

Голедата од шест гола припадна на Кардиф во дуелот против Фулам при конечни 4-2. Четири погодоци паднаа во првите 45 минути, со тоа што гостите поведоа преку Шурле во 11-тата минута, а Марфи и Рид стрелаа во рок од пет минути за пресврт на Кардиф. Сесењо израмни во 34-тата минута на 2-2, додека домаќините во вториот дел стигнаа до значајна победа со головите на Патерсон и Херис.

Резултати 9. коло Премиер лига:

Манчестер сити – Барнли 5-0 (1-0)

Кардиф – Фулам 4-2 (2-2)

Вест хем  – Тотенхем 0-1 (0-1)

Њукасл – Брајтон 0-1 (0-1)

Вулверхемптон – Вотфорд 0-2 (0-2)

Бурнемаут – Саутемптон 0-0

 

Левандовски е кошмар за Волфсбург, Дортмунд маршира во Бундеслигата

Баерн Минхен го истури гневот врз Волфсбург со победа од 3-1 во мечот од рамките од 8. коло во Бундеслигата. Левандовски одново ја тресеше мрежата против „волците“, кои веќе му се омилен противник на Полјакот.

Голгетерот на „баварците“ прво погоди во 30-тата минута, а за 2-0 зголеми кон почетокот на второто полувреме. Баерн остана со играч помалку на теренот откако Робен заработи втор жолт картон, па домаќините ја искористија ситуацијата да ја намалат негативата преку Вегхорст во 63-тата минута. Сепак, Хамес Родригез ги реши сите дилеми во 72-та минута, погоди на асистенција на Левандовски.

Со овој триумф Баерн најави излегување од кризата, во која немаа остварено позитивен исход на четири последователни средби во сите натпреварувања.

Борусија Дортмунд славеше убедливо на гостувањето на Штутгарт со 4-0. „Милионерите“ веќе по три минути стигнаа до предност преку младиот Санчо, а Ројс и Алкасер погодија за високи 3-0 веќе по 25 минути игра. Конечните 4-0 ги постави Филип во 85-тата минута од средбата.

Со 20 освоени бодови по осум меча, Дортмунд останува на чело на табелата, со четири бода предност во однос на второ пласираниот Баерн.

Резултати Бундеслига 8. коло:

Аугзбург – Лајпциг 0-0

Баер Леверкузен – Хановер 2-2 (1-1)

Волфсбург – Баерн Минхен 1-3 (0-1)

Штутгарт – Борусија Дортмунд 0-4 (0-3)

Нирнберг – Хофенхајм 1-3 (1-0)

 

 

Шпанија погоди во финишот за несреќен пораз на надежите

Фудбалската селекција на Македонија до 17 години, со пораз од Шпанија при минимални 1-0 тргна во претквалификациите за Европското првенство 2019 година. Надежите цели 90 минути ја чуваа мрежата, а Пириз во петтата минута од судиското надополнување донесе значајна победа за неговата селекција.

Ова беше прва пресметка за надежите во обидот да влезат во елитната фаза од квалификациите, а веќе за три дена ги очекува нов дуел на тренинг центарот „Петар Милошевски“, против Израел, репрезентацијата која претходно славеше со убедливи 6-0 против Фарските Острови.

Средбата против Израел е предвидена за терминот од 15:15 часот, додека на 26-ти октомври Македонија игра против Фарските Острови, во 14:30 часот.

Спал им нанесе нова болка на римјаните

Спал изненади со сигурен триумф од 2-0 против Рома на „Олимпико“. Гостите им го нанесоа третиот пораз на „римската волчица“ во Серија А, а воедно ставија крај на својата низа од четири порази во италијанскиот шампионат.

Петања во 38-та минута беше прецизен од белата точка, а натпреварот го реши Бонифази во 56-тата минута. Гостите останаа со играч помалку, откако голманот на гостите, Вања Милинковиќ – Савиќ (братот на Сергеј), заработи брзи два жолти картони поради задржување на времето и беше исклучен од мечот во 75-тата минута, меѓутоа Рома тоа не го искористи и испушти навидум сигурни бодови на свое тло.

https://www.dailymotion.com/video/x6vtd0y

Тетекс сигурен против Генч Калемер, Пелистер подобар од Скопје

Тетекс со 2-0 оствари сигурен триумф против Генч Калемер во 9. коло од македонската Втора лига. Тетовци стигнаа до само втората победа сезонава, а за трите бода погодија Косев во 38-тата и Салији во 75-тата минута од средбата.

