Попович: Не може поразот од Франција да биде изненадување

Американската кошаркарска селекција за првпат од ОИ во Атина во 2004 година претрпе пораз откако Франција ја покажа силата и го надигра дрим-тимот на стартот од кошаркарскиот турнир во Токио.

Селекторот Грег Попович одби да каже дека поразот е изненадувачки бидејќи Триколорите се многу квалитетен ти, и дека остатокот од светот го стигнува квалитетот на Американците од година во година.

„Непочитување кон Франција е да се каже дека овој пораз е изненадување. Јас по загубен меч не сум изненаден, туку разочаран, не го разбирам зборот „изненадување“. Зарем треба да победуваме со 30 коша разлика за да кажете дека е нормална работа? Затоа не се чудете, јазот меѓу кошарката во Америка и остатокот од светот се намалува од година во година. Французите имаат одличен тим и доста НБА-ѕвезди“, посочи Попович.

САД на 28 јули ќе се поправа против Иран, Франција ќе ги одмери силите со Чешка во второто коло од групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести