Рамос свадбата ќе ја прави на фарма и никој не смее да носи мобилен телефон

Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација и на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ова лето ќе се жени. Откриено е дека Рамос (32 години) и неговата осум години постара девојка Пилар Рубио ја закажале свадбата на 15-ти јуни. Свадбата ќе биде во катедрала во Севилја, а главната веселба ќе се случи во една фарма.

Рамос имал само еден услов кој ќе го постави на сите гости. „Никој нема да смее да носи мобилен телефон или камера за да не излезе ниту една фотографија во јавноста. Ќе има многу важни гости и сакаме да уживаме во забавата“, рече Рамос, кој ќе ги покани сите соиграчи од Реал Мадрид и од шпанската репрезентација.

Неговата идна жена, Пилар, ќе биде задолжена за забавниот дел од свадбата. Засега не е откриено кој ќе пее, но се најавуваат големи музички ѕвезди.

„Многу сум возбудена за свадбата, исто како што сум возбудена за тоа кој ќе пее“, рече идната госпоѓа Рамос.

Серхио и Пилар се заедно од 2012 година, кога се запознаа по завршување на Европското првенство на кое Шпанија стигна до трофејот. Заедно имаат три деца. Најстар е Серхио кој е роден во 2014 година, Марко е роден една година подоцна, додека најмладиот Алехандро има само девет месеци.

Покрај организацијата за свадбата, Рамос е фокусиран и на настапите во Реал Мадрид. Утревечер Кралскиот клуб гостува на „Камп ноу“ кај Барселона, во првиот меч од полуфиналето од Купот на Шпанија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести