По ваков еврогол што примија, греота е пак да бидат тепани (Видео)

Бенфика е тимот кој има кошмарно продолжување на сезоната во Португалија. Некогашниот европски првак е во трка со Порто за освојување на титулата, а пред тримесечната пауза, Порто имаше еден бод повеќе од Бенфика.

Рестартирањето на сезоната некако не беше добро за двата клуба. Порто загуби на гости од Фамаликао и тоа беше шанса Бенфика да избие на чело на табелата. Сепак, Бенфика на свој терен одигра само 0:0 против слабата Тондела и само се израмни со Порто по бројот на бодови.

Овој кикс на гигантот од Лисабон ги налути навивачите на Бенфика кои по завршувањето на таа средба, го нападнаа автобусот на своите миленици. Беа искршени неколку прозори, а двајца фудбалери заработија повреди од скршените стакла. Тој напад требаше да биде како предупредување Бенфика да не прави киксови во следните дуели, но се случи спротивното.

Бенфика синоќа на гостувањето кај Портимоненсе и на полувремето имаше предност од 2:0. Се чинеше дека гостите ќе стигнат до трите бода, но во вториот дел Портимоненсе постигна два гола и ја скрати радоста на гостите. Посебно спектакулатен беше вториот гол на домаќините, кој може да донесе нови напади кон играчите на Бенфика, тим кој сега заостанува два бода зад ривалот Порто.

 

- Оглас -

Најнови вести