Полни трибини на тренингот на Борусија (Фото)

Борусија Менхенгладбах започна со реализација на идејата која ја најави од пред неколку недели. Уште кога започна пандемијата со корона-вирусот и кога беше јасно дека доколку продолжат мечевите, нема да биде дозволено присуство на публика, челниците на Борусија не губеа време. Тие најавија дека ќе подготват картонски ликови од навивачите, па стадионот ќе делува како да е исполнет.

Како тоа ќе изгледа на натпреварите, се тестираше на денешниот тренинг на Борусија Менхенгладбах. Повеќе од 16.000 навивачи платија по 19 евра за да добијат свој картонски лик на трибините, па стадионот на денешниот тренинг изгледаше како да е исполнет и играчите како да тренираат пред своите фанови.

Бундеслигата ќе продолжи на 16 мај, а Борусија во првото коло по рестартот ќе гостува кај Ајнтрахт Франкфурт. Сите двојки од колото кое ќе се игра од 16 до 18 мај може да ги погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести