Роналдо е машина што не сопира – Даде два гола за победа на Манчестер јунајтед и ја расплака мајка му (Видео+Фото)

Кристијано Роналдо имаше брилијантен камбек во дресот со број 7 на Манчестер јунајтед и со два гола му донесе победа на својот тим од 4:1 против Њукасл. По еден погодок постигнаа и неговиот сонардник Бруно Фернандеш и Џеси Лингард, а почесниот гол за гостите го даде Хавиер Манкилјо.

Култниот „Олд Трафорд“ се тресеше од возбуда и радост уште при презентацијата на стартниот состав, во кој по 12 години повторно беше и Роналдо.

Иконата на клубот возврати со два гола и со одличен фудбал, па беше дочекан и испратен со овации од навивачите на Манчестер јунајтед.

https://twitter.com/adambeneti/status/1436712863004086282?s=20

Се расплака од радост „Олд Трафорд“, а плачеше и мајката на Роналдо, која допатува во Манчестер да го следи првиот настап на својот син по 12 години пауза.

Роналдо со двата гола стаса до цифра од вкупно 120 голови за Манчестер јунајтед. На трибините во ложата на домаќините беше и легендата Рајан Гигс, играч што е највозрасниот со 39 години и 86 дена што постигнал гол за Црвените ѓаволи во Премиерлигата.

Сега зад него е токму Роналдо со голови во дресот на најтрофејниот англиски клуб на возраст од 36 години и 218 денови.

Во останатите натпревари од англиското првенство Арсенал ја забележа првата победа со 1:0 против Норич, со ист резултат Манчестер сити го победи Лестер на гости, како и Брајтон против Брентфорд, Вулверхемтон го победи Ватфорд со 2:0, а немаше погодоци на дуелот меѓу  Саутемптон и Вест хем.

 

- Оглас -

Најнови вести