Пелистер триумфираше со минимални 1-0 против тимот на Скопје, благодарение на голот на Главевски во 66-тата минута. Битолчани со оваа победа излегоа од црвената зона на табелата на Западот, сега имаат 11 бода.

Гостивар и Кораб ремизираа при конечни 1-1, додека и на мечот Влазрими – Лабуништа немаше победник, во ремито без голови.

На Мурињо му „пукна филмот“ по голот на Баркли (видео)

Баркли го спаси Челзи од прв пораз сезонава во Премиер лигата против Манчестер јунајтед во самата завршница на дербито. Англичанецот погоди за 2-2 во 96-та минута, за ерупција на „Стемфорд бриџ“, која не му се допадна на Жозе Мурињо.

Португалскиот стратег се испровоцира откако еден тренер од стручниот штаб на „сините“ истрча да го слави голот пред клупата на Јунајтед, а Мурињо веднаш стана да се пресмета со целиот екипаж на Челзи.

https://twitter.com/SkySportsPL/status/1053639490080784384?s=19

https://www.youtube.com/watch?v=eCy_oD2T1bo

https://www.youtube.com/watch?v=pMAycBbyCHY

Баркли го спаси Челзи од пораз во 96-та минута

Рос Баркли го спаси Челзи од пораз пред своја публика против Манчестер јунајтед, дербито на „Стемфорд бриџ“ заврши со реми од 2-2. Ентони Марсијал беше човекот од одлука за избраниците на Жозе Мурињо, кој со два гола во вториот дел направи комплетен пресврт по негативата од еден гол во првото полувреме, додека „сините“ успеаја да израмнат во последната минута од судиското надополнување.

Водство за „сините“ донесе Антониот Ридигер во 21-та минута, Челзи го искористи првиот нивен корнер на средбата за да постигнат погодок. Иако фудбалерите на Сари ја имаа иницијативата во првите 45 минути, Јунајтед во вториот дел со обновени сили успеа да се избори за пресврт во своја корист.

Марсијал прво беше прецизен во 55-та минута, откако ја искористи мешаницата пред голот на Кепа, а за пресврт погоди во 73-тата минута по еден контранапад на гостите. Во 96-тата минута Баркли беше најбрз пред голот на Де Хеа и ја смести топката во мрежата за конечни 2-2.

 

Барди со Леванте го освои „Сантијаго Бернабеу“ и го бутна „кралот“ на колена

Енис Барди со Леванте направија големо изненадување и победија на гостувањето во Мадрид против Реал, со 2:1. Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути и беше еден од оние кои „царуваа“ во средината на теренот.

Уште во првите 15 минути од мечот Леванте најави дека е подготвен да слави на „Сантијаго Бернабеу“. По само 6 минути погоди Моралес, кој ја искористи грешката на Рафаел Варан. Францускиот репрезентативец во редовите на Реал во 13 минута направи и пенал, кој го реализираше Роџер.

На овој меч Реал постави и еден неславен рекорд. За прв пат во својата историја не успеа да даде гол на 480 минути. Таа лоша серија заврши со погодокот на Марсело во 72 минута, но тоа беше премалку за Реал да се спаси од пораз. На крајот Барди и другарите се радуваа.

Македонскиот репрезентативец сега може да се пофали дека за само пет месеци успеа со Леванте да ги победи двата најтрофејни клуба во Шпанија. Во мај, на крајот од минатата сезона, Леванте со 5:4 ја победи Барселона, а Барди тогаш даде два гола. Овојпат против Реал не се запиша во листата на стрелци, но имаше забележителна улога во победата од 2:1.

За прв пат во 116 годишната историја Реал толку долго нема дадено гол!

Реал Мадрид требаше да даде барем еден гол до 55 минута на дуелот проитв Леванте, за да избегне еден неславен рекорд. „Кралскиот клуб“ сепак не успеа да погоди на својот „Сантијаго Бернабеу“, па оваа генерација на шпанскиот гигант е рекордер по бројот на минути без да даде погодок.

За прв пат во 116-годишната историја на Реал цели 481 минути нема постигнато гол, односно осум часа. Неверојатната серија на Реал без да даде гол започна на мечот против Алавес, а потоа продолжи и на дуелите против ЦСКА Москва, Атлетико Мадрид, Севилја, а тука се бројат и 49 минути од последниот погодок постигнат на средбата против Еспањол. На крајот таа низа заврши благодарение на голот на Марсело во 72 минута против Леванте.

Претходниот неславен рекорд беше 464 минути и тоа беше генерацијата од 1985 година. Тогаш тимот не можеше да даде гол на дуелите против Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид, Интер, Валенсија и Еркулес. Сега, по 33 години, тој негативен рекорд е надминат.