Последниот меч на Марадона беше со победа на стадионот на најголемиот ривал (Видео)

На 25 октовмри 1997 година, Диего Армандо Марадона го одигра последниот професионален натпревар во кариерата. Како капитен на Бока јуниорс истрча на стадионот „Монументал“, во дуелот со најголемиот ривал Ривер плејт.

Марадона имаше сила да одигра само едно полувреме на најголемото дерби во Аргентина и едно од најголемите во светот. Дон Диего имаше проблеми со коленото и мораше на полувреме да биде заменет. На негово место влезе Хуан Роман Рикелме, а на крајот Бока успеа со 2:1 да победи на стадионот на Ривер плејт.

Тогаш никој не можеше да поверува дека тоа ќе биде последниот професионален меч на Марадона. Само пет дена по дербито, Марадона изјави: Мојата фудбалска кариера е завршена!

Денеска, на 60-годишна возраст згасна животот на легендарниот Диего Армандо Марадона.

 

 

- Оглас -

Најнови вести