Првото коло од Мак-лигата покажа зошто нашите екипи не може никого да победат во Европа

Македонското фудбалско пренство стартуваше вчера, кога се одиграа шестте меча од првото коло, а билансот е две минимални победи на домаќините и четири нерешени средби. Тоа што го одбележа првото коло е очајната ефикасност на сите екипи. На шестте меча беа постигнати вкупно шест погодоци, односно само еден гол по меч на 90 минути.

Точно е дека пет од шесте меча започнаа во 17:30 часот кога сонцето уште силно свети и е многу топло, но сепак, реализацијата на сите екипи се покажа како очајна.

Првото коло од новото првенство во Прва лига е само еден доказ зошто нашите екипи имаа очајно преставување на европската сцена ова лето и дека неквалитетот од домашната сцена никако не може да помине во меѓународни рамки. Колку за потсетување, македонските претставници Шкендија, Шкупи, Струга Трим Лум и Силекс, летово одиграа вкупно 12 европски натпревари, а победи само еднаш Шкупи и тоа со ривал од Косово.

Нашите екипи загубија осум пати, а три средби ги одиграа нерешено. Постигнаа вкупно шест гола во тие 12 дуели и затоа уште пред да дојде август, сите беа елиминирани.

Ако денот се гледа по утрото, односно ако новото македонско фудбалско првенство треба да го оцениме по првото коло, тогаш и оние малку гледчаи кои мора да бидат вакцинирани за на трибините, нема да се изнагледаат некој квалитет.

Вчерашните мечеви од првото коло е само уште еден доказ зошто македонските екипи се на дното на европската клупска мапа. 

Резултати од првото коло во Прва лига: Брегалница – Шкупи 0:0, Тиквеш – Шкендија 0:0, Македонија ЃП – Пелистер 1:0, Работнички – Борец 1:0, Ренова – Скопје 1:1, Академија Пандев – Струга 1:1.

- Оглас -

Најнови вести