Подарок е неделната шестка од нашите прогнозери со коефициент 26.5

Единаесеттото коло на Спортска прогноза е во тек, во игра за премијата „Ајфон“ има доста учесници кои ги погодија вчерашните 4 натпревари, па како им оди вреди да ги послушате нивните совети и за денешните мечеви што се на менито на нашата се попопуларна игра.

Во основниот дел од 13 двојки денеска грото од прогнозерите предвидуваат победа на Србија против Украина во меч што е значаен за популарните „орли“, а нема резултатски императив за гостите, кои веќе се пласирани на ЕП 2020 година.

Тој пар може да се одигра со коефициент од Супер типот на Sport Life, а дури 71.5 проценти оф 1.242 прогнозери што типуваа во ова коло на Спортска прогноза очекуваат триумф на Србија.

Апсолутен фаворит е и младата селекција на Германија за играчи до 21 година против врсниците од Белгија и тука рекордни 93.3 посто прогнозираат единица, односно триумф на актуелните европски вицешампиони.

Блиску со процентот се и прогнозите дека Англија ќе го победи Косово во Приштина, а за двојка типувале 88.9 проценти. Коефициентот е 1.45 за успешна мисија на „Гордиот Албион“ во меч без резултатски императив.

Голем е и процентот на прогнозери што очекуваат „кец“ во Бразил на мечот меѓу Коринтијанс и Интернасионал, а лесна задача според прогнозите ја чека и Чешка во Софија против Бугарија и Франција на гостувањето кај Албанија.

Вкупниот коефициент за добитен тикет ако ги послушате напите прогнозери е 26.5 во обложувалниците. Вреди да се обидете со уплата на шестте денешни двојки од менито на 11. коло на Спортската прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести