Покетино: Сакам да освојам една титула со Тотенхем пред да умрам!

Аргентинскиот фудбалски стручњак Маурисио Покетино го поврзуваат со можно преземање на стручниот штаб на Њукасл, се шпекулираше дека тој е „избраниот“ да биде наследник на Зинедин Зидан, но негова желба е еден ден да се врати во Тотенхем и да освои трофеј со лондонските Петли.

Покетино, кој има 48 години, во ноември доби отказ од Тотенхем, но тоа не го спречува да сонува за враќање еден ден во клубот од северниот дел на Лондон. Покетино за пет години го искачи клубот меѓу подобрите во Англија и неколку пати беше на прагот на трофеј, но не освои ниту еден, секогаш се сопнуваше на последната пречка.

Тотенхем со Покетино еднаш беше втор, а двапати трет во Премиер лигата и еднаш стигна до финалето во Лигата на шампионите.

„Имав неверојатен престој во Тотенхем, а крајот не беше каков што го посакував. Длабоко во мојата душа, во моето срце, сигурен сум дека еден ден патиштата повторно ќе ни се вкрстат. Од денот кога го напуштив клубот, мој сон е да се вратам и да се обидам да ја довршам работата која не ја довршив, Навивачите се феноменални, можеби за 5 или 10 години универзумот ќе помогне тие пак да ме бодрат и ќе ми се исполни желбата пред да умрам, да освојам барем еден трофеј со Тотенхем. Сакам да почувствувам како би изгледало тоа“, вели Покетино.

- Оглас -

Најнови вести