Пресметан e просекoт кој Леброн треба да го одржи во новата сезона за да го урне рекордот на легендарниот Абдул-Џабар

Леброн Џејмс од наесен ќе ја почне својата 20-та сезона во НБА на свои 37 години. Во неа еден од најдоминатните кошаркари на денешницата ќе има огромен предизвик да го урне досега недостижниот рекорд на Карим Абдул-Џабар по бројот на постигнати поени.

Легендата на Милвоки и Лејкерс до 1989 година, до кога му траеше играчката кариера, застана на 38.387 поени, додека Леброн како втор најдобар поентер засега брои 37.062. Разликата е 1.325 поени, а за популарниот Крал да го надмине рекордот, потребно е да одржи просек од 16,2 поени по натпревар во претстојната сезона.

Интересно е што Карим го постави рекордот како прва ѕвезда на ЛА лејкерс, а Џејмс ќе ја почне петтата сезона како лидер на 17-кратниот шампион на НБА, со кого во 2020 година го освои својот четврти прстен во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести