По бурните реакции на тенисерите, Индијан Велс одлучи да им помогне

Откажувањето на Индијан Велс само на два дена пред почетокот произведе негативни реакции од тенисерите кои веќе беа сместени во Калифорнија и подготвени за настап. И машките и женските учесници беа лути на организаторите што навреме не им соопштиле дека турнирот нема да се одржи како мерка преземена против ширење на Коронавирусот.

Токму затоа, организаторите на Индијан Велс одлучија да им помогнат на тенисерите така што им обезбедија сместување до 16 март, како и им ги ослободија терените со цел да тренираат, а платени им се и превозот и храната.

Од АТП најавија дека останатите турнири би требало да се одржат според планот.

- Оглас -

Најнови вести