Со првиот пораз останаа и без првиот стрелец, погледнете како изгледа повредата на Осимен (Фото)

Наполи го претрпе првиот пораз во Серија А, а има и големи дополнителни проблеми по повредата на Виктор Осимен.

Интер го сопре налетот на Елиф Елмас и соиграчите со победа од 3:2, а удар на Наполитанците им зададе и Милан Шкрињар, кој ненамерно во дуел со Осимен го повреди првиот стрелец на Наполи.

Повредата за Нигериецот по нивниот дуел во 51-вата минута е незгодна, а лицето на Осимен беше отечено и тој ќе мора да оди на операција и ќе отсуствува најмалку еден месец.

Осимен поради незгодната повреда, може да пропушти дури 8 меча, но би требало да биде подготвен за настап за репрезентацијата на Нигерија во баражот за настап на Светското првенство во Катар, што ќе се игра идната година во ноември и декември.

 

- Оглас -

Најнови вести