Роналдо му честиташе роденден на Марадона и му порача: Јас сум подобар од тебе

Суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо уште е во изолација и чека да добие негативен тест за Коронавирусот, за да може да се приклучи на своите соиграчи во италијанскиот шампион. Додека има забрана да тренира во група, Роналдо кој иако е позитивен, нема никакви симптоми од опасниот вирус, тренира индивидуално.

Роналдо денеска не заборави да му го честита јубилејниот 60-ти  роденден на Диего Армандо Марадона.

„Здраво Диего. Како си? Ти го честитам 60-тиот роденден и ти посакувам сѐ најубаво. Сѐ да е добро и да уживаш во животот. Те гушкам братко, ти си број 1, но по Ел Бичо!, Чао Армандо, чао, чао“, беше видео пораката на Роналдо испратена со широка насмевка.

Кога се работи за тоа кој е Ел Бичо, тоа е еден од прекарите кои ги има добиено Роналдо.

Претходно со порака за својот 60-ти роденден се јави и самиот Марадона кој порача дека сака во целиот свет да ја снема пандемијата со Коронавирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести