Првата ѕвезда на Ливерпул му се налути на Клоп (видео)

Ливерпул не успеа да ги освои потребните бодови во ремито од 1-1 на гостувањето кај Брајтон, а на Јирген Клоп му претстои разговор со својата прва ѕвезда поради однесувањето.

Мохамед Салах при излегувањето од игра во 64-тата минута за да му отстапи место на Мане, го покажа незадоволството од одлуката на Клоп, па налутено го напушти теренот и при тоа не му пружи рака на стратегот да се поздрави. Салах евидентно беше лут, кога седна на трибините неговиот израз на лицето го издаде.

Сепак, одлуката на Клоп да го седне Салах на клупата е сосема оправдана, ако се знае дека популарниот Фараон неодамна го прележа корона-вирусот и ова му беше втор натпревар, еден час одигра и во поразот од Аталанта во средата.

https://twitter.com/FTTV20/status/1332686062129451016

- Оглас -

Најнови вести