Познато зошто Пеле завршил во болница

На Пеле успешно му била извршена операција на дебелото црево по откриен тумор од страна на неговите лекари.

Како што е познато, бразилската фудбалска легенда веќе неколку дена бил пациент во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, а на редовните прегледи по детални анализи бил откриен туморот.

Успешно е отстранет, по што Пеле се огласи преку социјалните мрежи дека сè минало во најдобар ред и дека и оваа битка ќе ја добие со насмевка.

„Ви благодарам за пораките и поддршката. За среќа, немаше проблеми, лекарите добро се згрижија за мене. Навикнат сум да славам победи, па така ќе биде и сега. И овој натпревар ќе го добијам со насмевка и среќа, знаејќи дека околу мене се најблиските од моето семејство и пријателите“, истакна Пеле преку социјалните мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести