Премиерлигата соопшти радосна вест за симпатизерите на Челзи

Раководството на Премиерлигата објави соопштение со кое ги израдува навивачите на Челзи и му даде зелено светло на трансферот на власта во клубот.

Веќе нема пречки за Тод Боели и неговиот конзорциум „Клиерлејк“ да го превземат раководењето на клубот од Лондон.

Сега останува само и британската Влада да го потврди превземањето на клубот од страна на сопственикот на неколку екипи од професипналните лиги на Америка.

Со ова ќе биде и запазен рокот Челзи до 31. мај да нјајде нов сопственик, на местото на Роман Абрамович.

Рускиот тајкун се обиде со маневар да ја одложи смената на власта во Челзи, но очигледно не успеа и Боели ќе биде нов сосптвеник на реномираниот англиски клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести