По Ди Франческо, Рома се раздели и со Мончи

Рамон Родригес Вердехо, или попознат како Мончи, повеќе не е спортски директор на Рома откако двете страни спогодбено ја прекинаа соработката. Ваквата одлука на шпанскиот транфер гуру дојде по разрешувањето на Еузебио Ди Франческо од функцијата тренер на првиот тим. За предвремениот раскин на договорот Мончи ќе добие 1,5 милиони евра отштета, а веќе се шпекулира дека Арсенал ќе биде негова следна дестинација.

Мончи беше човекот кој гарантираше и имаше доверба во Ди Франческо, а претходно се закани дека сам ќе замине од Рома доколку италијанскиот стратег добие отказ, што и се случи по елиминацијата од Порто во Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми го надедоа дуото од Сампдорија, Валтер Сабатини и Карло Остри, како замена за Мончи, додека до конечен ангажман на нов спортски директор, вршители на должноста ќе бидат Рики Масара и Федерико Балзарети.

Ниту навивачите на Рома беа задоволни од работата на Мончи во изминативе две години, а по колапсот против португалскиот првак во осминафиналето од ЛШ, дојде до вербален сукоб меѓу двете страни.

- Оглас -

Најнови вести