Почина легендата на југословенскиот фудбал Илија Петковиќ

Илија Петковиќ, некогашниот селектор на поранешна Југославија и Србија и Црна Гора, почина на 75 години откако ја загуби животната битка со корона-вирусот. Петковиќ бил ставен на респиратор по што му се утврдило присуство на опасниот вирус откако бил примен во болница во Белград по компликации со дванаесетпалачното црево.

Во изминатите часови состојбата на Петковиќ се влошила по што загубил голема количина на крв и морало да го приклучат на апарати, меѓутоа тој не ја издржа тешката битка.

Покрај тоа што беше селектор на Југославија и СЦГ, во тренерската кариера Петковиќ ги водеше Ал Ахли, Арис, и Шангај Шенхуа, додека последен ангажман му беше во младата селекција на Србија.

- Оглас -

Најнови вести