Ризичен лет: Пајперот во кој исчезна Сала не смеел да лета

Голем ризик презел пилотот на малиот авион Пајпер Малибу кој исчезна вчеравечер, а со кој од Франција кон Велс патуваше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала.

Пајпер Малибу е лесен и мал авион со еден мотор и не смее да се користи за ризични и подолги летови, каков што бил тој од Нант до Кардиф.

Пилотот и новото засилување на Кардиф, Сала биле двајцата патници во него, а од понеделникот вечерта им се губи трагата.

Во тек е масовна потрага по исчезнатиот Пајпер, кој не смеел да лета на таква дестинација, а прашање е кој дозволил воопшто и да полета кон Кардиф.

Сала пред некој ден потпиша за англискиот премиерлигаш Кардиф за 17 милиони евра, како најскапо засилување во историјата на клубот. По него и по пилотот сè уште се трага.

- Оглас -

Најнови вести