Роналдињо со бизарно објаснување зошто користел лажен пасош

Некогашниот најдобар фудбалер во светот, Ронлдињо, беше приведен од полицијата во Парагвај откако тој успеал да влезе во земјата. Роналдињо и неговиот брат со авион слетале во Парагвај, а потоа поздравен од многуте навивачи заминале во хотелот. Малку подоцна во хотелот влегла полицијата, која ги уапсила двајцата затоа што користеле лажни пасоши.

Сите податоци на пасошите биле точни, но едноставно Роналдињо и брат му не се натурализирани Парагвајци, како што пишувало во пасошите и затоа се уапсени. Бразилецот имал објаснување за тоа што се случило.

„Бразилецот тврди дека пасошот го добил од луѓето кои го довеле во Парагвај, а меѓу нив беше споменуван и бизнисменот Соуса Лира“, рече обвинителот Федерико Делфина.

Засега уште се врши истрага за тоа како Роналдињо успеал да влезе во земјата, а некогашниот фудбалер останува во полициската станица.

 

- Оглас -

Најнови вести