По два меча суспензија за тепачите Ембид и Ентони-Таунс

Дуелот на Филаделфија и Минесота кој се одигра пред две ноќи го одбележа тепачката меѓу олстар-играчите Џоел Ембид и Карл Ентони-Таунс. Центрите на двете екипи се зафатија на сред терен и направија инцидент, па дисциплинската комисија на НБА-лигата одлучи да ги казни со по два меча неиграње, без парични казни.

Звучи смешно бидејќи како што е познато, НБА-лигата не толерира насилство и порано казните беа многу поригорозни, а удираа и по џебот.

Ембид нема да игра во средбите против Портланд и Феникс на 3, односно 5 ноември, додека Ентони-Таунс ќе ги пропушти дуелите против Вашингтон и Милвоки.

Во инцидентот учествуваше и Бен Симонс, кој на снимката се гледа како го дави центарот на Минесота додека е на земја, но комисијата го окарактеризира тој потег како обид да спречи да не дојде до поголема тепачка.

- Оглас -

Најнови вести