Понекогаш парите немаат никаква вредност (фото)

Малку кој очекуваше дека доминантниот Манчестер сити ќе го претрпи првиот пораз сезонава токму од Норич. На „Кероу роуд“ Канаринците ги освоија важните бодови со сензационални 3-2, а покрај навивачите на Норич на овој триумф посебно се радуваа и фановите на Ливерпул, бидејќи нивниот тим по пет кола во Премиер лигата има пет бода предност на табелата.

Победата над актуелниот шампион за Норич е посебна од уште една причина, покрај тоа што се новаци во англиската елита. Имено, вредноста на денешниот состав кој го предводеше Даниел Фарке е вкупно 6,5 милиони фунти, додека избраниците на Пеп Гвардиола вредат 100 пати повеќе.

Сите знаат колку Манчестер сити троши средства за да има шампионски тим, особено откако Шпанецот го презеде кормилото во 2016 година. Но, во овој случај, ниту 406 милиони фунти не ја направија разликата, Сити загуби од екипа во која ниту еден фудбалер не вреди повеќе од 1,5 милион фунти на трансфер пазарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести