Патот до Евролигата му е отворен – Нено пред трансфер на кариерата

Кошаркарската Македонија од Перо Антиќ немала претставник во Евролигата, но работите набрзо може да се сменат. Нашиот плејмејкер и репрезентативец Ненад Димитријевиќ се наоѓа пред трансфер на кариерата откако добил атрактивни понуди од Барселона и Валенсија.

Шпанските гиганти кои и следната година ќе се натпреваруваат во најелитниот континентален шампионат, се сериозни во намерата да го ангажираат организаторот на играта на Хувентуд. Со блескавите партии во шпанското првенство и Еврокупот, Димитријевиќ го привлече вниманието кон себе и речиси сигурно ова лето ќе го напушти тимот каде што игра од 2016 година.

Нено оваа сезона посебно се истакна во Еврокупот, каде што беше најефикасен играч на Хувентуд до прекинот на сезоната со 11,9 поени и 3,9 асистенции по натпревар. Инаку, 22-годишниот Македонец е кандидат за најдобар млад кошаркар во Ендеса лигата за сезоната 2019/20.

- Оглас -

Најнови вести