Реакцијата на Дончиќ кога разбра дека нема да биде дел од Олстар-мечот (Видео)

Лука Дончиќ ја доживеа можеби најголемата неправда кога се работи за играчите кои треба да настапат на Олстар-натпреварите. Словенецот доби повеќе од четири милиони гласови од навивачите за да го гледаат на Олстар-мечот, но Лука нема да биде дел од шоуто кое на 17-ти февруари ќе се игра во Шарлот.

Ноќеска беа објавени и имињата на седумтемина кошаркари кои ќе бидат резерви на тимот од Западот, а таму го немаше името на Дончиќ. Кога ги објавија имињата на играчите кои ќе играат во Шарлот, Лука се подготвуваше за мечот на Далас против Детроит.

Погледнете ја реакцијата на Дончиќ кога слушна дека нема да биде ниту резерва на Олстар-дуелот.

- Оглас -

Најнови вести