Поранешниот англиски судија ги реши сите дилеми за тоа дали голот на Бруно е регуларен или не

Манчестер јунајтед со 2:1 го победи градскиот ривал Сити во дербито на „Олд Трафорд“, но дуелот не помина без спорни моменти кои се покажаа како клучни за конечниот резултат.

Сити водеше со 1:0 кога Рашфорд тргна во напад, но беше во офсајд и без да ја допре топката во последен момент застана и дозволи неговиот соиграч Бруно Фернандеш да постигне гол. Во тој момент помошникот судија покажа офсајд, но по консултација со ВАР собата, погодокот беше признат.

Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола беше многу револтиран од оваа одлука на арбитрите, но дека шпанскиот стратег нема за што да негодува потврди и некогашниот англиски судија, Питер Волтон.

„Според правилата, Рашфорд не направи ништо непрописно. Не играше со топката, ниту имаше контакт со противничките фудбалери. Всушност Рашфорд направи многу добро за својот тим“, анализираше Волтон.

Оваа анализа сигурно нема да му се допадне на тренерот на Сити, Пеп Гвардиола кој имаше многу забелешки на одлуката на судијата да го признае тој погодок.

- Оглас -

Најнови вести