Поминаа пет години кога детето Лука Дончиќ дебитираше и со првиот шут покажа дека ќе биде магичен (Видео)

Лука Дончиќ е еден од најдобрите кошаркари на денешницата. Иако има само 21 година, Словенецот со своите игри покажува дека е незадржлив и дека во следните 10-тина години тој ќе биде еден од владетелите на кошаркарскиот терен.

Уште како дете Лука покажувал неверојатен талент, па затоа на 13-годишна возраст заминува во Реал Мадрид. Ги поминува младинските категории, покажувајќи дека неговиот талент е огромен и дека многу брзо треба да влезе во сениорскиот состав.

на 30 април 2015 година, Дончиќ беше на клупата на Реал Мадрид. Кралевите имаа убедлива предност против Уникаха, кога на две минути до крајот, Дончиќ доби шанса да дебитира во сениорскиот состав. Словенецот стана најмладиот дебитант во историјата на Реал Мадрид и трет најмлад во историјата на шпанската кошарка. Дека тоа воопшто тоа не му преставува притисок туку само поттик да го покаже својот квалитет, Дончиќ покажа уште во првиот напад откако влезе на теренот. Доби топка и веднаш шутна за три поени и погоди. Тоа беше знак дека ѕвездата е родена!

Иако тинејџер, Дончиќ брзо се претвори во еден од лидерите во Реал Мадирд, тим со кој ги освои сите најзначајни титули. Во 2018 година беше прогласен за МВП на Евролигата и МВП на Фајнл фор турнирот, а Реал Мадрид стана првак на Европа.

Тоа беше знак дека Дончиќ е подоготвен да замине во НБА лигата. На драфтот беше избран од Далас маверикс и уште во првата сезона блесна и беше прогласен за Дебитант на сезоната во НБА лигата. Сезонава Дончиќ речиси и да немаше меч на кој не сруши некој НБА рекорд покажувајќи го својот неверојатен талент.

И додека многу кошаркари на 21 година уште ги нарекуваат таленти, Дончиќ е доминантен на теренот и допрва од него треба да очекуваме нови кошаркарски магии.

- Оглас -

Најнови вести