Петковиќ: Пред четири години бев 78-ми напаѓач во Хрватска!

Бруно Петковиќ е еден од хероите на Хрватска во дуелот против Бразил. Петковиќ влезе како резерва во дуелот против петкратниот светски првак и успеа да даде гол за 1:1 во 117 минута, односно три минути пред последниот свиреж на судијата.

Петковиќ кој игра за Динамо Загреб се сеќава како му било пред четири години кога Хрватска играше на Мундијалот во Русија и кога стигна до финалето. Во тоа време Петковиќ воопшто не ни помислувал дека ќе дојде време тој да игра за Коцкестите на Мундијал, а уште помалку дека ќе биде стрелец на гол во историски триумф над Бразил.

„Беше поуфинале на СП во Русија во 2018 година, а јас требаше да одам на подготовки со Болоња. Тогаш бев петти или шести исзбор во нападот на клубот, а ако се гледа хрватска, сигурно бев 78-ми избор за игра во нападот на репрезентацијата. Бев горд кога ја гледав репрезентацијата. Се мислев дали да одам на подготовки или да одам во Москва да го гледам финалето од трибини. Сите тие темели кои беа поставени, ја држат оваа екипа како една целина, заедно со нас новите играчи“, вели Петковиќ, кој во 2018 година се мачеше да се избори за место во стартен тим, па игрше во италијански нисколигаши и блиску беше до стигнување во аматерска лига.

- Оглас -

Најнови вести