Распад во Црвена Звезда: Најдобриот играч побара заминување од клубот чим дојде понуда

Како што пишувавме пред неколку часа, ситуацијата во Црвена Звезда е навистина лоша, откако тренерот Дејан Станковиќ искажал голем број навредливи зборови кон играчите.

Еден од тие што му се спротиставил на тренерот е голманот Милан Борјан кој добил навистина сочни зборови од Станковиќ по што следела жестока караница и малку фалело до поголема физичка пресметка.

Очигледно е дека сето тоа му дошло преку глава на Борјан кој според медиумите од соседството бара да си замине од клубот.

Односно чим дојде соодветна понуда, истата да биде прифатена од клубот и очигледно е дека не сака повеќе да соработува со Станковиќ.

Канадскиот голман дојде во 2017 година во овој тим и е еден од најдобрите и најзаслужните играчи за одличните настапи на Црвена Звезда во европските натпреварувања во последните години.

 

- Оглас -

Најнови вести