Роналдињо е насмеан и кога се слика со човекот кој го уапси

И после еден од најсрамните моменти во неговиот живот, на лицето на Роналдињо не изостана насмевката. Бразилската фидбалска легенда стигна во Асунсион за да претстави книга и да зборува за здравјето на децата, но беше приведен заедно со брат му Роберто, откако беа фатени со лажни парагвајски пасоши и лични карти.

Вистинските документи им беа одземени во ноември 2018 година бидејќи не подмирија долг од 2,5 милиони долари за една незаконска градба.

Полицијата не сакала да прави циркуз на аеродромот, па го чекаа Роналдињо и десет години постариот брат да се сместат во луксузен хотел, па после претресот и наоѓањето на фалсификуваните патни исправи, да ги одведат во притвор.

Но, колку и да е во тешка ситуација, фудбалскиот генијалец секогаш на лицето ја има насмевката, па така му се смешкаше и на командирот на полициската станица, со кого се фотографираа.

„Тој е светски идол, за мене најдобар фудбалер на светот и тоа не може никој да му го одземе. Тоа е обична фотографија. Кој како сака нека сфати дали е правилно или погрешно“ – изјави шефот на станицата, Мигел Лопес.

Роналдињо и Роберто се привремено пуштени на слобода, но според парагвајскиот закон, може да добијат затворска казна од пет години, или поблагата варијанта, само парична казна, затоа што соработуваа со властите.

- Оглас -

Најнови вести