Повредата на Дончиќ не е сериозна, но веројатно нема да настапи во четвртиот меч против Клиперс

Лука Дончиќ најверојатно нема да настапи во четвртиот меч против ЛА клиперс откако е утврдено истегнување на лигаментите на неговиот лев зглоб.

Словенечката ѕвезда се повреди во текот на третата средба која Далас ја загуби, но сепак успеа да се врати на паркетот и да оствари троен учинок од 13 поени, 10 скока и исто толку асистенции во помалку од 30 минути.

Иако Дончиќ не беше загрижен за состојбата на зглобот по мечот, тренерот Рик Карлајл посочи дека не планира да ризикува и да ја загуби својата ѕвезда на подолг период.

Клиперси водат со 2-1 во серијата против Далас, четвртиот дуел е закажан за утре во 21:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести