Португалија и Франција нема да си доволат луксуз

Луксембург – Португалија (Квалификации за ЕП, 15 часот)

Актуелните европски прваци не смеат да калкулираат на „Жози Бартел“ против Луксембург и мора да одат на победа за да бидат сигурни дека ќе можат да ја бранат титулата на јубилејното ЕП, следната година.

Кристијано Роналдо е во форма, постигна хет-трик против Литванија пред три дена, иако има проблеми во Јувентус. Дресот со национална обележја е сепак сосема поинаква работа, а капитенот е тука за да ги предводи Португалците до триумф што им овозможува да размислуваат и за одбрана на европската круна.

Луксембург е во аут, а тешко дека можат да го повторат подвигот од 1961 година, кога за единствен пат ја победија Португалија со 4:2 во вкупно 13 меѓусебни дуели со европските Бразилци.

Двојката е мала, па ќе ја почитуваме традицијата во нивните мечеви, која вели дека на последните 8 меѓусебни пресметки секогаш имало од 1-3 гола и во првото и во второто полувреме.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.64)

 

Србија – Украина (Квалификации за ЕП, 15 часот)

Србија ќе игра за победа против релаксираните Украинци, кои веќе се на Европското првенство. Популарните „орли“ мора да одат на трите бода, иако шансите за пласман на континенталниот собир преку квалификациите им се тенки. Зависат од исходот на дуелот меѓу Луксембург и Португалија, но и да не успеат ќе имаат и втора шанса преку Лигата на Нации.

Тука Србите ќе имаат и дополнителен мотив, да се реваншираат за катастрофалниот пораз од 0:5 на првиот меч во Лвов. Домаќините ќе имаат и дополнителен проблем, бидејќи за нив Украина е многу незгоден ривал што ги победи на сите пет досегашни меѓусебни дуели и тоа за чудо без да примат ниту еден гол.

Традицијата постои за да се урне, а типуваме дека ќе се тресат мрежите на Малата Маракана, или како што сега се нарекува „Рајко Митиќ“ стадионот во Белград.

Предлог тип: ГГ (1.85)

 

Бугарија – Чешка (Квалификации за ЕП, 18 часот)

Бугарија игра многу лошо и ова им е најслабиот квалификациски циклус досега. Освоија само 3 бода на 7 натпревари со мизерна гол-разлика од 5:17, што не му доликува на некогашниот полуфиналист од Светското првенство во САД во 1992 година.

Бугарите веќе немаат фудбалери од калибарот на Стоичков, Лечков, Костадинов…, а денеска ќе играат и без поддршка од своите навивачи.

Стадионот „Васил Левски“ ќе биде празен по казната од УЕФА за расистички навреди од трибините на дуелот со Англија.

Бугарите се во лоша форма, имаат и превирања во фудбалската федерација, но сега мора да ја спасуваат честа со победа, или реми за да не бидат последни во групата.

Чесите се во славеничко расположение по победата против Косово што им ги визираше пасошите за ЕП 2020 година и можно е да играат со подмладен состав.

Предлог тип: 1Х (1.98)

 

Косово – Англија (Квалификации за ЕП, 18 часот)

Косово не разочара во квалификацискиот циклус, но не успеа да направи подвиг и да обезбеди пласман на ЕП 2020 година. Со голот на Нухиу, во Плзен против Чешка беа на прагот на успех, но примија два гола и испаднаа од трката за настап на ЕП, барем преку квалификациите.

Сега ќе се подготвуваа за големото балканско дерби против Македонија, во март идната година, кога ќе ни бидат гости во нокаут полуфиналето од Д сегментот во Лигата на Нации.

На гости им доаѓа Англија, селекција која е посилна од нив и ги победи на Вембли во супер атрактивен меч со 5:3. Можно е повторно да има голеада, но овде ќе одиграме на квалитет и типуваме дека Англија ќе води на полувреме и ќе го добие мечот.

Предлог тип: 2-2 (2.12)

 

Албанија – Франција (Квалификации за ЕП, 20.45 часот)

Албанците имаат драстичен пад во формата што пред три години ги одведе до историски настап на Европското првенство во Франција. Беа слаби во Лигата на Нации, а пред три дена доживеаја фудбалски срам во Елбасан кога ремизираа со Андора, 2:2.

Франција не е репрезентација за вадење, се работи за актуелен светски првак, а лошо за Албанците е што „триколорите“ мора да победат за да бидат први во групата.

Избраниците на Дидие Дешан имаат 22 бода, два повеќе од Турција, но и послаб меѓусебен биланс, па ако не победат, а Турција успее да ја совлада Андора ќе бидат втори во групата. Таков луксуз против Албанија тешко дека ќе си дозволат вечерва во Тирана, а во прилог на ова е што Франција на шест официјални меѓусебни дуели секогаш ја победувала Албанија.

Предлог тип: 2-2 (1.92)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со три натпревари со уникатни коефициенти може да ги одиграте овие натпревари:

Србија – Украина (Квалификации за ЕП, 15 часот)

Предлог тип: 1Х&2-4 гола (2.10)

Циципас – Тим (Финале, АТП Лондон 19 часот)

Предлог тип: Сет-Сет (2.30)

Албанија – Франција (Квалификации за ЕП, 20.45 часот)

Предлог тип: Т2 1+I& 1+II (2.15)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести