Постави рекорд на 38 години, па сега бара нов договор

Капитенот на Бетис Хоакин јавно побара од клубот да му понудат нов договор откако легендата на шпанскиот фудбал викендов оствари рекорд во дуелот против Атлетик Билбао. Хоакин стана најстар фудбалер кој запишал хет-трик на еден првенствен меч во Ла Лига со 38 години и 140 дена. 

За да го помине Алфредо ди Стефано, Хоакин постигна три гола само за 20 минут и на тој начин го зголеми учинокот на шест гола по 15 меча во првенството за оваа сезона. Без разлика на неговите години, верниот играч на андалузискиот клуб не планира да стави крај на фудбалските обврски, па смета дека со неговото гол-шоу ќе ја убеди управата на Бетис да го задржат во своите редови и наредната сезона.

„Време е да седнеме и да разговараме за нов договор. Знам дека се задоволни од мене и јас сум среќен што сум тука. Уживам да сум на теренот и да правам сè што можам за Бетис да победува. Уште имам што да понудам“, истакна Хоакин за шпанските медиуми.

На Хоакин актуелниот договор му истекува по крајот на оваа сезона. Во Бетис се врати во 2015 година, откако ги менуваше дресовите на Валенсија, Малага и Фиорентина. Токму на „Бенито Вилјамарин“ ја започна кариерата, а по повеќе од 363 натпревари во дресот на Бетис, Хоакин сака на истото место да стави крај на неговата авантура.

 

- Оглас -

Најнови вести