Роналдињо покажа дека и како „пензионер“, одлично го разбира фудбалот

Во еден од најневеројатните мечеви одиграни во историјата на Лигата на шампионите, Тотенхем синоќа се радуваше на пласман во полуфиналето, иако загуби со 4-3 од Сити. Лондончани одат понатаму благодарение на победата од 1-0 во првата средба и по вкупните 4-4, погодоците дадени на гостински терен ги одведоа меѓу најдобрите четири клубови во Европа.

Тотенхем цели 57 години не бил во полуфиналето на најсилното европско натпреварување, а сега предизвик за да стигне до финалето ќе му биде триумф во двомечот против Ајакс. Еден од ретките кои веруваше во успех на Тотенхем против Манчестер сити е легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо.

Некогаш најдобриот играч во светот се покажа и како добар прогнозер. Роналдињо дури најави дека Тотенхем е негов фаворит не само за влез во полуфиналето туку и за освојување на тронот во Лигата на шампионите. Оваа изјава на Роналдињо збуни многумина, бидејќи тој беше играч на Барселона и логично е да навива за Каталонците, со кои се радуваше на трофејот во Лигата на шампиони.

Сепак, Роналдињо останува на тоа дека Тотенхем ќе направи големо изненадување сезонава. Засега првиот голем чекор до финалето е направен. Останува двомечот против Ајакс да покаже дали Роналдињо е неверојатен прогнозер како што беше неверојатен виртуоз на теренот.

- Оглас -

Најнови вести