Роналдо има дадено повеќе репрезентативни голови од Меси и Марадона заедно

Кристијано Роналдо синоќа постигна хет-трик за Португалија во убедливата победа од 5:0 против Луксембург. Со овие три погодоци, Роналдо постави нови неверојатни рекорди во светскиот фудбал.

Капитенот на португалската репрезентација ја надмина бројката од 800 погодоци и сега има точно 801 гол за 19 години сениорска кариера. Со головите против Луксембург, Кристијано постави уште неколку недостижни рекорди. Ова беше 58-миот хет-трик за него во кариерата, а јубилеен 10-ти во репрезентативниот дрес.

Роналдо стигна до 115 голови за португалската репрезентација и само го зголемува овој светски рекорд, пред вториот Али Даеи од Иран, кој има застанато на бројката од 109 гола. За тоа колку се многу тие 115 погодоци за националниот тим говори и фактот дека двете најголеми аргентински фудбалски ѕвезди, Диего Армандо Марадона (34 голови) и Лионел Меси (80 голови), заедно имаат постигнато 114 голови во дресот на Гаучосите, а Роналдо сам за Португалија досега погодувал 115 пати.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести