Поддршка за Касилјас од сите страни, желби за здравје и од Барселона и Пике

Откако од Португалија дојде шокантната вест за срцевиот проблем на шпанскиот голман Икер Касилјас, на социјалните мрежи од сите страни пристигнуваат пораки за поддршка до чуварот на мрежата на Порто.

Први се јавија од Порто и Реал Мадрид, кои на „саканиот и вечен капитен“ му посакаа што побрзо да ги надмине проблемите и да се врати на фудбалскиот терен.

Поддршка за Икер дојде од ривалите Барселона и Атлетико Мадрид, како и многу спортисти, клубови и спортски работници како Рафаел Надал, Серхио Рамос, Олимпискиот комитет на Шпанија, Тибо Куртоа, Санти Касорла, Карлос Саинс, Руди Фернандес, Пабло Ласо, Герет Бејл, Пепе Реина, Вилјареал, Жирона, Атлетик Билбао, Милан, Жерард Пике, Еспањол, Фелипе Рејес, Уеска, Пау Гасол, Гути, Алваро Бенито Вилјар, Хоакин Санчес, Давид Силва, Наполи, Фабио Канаваро, Кристијано Роналдо, Луис Фиго, Фернандо Мориентес, Месут Озил, Руд Ван Нистелрој, Спортинг Лисабон, Челзи, Манчестер сити, итн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести